TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Претпладне за плата, попладне за дебел хонорар

Н.Македонија - 15.11.2008

Раководители на сектори и одделенија во Министерството за образование, нивни помошници, советници, поранешни шефови, државен секретар, сега министер за образование и поранешен министер... на сите им биле исплаќани илјадници евра буџетски пари како надоместоци што цела година ги земале надвор од редовната плата.

Рушити: Извештајот на ДЗР е политичка хајка

Н.Македонија - 14.11.2008

Одговорно тврдам дека сите исплати што се направени во Министерството за образование (МОН), додека јас бев министер се направени законски и врз основа на правилници, реагираше вчера Сулејман Рушити, поранешниот министер за образование, а сега пратеник во Собранието од партијата „Нова демократија“.

Образование: Ги решивме и предметите кои Рушити ги чуваше во фиока

Алсат-М - 14.11.2008

Министерството за образование реагира на вчерашните обвинувања од поранешниот министер, Сулејман Рушити. Според министерството во 100-те дена од владеењето успеало да ги реализира сите ветувања, дури и да ги елиминира сите пропусти и законски прекршувања кои ги направил Рушити.

Рушити лут на ДУИ за образованието на Албанците

Форум - 13.11.2008

Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити на прес-конференцијата одржана во четвртокот јавно праша колку дена од минатите 100-те дена Влада се посветени на образованието на Албанците и дали има потреба да им се елаборира важноста на образованието, за да се преземе некоја мерка од страна на владината ДУИ? „Додека министрите албанци на ДУИ, ги освојуваат страниците на дневниот печат ...

Нова Демократија ја обвинува ДУИ

Алсат-М - 13.11.2008

Нова Демократија ја обивнува Владата и ДУИ , како нејзин дел за дискриминација на Албанците во образованието. Поранешниот министер за образование, сега пратеник на Нова Демократија Сулејман Рушити вели дека кадрите на ДУИ во Министерството за образование се неспособни да спроведат ниту еден проект значаен за образованието на Албанците „Ја потсетуваме јавноста дека два месеца откако почна ...

Инстант-кариери плус плата и хонорар

Дневник - 11.11.2008

Министерството за образование и наука го достави случајот „Хонорари“ во Јавното обвинителство, но додека ги чека наодите, и понатаму ангажира кадар од надвор. Подготвува и нова систематизација по вонредните парламентарни избори. Под маската на законите за основното и за високото образование, како и за истражувачка дејност, новиот правилник за работните места сега треба да ги задоволи апетитите на ...

Завод за ревизија ги посочи „хонорарците“

Канал5 - 11.11.2008

Аднан Салмани раководител на секторот за финансиско сметководствени работи, Феузи Џафери шефот на кабинет на екс министерот за образование Сулејман Рушити, Марика Парцанова раководител на секторот за високо образование, Милка Масникоса помошник раководител на секторот за правни работи, Снежана Лузевска раководител на одделение за ученички и студентски стандарди, стипендии и кредити се првите на ...

Премии за заслуги

Утрински - 10.11.2008

Не е лесно деновиве да сте во кожа на министерот за образование Перо Стојановски, кого веројатно го облеаја илјадници капки пот додека потврдуваше дека и тој бил на листата на вработени во Министерството кои ексминистерот Сулејман Рушити ги наградил со екстремно високи хонорари за кои забелешки стави Државниот завод за ревизија.

Петмина од Министерството за образование зеле хонорари од 10.000 до 30.000 евра

Н.Македонија - 10.11.2008

Пет раководни лица од Министерството за образование (МОН) зеле хонорари од околу 10.000 до 30.000 евра, надвор од редовната плата во текот на минатата година. Прв на листата, како што тврдат извори од Државниот завод за ревизија, е Аднан Салмани, раководител на секторот за финансиско-сметководствени работи, кој во периодот од мај до декември минатата година зел 30.000 евра хонорар, надвор од ...