TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лавров: Ахалгори е во Јужна Осетија, руската војска останува

Нетпрес - 12.10.2008

Барањето Русија да ги повлече мировниците од областа Ахалгори во Јужна Осетија е спротивно на планот Медведев – Саркози, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. “Ахалгори се наоѓа во границите на Јужна Осетија и одредбите од планот не се однесуваат за него“, рекол Лавров, кој потсетил дека во планот на рускиот и францускиот претседател, Дмитриј Медведев и Никола Саркози, ...

Повлекувањето на Русија од Грузијa не е „завршено и совршено“

Утрински - 11.10.2008

Повлекувањето на Русија од Грузијa не е „завршено и совршено“ ПАРИЗ - Францускиот министер за надворешни работи изјави дека повлекувањето на руските сили од Грузија не е „завршено или совршено“.

Контролата на грузиските тампон зони во рацете на ЕУ

Вест - 10.10.2008

МОСКВА, 10 октомври (ДПА) - Русија вчера соопшти дека ја предаде контролата во тампон-зоната околу грузиската сепаратистичка област Јужна Осетија на мониторинг мисијата на ЕУ додека се очекуваше во Грузија да пристигне францускиот министер за надворешна политика да го потврди повлекувањето.

Руските мировни единици се повлекоа од Грузија

А1 - 09.10.2008

Русија ги повлече сите свои мировни трупи од територијата на Грузија во зоната на грузиско-абхазискиот конфликт, потврди командантот на Здружените сили за поддршка на мирот во зоната на конфликтот, помошник полковник Александар Новицки.

Тбилиси: Руските трупи го завршија повлекувањето од тампон зоните околу Јужна Осетија и Абхазија

Р.С.Европа - 09.10.2008

Грузиското министерство за внатрешни работи соопшти дека руските трупи го завршиле повлекувањето од тампон зоните околу Јужна Осетија и Абхазија. Повлекувањето беше набљудувано и од мисијата на Европската Унија.

Русија се повлекува од пунктовите во Грузија

Утрински - 09.10.2008

Русија се повлекува од пунктовите во Грузија КАРАЛЕТИ - Руските сили вчера почнаа со повлекување од контролните пунктови во тампон-зоната пред отцепениот грузиски регион Јужна Осетија, изјави портпаролот на руската армија.

Пијани руски војници заборавија на повлекувањето

Дневник - 09.10.2008

Двајца пијани руски војници вчера за малку ќе го пропуштеа повлекувањето на својата едница од Грузија, бидејќи цела ноќ ја минале трезнејќи се во полициска станица.Грузиските полицајци им ги предале пијаните војници на нивните претпоставени неколку часа пред да почне повлекувањето на руската армија.

Русија предвреме се повлече од тампон зоните во Грузиј

Форум - 09.10.2008

Русија го резлизираше планот за повлекување на нејзините трупи од таканаречените тампон зони во Грузија, пред предвидениот рок. Ова го потврди грузискиот министер за внатрешни работи, Вано Мерабишвили.

Русија се повлече од безбедносните зони во Грузија

Н.Македонија - 09.10.2008

Руските сили вчера целосно се повлекле од безбедносните тампон-зони околу грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, точно два месеца од почнувањето на руско-грузискиот конфликт што сериозно ги наруши односите помеѓу Москва и Западот, јави АФП, повикувајќи се на соопштение на ...

Русија се повлече од Јужна Осетија

А1 - 08.10.2008

Русија ги затвори сите шест контролни пунктови во т.н. тампон-зона околу Јужна Осетија. „Последната колона миротворци од шестиот контролен пункт е на пат за Цхинвали“, изјави командантот на руските мировни сили во Грузија генерал-мајор Марат Кулахметов.

Москва: Руските сили започнале повлекување од тампон зоната во Јужна Осетија

Р.С.Европа - 08.10.2008

Руските сили започнале да се опвлекуваат од тампон зоната во близина на отцепената грузиска република Јужна Осетија, јавија агенциите. Русија, според договорот со Европската Унија, треба до петок да ги повлече своите сили од Грузија.

Русија денеска се повлекува од Грузија

Вест - 08.10.2008

ЈАВА, Грузија, 8 октомври (Ројтерс) - Русија денеска ќе ја повлече својата војска од јужниот дел на тампон зоната во Грузија што ја опкружува територијата на Јужна Осетија, изјави висок руски воен офицер.

Русија ја повлекува војската од тампон зоната во Ј.Осетија

Алсат-М - 08.10.2008

Русија денеска ќе го започне повлекувањето на своите мировни сили од тампон зоната во Јужна Осетија, соопшти командантот на руските мировни сили Марат Кулахметов.

Руското повлекување од Грузија ќе заврши до полноќ

Алсат-М - 08.10.2008

Повлекувањето на руските сили од т.н. тампон-зони во Грузија ќе заврши до полноќ, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев. „До полноќ денеска, рускиот мировен контигент ќе ги напушти зоните за безбедност околу Абхазија и Јужна Осетија“ изјави Медведев.

Русија се повлекува од Јужна Осетија

Форум - 08.10.2008

Русија почна да се повлекува од тампон зоната околу Јужна Осетија, утрово, два месеци по кратката војна во Грузија, јави Ројтерс.

Знаци на повлекување на Руските сили од кризните подрачја околу Јужна Осетија

Кирилица - 08.10.2008

Има знаци дека руските воени единици започнале да се повлекуваат од позициите на грузиската територија во близина на Јужна Осетија, јавија дел од западните медиуми.

РУСИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТАМПОН-ЗОНАТА ОКОЛУ ЈУЖНА ОСЕТИЈА

Сител - 08.10.2008

- Последната колона миротворци од шестиот контролен пункт е на пат за Чинвали, изјави командантот на руските мировни сили во Грузија генерал-мајор Марат Кулахметов.

Русите до петок ќе се повлечат од Грузија

Вечер Прес - 08.10.2008

Русија вчера ги затвори сите шест контролни пунктови во т.н. тампон-зона околу Јужна Осетија. "Последната колона миротворци од шестиот контролен пункт е на пат за Цхинвали", изјави командантот на руските мировни сили во Грузија генерал-мајор Марат Кулахметов.

Русија ја повлекува војската од тампон зоната во Ј.Осетија

Макфакс - 08.10.2008

Русија денеска ќе го започне повлекувањето на своите мировни сили од тампон зоната во Јужна Осетија, соопшти командантот на руските мировни сили Марат Кулахметов.

Русија може да бара преселување на Советот за безбедност во Женева

Нетпрес - 07.10.2008

Русија може да побара преселување на Советот за безбедност на Обединетите нации од Њујорк во Женева, поради компликациите кои САД ги прави за издавањето на визи за Абхазија и за Јужна Осетија, објави “Итар-Тасс“.

Руските сили почнаа со повлекување од Грузија

Утрински - 06.10.2008

Руските сили почнаа со повлекување од Грузија ТБИЛИСИ - Мониторите на ЕУ во Грузија беа сведоци на демонтирање на руски контролен пункт во близина на отцепената Јужна Осетија како "прв отворен знак" на ветеното повлекување на руските војници до 10 октомври, изјави вчера портпарол на ЕУ.

Русија демонтира контролен пункт во тампон зона до Јужна Осетија

Макфакс - 06.10.2008

Руските сили почнаа да демонтираат стратешки контролен пункт во тампон зоната до Јужна Осетија во Грузија, пренесуваат агенциите. Пунктот се наоѓа во близина на селото Каралети на главниот пат што ги поврзува Тбилиси и главниот град на Јужна Осетија, Цхинвали.