Основачот на Формула Е, Алехандро Агаг, можеби смета дека Ферари со заканите за напуштање на Формула 1 сака да ја засили својата преговарачка позиција, но првиот човек на Пирели Моторспорт, Марио Исола, не се согласува со него.
Поранешниот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, се враќа во Формула 1 со привремена улога. Англичанецот ќе му помогне на бордот како финансиски консултант и, особено, да ги контролира трошоците.