TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Замир Дика станува пратеник на местото на Арбен Џафери

Утрински - 04.10.2002

Замена По најавата на лидерот на Демократската партија на Албанците Арбен Џафери дека го повлекува мандатот поради слабата доверба што ДПА ја добила на изборите во шестата изборна единица, Државната изборна комисија сў уште нема добиено официјален документ за тоа..

Џафери: Не можам да го претставувам електоратот што нема доверба во ДПА

Вест - 03.10.2002

ЛИДЕРОТ НА ДПА ГО ВРАЌА ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ "Јас не сакам да бидам член на македонскиот парламент, бидејќи населението во Тетово и електоратот во 6-та изборна единица и дадоа само 20 отсто од своите гласови на политиката што ја понуди ДПА.

Џафери се повлекува од парламентот, но останува во партијата

Утрински - 03.10.2002

По шпекулациите дека лидерот на ДПА излегува од политиката и се сели во Приштина Лидерот на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, наскоро ќе се повлече од челната позиција во партијата и најверојатно ќе се пресели во Приштина.

Арбен Џафери се откажа од пратеничкиот мандат

А1 - 02.10.2002

Претседателот на ДПА, Арбен Џафери, на вчера одржаната прес конференција во седиштето на партијата во Тетово се откажа од пратеничкиот мандат во македонското собрание, поради незадоволителните резултати на последните парламентарни избори.

Џафери го повлече собранискиот мандат

А1 - 01.10.2002

Лидерот на ДПА Арбен Џафери и носител на кандидатската листа на партијата во шестата изборна единица соопшти денеска дека го повлекува својот мандат во новиот состав на македонскиот парламент. Џафери на конференцијата за новинарите во Тетово го образложи повлекувањето со слабата доверба што ДПА ја ...