Системот за видео-арбитража, кој се користи во некои дуели во Англија и ќе биде тестиран до крајот на сезоната, претрпе комплетен неуспех во натпреварот за ФА Купот помеѓу Хадерсфилд и Манчестер Јунајтед.
Поради вчерашната комична ситуација при офсајд ситуацијата на Манчестер Јунајтед против Хадерсфилд, акција од која произлезе гол и кој беше поништен, сега цела Европа си тера мајтап со ВАР технологијата.