TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Експропријација пред полн состав

Време - 10.10.2008

Уставниот суд по една година почна да работи во полн состав, а на првата седница на дневен ред се најде Законот за експропријација од 2005 година.

Неопходен нов закон за експропријација

Утрински - 10.10.2008

Неопходен нов закон за експропријација Македонските правни експерти на вчерашната подготвителна седница на Уставниот суд им посочија на судиите дека е потребно да се изработи нов закон за експропријација, затоа што досегашното законско решение терминолошки не одговара на сегашниот правен систем и ...

Уставниот се фати за Законот за експропријација

А1 - 09.10.2008

Уставниот суд по скоро една година започна со работа во полн состав. На денешната подготвителна седница на судот на дневен ред оспорени одредби од Законот за експропријација донесен во 1995, но со измени од 2005-та година. Го оспоруваат архитектот Мирослав Грчев и граѓанин од Радовиш.

Експертите посочуваат на недоследности во Законот за експропријација

Алсат-М - 09.10.2008

Во Уставниот суд се одржа подготвителна седница пред одлуката за уставноста на неодамна донесениот Закон за експропријација. Експертите укажаа на многу недоследности и недоречености во Законот и сугерираа да се подготви сосема нов.

Дали станбена зграда е јавен интерес?

Дневник - 09.10.2008

Дали станбена зграда е јавен интерес? Експроприраното приватно земјиште кај Народна банка за изградба на супермаркетот „Веро“ во Скопје и за копање извор за минерална вода за „Силекс“, се дел од оспорувани постапки со кои на граѓани им беше присилно одземан приватен имот во полза на други што ...

Закон за експропријација пред Уставен

Канал5 - 09.10.2008

Потребен е нов Закон за експропријација оценија експертите кои присуствуваа на подготвителната седница во Уставниот суд на која се разгледуваше инцијатива за уставност на одредби од законот од 1995 но со измените од 2005.

ЕКСПЕРТИТЕ ПОБАРАА НОВ ЗАКОН ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА

Сител - 09.10.2008

Експертите велат дека досегашното законско решение терминолошки не одговара на правниот систем, бидејќи во него не се прецизирани типовите на објекти кои се од јавен интерес. Според нив треба да се внимава јавниот интерес да не ја пречекори границата и да влезе во приватниот интерес и обратно.