TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вработи ја ќерка ми или ќе те дигнам во воздух

Време - 04.10.2007

ЗАКАНА ДО РИСТО ГУШТЕРОВ Стевче Велјановски од Скопје му се заканил на познатиот бизнисмен Ристо Гуштеров дека ќе ја дигне во воздух неговата фирма „Римако“, лоцирана во зграда на улицата Партизански одреди, во близината на грчкиот конзулат, вчера напладне.

Лажна бомба во Порта Буњаковец

Вест - 04.10.2007

Полицијата вчера го привела С.В. од Гостивар, бидејќи лажно пријавил по телефон дека во Порта Буњаковец во Скопје има поставено бомба. Тој во Македонскиот институт за медиуми (МИМ), кој се наоѓа на булевар Партизански одреди број 21, се јавил во 12.15 часот и на вработените им рекол дека има бомба ...

Гостиварец со лажна бомба се обидел да го предупреди бизнисменот Гуштеров

Утрински - 04.10.2007

Полицијата го приведе Стефче В., кој лажно пријавил дека поставил бомба во просториите на МИМ Лажна тревога за поставена бомба ги растревожи новинарите и вработените во Македонскиот институт за медиуми, кои во паника ги напуштија просториите во центарот на Скопје.

Лажна закана со бомба во МИМ

Вечер Прес - 04.10.2007

Лажна закана со бомба завчераутро ги испразни просториите на МИМ, лоциран во зградата веднаш доГрчката амбасада во Скопје. Од МВР соопштија дека утрото непознат граѓанин во полициска станица пријавил дека во просториите на фирмата Римако, каде МИМ е под кирија, била поставена експлозивна направа.

Закана за бомба во објект на бизнисменот Гуштеров

А1 - 03.10.2007

Поставена е бомба во фирмата „Римако“. Вака гласела заканата што околу 12 часот анонимно му била јавена на сопственикот, бизнисменот Ристо Гуштеров. Во просториите на „Римако“ во центарот на Скопје, веќе шест години е сместен Македонскиот институт за медиуми.

Со лажна закана за поставена бомба гостиварец се обидел да издејствува вработување за ќерка му

Канал5 - 03.10.2007

Уцена со бомба за вработување во Стопанска банка, денеска добил бизнисменот Ристо Гуштеров. Гуштеров тврди дека лице кое се претставило како Стевче Велјановски утрово неколку пати се јавил во неговата компанија. Барал од гуштеров да ја вработи неговата ќерка во Стопанска банка.

Лажна пријава за поставена бомба во Центар

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Лажна пријава за поставена бомба во строгиот центар на Скопје, во близина на грчката канцеларија за врски, прими денеска македонската полиција. Ова за Макфакс го потврди портпаролот на МВР Иво Котевски, додавајќи дека лажната пријава ја доставило лице од Гостивар, кое веќе е приведено.