Првиот Отворен час што „Театар за сите“ го организира во 2018 година е со театарскиот режисер Слободан Унковски, поранешен професор по театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тема на отворениот час е театарската режија.
Она што е многу важно за секој уметник е создавањето на еден универзален јазик. Јас како режисер секогаш се трудам да создадам универзален јазик којшто генерално комуницира со публиката. Секогаш е голем предизвик кога се работи во друго јазично ...