Четирисет и осумгодишниот Холеребах е добро познат во Хамбург. Тој како играч на Хамбургер настапуваше во периодот од 1996 до 2004 година. Германскиот бундес лигаш Хамбургер потврди дека Бернд Холеребах е новиот тренер на клубот.
Единствениот бундеслигаш кој никогаш не ја напуштил елитата, Хамбургер денес му врачи отказ на тренерот Маркус Гисдол. По вчерашниот домашен пораз од Келн со 0-2, 48-годишниот тренер го загуби тренерското место.