ПОЧНА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЈУГ 2 "Никого од обвинетите не познавам. Не сум организирал криумчарење мигранти", изјави вчера пред судскиот совет Зоран Крстевски, првообвинет во случајот Југ 2. Тој тврдеше пред Судот дека обвинетите првпат ги видел во судница.
Првите тројца од 21 обвинети во случајот „Југ 2“ беа испрашани вчера на продолжението на судењето за шверц на мигранти од Албанија во Грција преку Македонија. Првообвинетиот Зоран Крстевски кратко кажа дека останува на изјавата што ја даде текот на истражната постапка.
Тројца од обвинетите во својата одбрана пред судот тврдеа дека воопшто не се виновни за делата за кои им се суди Тројца од 21 обвинет за криумчарење мигранти, вчера на стартот на судскиот процес "Југ 2" ги негираа делата за кои се товарат.
НОВО СУДЕЊЕ ЗА ТРГОВИЈА СО МИГРАНТИ Нови 21 обвинети за трговија со мигранти седнаа на обвинителната клупа на вчерашното прво рочиште во Основниот суд Скопје 1. Судењето не ни почна бидејќи Агрон Каја, еден од обвинетите, не го добил обвинението на албански јазик, кој му е мајчински.
ПОЧНА И ПРЕКИНА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЈУГ 2 "Обвинетиот не знае за што е обвинет оти обвинителниот акт не му бил преведен на албански јазик", реагираше еден од многумината адвокати на судскиот процес Југ 2. Поради тоа судењето беше прекинато и продолжува утре.
Адвокатот Владо Пешликовски, бранител на еден од 21 обвинет за шверцување мигранти во случајот „Југ 2“, вчера побара превод на обвинението од македонски на албански, оти неговиот клиент не го разбирал јазикот. Судијата Милан Доганџиски вчера одлучи да го одложи почетокот на судењето на втората ...
Вчера во скопска единица требаше да започне случајот Југ 2, каде 21 лице треба да одговараат за трговија со луѓе и шверц со мигранти. Притворениот за случајот Агрон Каја не добил акт на мајчин јазик па истиот не знаел за што треба да одговара, поради што рочиштето е одложено за утре Обвинителен акт ...
Со 21 обвинет во Основниот суд Скопје 1 стартуваше „Југ 2“, нов обемен судски процес за криумчарење на мигранти. Преку нелегални премини во Грција пренесувале албански државјани, но и Индијци и Кинези. Официјално претресот не започна.
Судскиот процес за втората голема група обвинета за шверц на мигранти, познат како „Југ 2“, се очекува да почне денеска во салата на Врховниот суд на Македонија. Ова е вторпат во македонското судство да и' се суди на поголема група обвинета за шверц на мигранти по почетокот на процесот за случајот ...