TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Генерал Ангелов: Ќосето треба да има споменик, но не пред судот

МКД - 23.02.2018

Андон Ќосето (1854-1953), херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата, напиша денеска Стојанче Ангеллов на својот Фејсбук профил.

Комисијата предложила отстранување и на Александар, Филип и Портата – исто како и Ќосето

Либертас - 23.02.2018

Работната група на Министерството за култура која го анализира проектот Скопје 2014, донела препораки за дислокација и демонтирање (или рециклирање) и на споменикот на Александар (Воин на коњ), Филип Втори и Портата Македонија.

Реакции за отстранување на споменикот на Ќосето

24 Вести - 23.02.2018

Ќосето повторно ги наостри копјата на опозициската и владејачката партија. Отстранувањето на споменикот новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ го нарече чин на омраза, а партијата на власт ја спореди со ИСИС и талибанците.

Градот да се фокусира на клучните проблеми, а не на спомениците

Р.С.Европа - 23.02.2018

Од Град Скопје не откриваат дали ќе бидат отстранети и други споменици од проектот Скопје 2014. Уверуваат дека посветено работат на проектите кои беа ветени. Експертите, пак, апелираат до власта да создаде услови за достоинствен живот на граѓаните, ...

Џамбазки: Рушењето на споменикот на Ќосето е дел од договорот за добрососедство со Бугарија

Курир - 23.02.2018

Европратеникот Ангел Џамбазки, од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, вели дека отстранувањето на споменикот на македонскиот раволуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето е всушност исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија.

Единствена Македонија“: ако Ќосето е дивоградба, Шилегов можеше да го легализира со 1 евро по м2

Алфа - 23.02.2018

Партијата „Единствена Македонија“ го осуди отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето. Партијата „Единствена Македонија“ го осуди отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето.

Буда и заблуда

Призма - 23.02.2018

Добро е што е отстранет споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето. Но, недозволиво е тој да замине „само“ како локациска дивоградба, бесправно поставена од страна на претходната градска власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го откри гневот кон народот - СДСМ: Споменикот е симбол за работењето на ВМРО-ДПМНЕ

Сител - 23.02.2018

Не стивнуваат реакциите по отстранувањето на споменикот на Андон Лазов - Ќосето, кој пред повеќе од 3 години беше поставен пред Врховниот Суд во Скопје. Целта на рушењето не беше споменикот како предмет, кој е обележје на еден човек кој животот го ...

Власта го брише „Скопје-2014“- по ,,Ќосето” следни се ,,Воинот на коњ”, ,,Порта Македонија”, ,,Филип Втори”.

Алфа - 23.02.2018

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана. За нив веќе се готови елаборатите.

По Ќосето, ќе паднат и Александар Велики, Филип Втори и Мајка Тереза

+инфо - 23.02.2018

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта „Македонија“, споменикот „Мајка Тереза“, чија градба е веќе стопирана, како и споменикот на Филип Втори, потврди за Алфа , професорот Мирослав ...

(ВИДЕО) ЛИДЕМ: Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробено во минатото

А1 On - 23.02.2018

„Жално е што и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробено во минатото и под силно влијание на ретроградните сили, кои што повеќе од една деценија ја држеа Македонија под заложништво.

Бугарскиот европратеник Џамбаски смета дека демонтирањето на ,,бугарскиот национален револуционер“ е добра вест

AKO - 23.02.2018

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е задоволен од дислоцирањето на Андон Ќосето, бидејќи тој неговото поставување пред судот во Скопје го доживеал како навреда. ,,Одлични вести за бугарската кауза во Македонија.

Грчев: По „Ќосето“ следни за дислокација се „Воин на коњ“, „Порта Македонија“, „Филип Втори“

Стандард - 23.02.2018

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана. За нив веќе се готови елаборатите.

Г-дин Мицковски вие од ДПМНЕ го урнавте споменикот на Ќосето!

Поглед - 23.02.2018

Пишува: Петар Колев Во последните денови доста емоции се излеаа низ медиумите за отстранувањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето. Би го започнал моето писание со тоа кој всушност е Ќосето, но денеска живееме во ерата на интернетот и кој сака може ...

Ќосето дислоциран, Мицкоски демаскиран

Deutsche Welle - 23.02.2018

Реакцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по отстранувањето на споменикот на Ќосето, откри многу повеќе отколку сите најави за наводни промени во партијата. Аналитичарите велат дека минатото повторно е ставено пред иднината.

(ВИДЕО) Јовановски: Рушењето на споменикот на Ќосето е акт на длабока фрустрација и гнев кон сопствениот народ

А1 On - 23.02.2018

„Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето? Која е разликата меѓу Ал ...

ВИДЕО Како се отстрануваше Ќосето

Фокус - 23.02.2018

Град Скопје објави видео од отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред судска палата. Акцијата траеше два часа по полноќ, а како што рекоа од Градот избрано е ноќно време за да не се предизвика застој во одвивањето на сообраќајот на ...

ИСИС по стапките на нивниот идол – Ќосето!

CivilMedia - 23.02.2018

„Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет. Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме ...

ВМРО-ДПМНЕ: Рушењето на Ќосето е акт на длабока фрустрација и гнев кон сопствениот народ, историја и култура (ВИДЕО)

Стандард - 23.02.2018

„Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето? Која е разликата меѓу Ал ...

Ќосето дислоциран, Мицкоски демаскиран

Либертас - 23.02.2018

Реакцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по отстранувањето на споменикот на Ќосето, откри многу повеќе отколку сите најави за наводни промени во партијата. Аналитичарите велат дека минатото повторно е ставено пред ...

Еден за Ќосето, сите за никаде…

AKO - 23.02.2018

Пишува: Емилија Лазаревска 99,8 % Македонци не беа чуле и не знаеа кој е Ќосето дури не го поставија пред судот. Сега откако го тргнаа, слушнале за него речиси сите, ама уште не знаат кој е.

ВИДЕО: Кој е Андон Ќосето, современик на Гоце Делчев, Татарчев, Александров

Курир - 22.02.2018

„Некаде со добро, некаде со нож – Филм за Aндон Ќосето“. Ова е насловот на документарецот за Антон Лазов Јанев- Ќосето, македонскиот револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да знае дека споменикот на Ќосето ќе биде вратен откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт

А1 On - 22.02.2018

„СДСМ руши и уништува. СДСМ е безидејна и ги лечи своите длабоки фрустрации врз државата, граѓаните и имотот на државата. СДСМ 9 месеци не изгради ништо ново, но сруши и уништи многу. Споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Ќосето е ...

Отстранувањето на Ќосето - почеток на справување со „Скопје 2014“

Глас на Америка - 22.02.2018

Сите досега изведени самоволни активности на претходната власт во градот ќе бидат соодветно законски истретирани, најави градоначалникот Шилегов СКОПЈЕ — Од поставувањето, ноќта меѓу 6-ти и 7-ми септември 2014 година, како еден од петте споменици ...

Отстранет споменикот на Ќосето од пред Врховен суд

24 Вести - 22.02.2018

Дрво „За човекови права“ ќе го замени Андон Јанев Ќосето. Споменикот на контроверзната историска личност во доцните часови беше отстранет од постаментот пред Врховниот суд и пренесен во магацините на Металскиот завод откако градежниот инспекторат на ...

Отстранет споменикот на Ќосето

Глас на Америка - 22.02.2018

СКОПЈЕ — Статуата на Антон Лазев-Ќосето, во текот на ноќта беше отсранета од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Потегот на Град Скопје следи откако е добиен налог од градежниот инспекторат на општина Центар, којшто утврдил дека воопшто немало ...

Споменикот на Ќосето: ноќе поставен, ноќе отстранет

Deutsche Welle - 22.02.2018

Од општина Центар велат дека споменикот на Андон Јанев Ќосето е отстранет затоа што бил дивоградба. Споменикот си замина како што и дојде: среде ноќ. Контроверзната историска личност предизвикуваше спротивставени реакции Пред Врховниот суд од утрово ...

Мицкоски ја обвини Владата за политика на омраза поради Ќосето

Р.С.Европа - 22.02.2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагира на отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Лазов Ќосето. Споменикот текот на ноќта беше отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје и е однесен во магацините на Металски завод Тито.

Инспекторот кој го потпишал решението за дислоцирање на Ќосето бил на истата позиција и кога споменикот бил поставен

Фокус - 22.02.2018

Решението со кое е утврдено дека споменикот на Ќосето е дивоградба и наредбата за дислоцирање се од пред три дена и ја потпишал градежниот инспектор во општина Центар Милан Пижула, кој истата функција ја вршеше и во 2014-та кога беше поставен ...

ВМРО ДПМНЕ: Само Талибанци, ИСИС и СДСМ уриваат споменици

Фокус - 22.02.2018

,,Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет, реагираа од опозициската СДСМ.

Ќосето однесен во Металски завод Тито, се чекаат сопствениците да си го земат

Фокус - 22.02.2018

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во утринските часови беше од пред Судската палата, а по одлука Град Скопје, е однесен во магацин во Металскиот завод Тито, каде што во определен рок ќе се чува, со можност сопствениците да дојдат и да си го ...

Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд

24 Вести - 22.02.2018

По налог на градежниот инспекторат на општина Центар доцна во ноќта споменикот на Андон Ќосето беше отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Општинските служби констатирале дека станува збор за дивоградба.

Тодор Петров запали свеќа за Ќосето

Фокус - 22.02.2018

Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес денеска запали свеќа во знак на протест што Град Скопје го тргна споменикот на Андон Ќосето пред судската палата во Скопје. На фотографијата која се шири денеска на социјалните мрежи може да се забележи ...

Среде ноќ со полиција отстранет споменикот на Ќосето

Алфа - 22.02.2018

Минатата вечер, среде ноќ беше отстранет споменикот на Андон Јанев Ќосето. Сега тој е сместен во магацините на фабриката МЗТ од каде треба да си го подигне донаторот. Започнува справување со проектот Скопје 2014.

Мицкоски: Еден ден споменикот ќе биде поставен на местото на кое заслужува и ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ...

Курир - 22.02.2018

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео обраќање до граѓаните. Ова во иднина ќе биде еден од начините на редовна комуникација и соопштување на ставовите на Мицкоски. Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео ...

Јовановски: Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија од ...

А1 On - 22.02.2018

„Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет. Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме ...

Отстранет споменикот на Ќосето, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за вандализам

МРТ - 22.02.2018

Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховниот суд. Надлежните велат – бил дивоградба, на негово место ќе се засади дрво. ВМРО-ДПМНЕ обвинува за вандализам, за СДСМ се става крај на самоволието во Скопје...

На местото на Ќосето - дрво со плочка „Секој има исто право на праведно и јавно судење“!

+инфо - 22.02.2018

Скопскиот градоначалник рече дека со отстранување на споменикот, започнува справувањето со проектот „Скопје 2014“. Екипи на Градот Скопје за да не предизвикаат застој во одвивањето на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници кај Врховниот ...

Како што беше поставен, така е и отстранет, среде ноќ, на местото на Ќосето ќе биде засадено дрвото Гинко

ТВ21 - 22.02.2018

Споменикот на Андон Јанев Лазов – Ќосето пред Врховниот суд, како што беше поставен така и беше отстранет, доцна во ноќта, далеку од очите на граѓаните. По детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби во општина Центар донеле решение ...

Градот Скопје во 3 часот во ноќта го отстрани споменикот на Ќосето - Тодор Петров утрво запали свеќа

Сител - 22.02.2018

Рано утрово, без никаква најава и под засилено полициско обезбедување Град Скопје го отстрани споменикот на Андон Јанев – Ќосето, кој беше поставен пред Врховниот суд во Скопје. Решението за отстранување на споменикот било издадено од надлежен ...

Историчари: отстранувањето на спомениците значи негирање на сопствената историја

Алфа - 22.02.2018

Наместо да се прави политизација на споменичните обележја, надлежните институции да го слушнат мислењето на стручната фела околу заложбите на историските личности и оправданоста денеска да добијат споменици.

СДСМ: За поздравување е ставањето крај на самоволието и бесправното поставување објекти и споменици во Скопје

А1 On - 22.02.2018

„Отстратнувањето на т.н. споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето, дивоградба бесправно поставена од страна на претходната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, става крај на самоволието и незаконитоста во поставувањето објекти и споменици во Скопје.

СДСМ: Ќосето е контраверзна личност со негативна симболика

Алфа - 22.02.2018

Овој незаконски поставен споменик со години предизвикуваше негативни реакции во јавноста и поради локацијата на која што беше поставен и поради негативната симболика со неговата контроверзна страна на историјата.

Шилегов на прес ќе објасни зошто споменикот на Ќосето е отстранет во ноќна акција

Макфакс - 22.02.2018

Зошто споменикот на Андон Ќосето се отстрануваше во ноќна акција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе објасни на посебна прес конференција. Портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху утрово не сакаше да даде никакво објаснување за ноќната ...

Шилегов: Отстранувањето на споменикот на Ќосето беше во утринските часови поради судот и сообраќајот

МРТ - 22.02.2018

Градоначалникот Шилегов, на конференцијата за новинарите изјави- споменикот е незаконски поставен и затоа ќе преземаме и слични дејствија, не наведе кои... Отстранет споменикот на Андон Јанев- Ќосето, револуционер, но и контроверзна личност на ...

Ќосето го тргнавме рано утрово за да не се загрози безбедноста во сообраќајот, велат од Град Скопје

Сакам да кажам - 22.02.2018

Споменикот на Ќосето беше тргнат рано утрово околу 5 часот од пред Врховниот суд, за да не се загрози безбедноста во сообраќајот, велат од Град Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од Град Скопје додаваат дека споменикот на Ќосето е отстранет по решение ...

Тргната дивоградба, споменикот на Андон Јанев-Ќосето

Порта 3 - 22.02.2018

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето утрово е тргнат од тревникот кај крстосницата на Врховниот суд во Скопје. Ова е еден од петте споменици кои Град Скопје ги постави на 7 септември 2014 на различни локации, а кои ги доби како донација од Здружението ...

Мицковски: Овој споменик повторно ќе биде поставен на местото кое го заслужува

Канал5 - 22.02.2018

Ние не смееме да станеме држава која се срами и ги нагрдува своите херои. Јас одбивам да ги споделувам таквите вредности, изјави во видеообраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, реагирајќи на остранувањето на споменикот на Ќосето.

Не стивнуваат реакциите за отстранувањето на споменикот на Ќосето (ФОТО)

Курир - 22.02.2018

Не стивнуваат реакциите по отстранувањето на споменикот на Андон Ќосето во Скопје. Во три часот наутро, на шверцерски начин, споменикот беше отстранет. Граѓаните на социјалните мрежи го коментираат овој чекор на градските власти.