TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Чочоровска ја тужи фирмата од Венецуела, бидејќи место боја и' подметнала кокаин

Утрински - 20.01.2007

Адвокатот најавува дека вевчанката за неколку дена ќе добие српско државјанство ГОРАН АДАМОВСКИ Станислава Чочоровска - Полетан (38), осомничена дека го организирала патот на половина тон кокаин од Бар до Солун, ја тужи фирмата- партнер од Венецуела дека во кантите со поликолор и' подметнале дрога.

Во Србија го чекаат барањето за екстрадиција, а Чочоровска српскиот пасош

А1 - 19.01.2007

Што ќе стигне побрзо, барањето за екстрадиција на Чочоровска, или нејзината молба да стане српски државјанин. Во моментов, ниту првото, ниту второто не стасале до надлежните институции во Србија. Министерството за внатрешни работи на Србија, нема информации за барањето на Чочоровска да стане нивни ...

Чочоровска сигурно добива српско државјанство

Време - 19.01.2007

СПОРЕД АДВОКАТОТ ПАВЛОВИЌ Станислава Чочоровска – Полетан, обвинета за шверц на 486 килограми кокаин, со сигурност идната недела ќе добие српско државјанство, тврди нејзиниот адвокат Светозар Павловиќ. Според Павловиќ, таа ги исполнува двата неопходни услови за добивање на државјанство на Република ...

Побарана екстрадиција на Чочоровска

Вест - 19.01.2007

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА Министерот за правда Михајло Маневски вчера побара Станислава Полетан да биде екстрадирана во Македонија. Официјалното барање и комплетната документација за шверцот на половина тон кокаин биле испратени до српското Министерство за правда.

Македонија побара од Белград да ја испорача Чочоровска

Утрински - 19.01.2007

Од МВР најавуваат нови апсења поради шверцот на кокаин ГОРАН АДАМОВСКИ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Министерството за правда вчера и официјално од српските колеги побара екстрадиција на Станислава Чочоровска-Полетан (38), осомничена дека го извршила транспортот на запленетиот кокаин на Блаце.

Македонија ја бара Чочоровска, а таа бара српски пасош

Дневник - 19.01.2007

Ме информираа дека во барањето нема докази што ја поврзуваат Чочоровска со дрогата, тврди нејзиниот адвокат Светозар Павловиќ Министерството за правда вчера официјално побара од српските власти да ја екстрадираат Станислава Чочоровска- Полетан, осомничена за организирање шверц на половина тон ...

Маневски побара екстрадиција на Чочоровска

А1 - 18.01.2007

Боја со вкус на кокаин. Таква, според адвокатот на Чочоровска Полетан, и испорачала венецуелската фирма. „Ние тужиме за она што баравме и уплативме пари. Не уплативме пари 15.000 долари за кокаин, туку плативме за боја за фарба.

Чочоровска бара српски пасош, Македонија екстрадиција

Време - 18.01.2007

КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОБРЗ? Министерот за правда Михајло Маневски вчера побарал екстрадиција на Станислава Чочоровска - Полетан од српското министерство за правда. Врз основа на барањето на скопскиот Основен суд 2, македонското министерство за правда ги испратило во Србија потребните документи за ...

Чочоровска нема српско државјанство, нема пречки за екстрадиција

Утрински - 18.01.2007

ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА ГОРАН АДАМОВСКИ Станислава Чочоровска-Полетан нема српско државјанство. Со тоа се отстранети процедуралните пречки за доставување на Полетан во земјава, која моментално е во екстрадиционен притвор во Белград.

Чочоровска нема српски пасош

Дневник - 18.01.2007

Портпаролот на Окружниот суд во Белград вели дека тоа што Полетан не е српска државјанка не ја менува постапката за нејзина екстрадиција во Македонија Станислава Чочоровска-Полетан, осомничена за организација на шверц на половина тон кокаин, која во моментов е во екстрадициски притвор во Белград, ...

Чочоровска и македонските власти во трка – Маневски потпиша екстрадиција

Канал5 - 18.01.2007

Министерот Михајло Маневски брзал да го испрати барањето за екстрадиција на Станислава Чочоровска со денешен датум, за да стигне во Белград пред осомничената македонка да стане српска државјанка. Министерот Михајло Маневски брзал да го испрати барањето за екстрадиција на Станислава Чочоровска со ...

Чочоровска нема српско државјанство

А1 - 17.01.2007

Чочоровска нема српско државјанство, што овозможува нејзина екстрадиција. По неколку дена во притвор, нејзиниот адвокат Светозар Павловиќ вели, дека се ќе направи да ја спречи нејзината екстрадиција во Македонија, ќе побараат државјанство од белградските власти, или дури и политички азил.

Чочоровска одбила да биде заштитен сведок за шверцот со кокаин

Утрински - 17.01.2007

Документите пронајдени кај возачот на пратката ќе фрлат нова светлина врз случајот ГОРАН АДАМОВСКИ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Белграѓанката со македонско државјанство, Станислава Чочоровска- Полетан, која е осомничена дека е организатор на половина тон кокаин, кој беше запленет на Блаце, одбила да биде ...

Чочоровска нема српско државјанство

Канал5 - 17.01.2007

Осомничената за организирање на транспортот на кокаинот Станислава Чочоровска Полетан нема српско државјанство. Таа е единствено македонска државјанка. Осомничената за организирање на транспортот на кокаинот Станислава Чочоровска Полетан нема српско државјанство.

Што содржи барањето за екстрадиција на Чочоровска?

А1 - 16.01.2007

Изјавата на уапсениот возач Азировиќ, истражните резултати и вештачењето на документацијата на запленетиот кокаин, тоа Основниот суд Скопје 2 го спакувал во барањето за екстрадиција на Светлана Чочоровска Полетан, осомничена за шверц на 483 килограми кокаин.

Чочоровска и Смиленски ги дели еден ѕид во притворот

Време - 16.01.2007

ПРАВАТ КРИМИНАЛ ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАВРШУВААТ ВО СРБИЈА Мери Јордановска Во рацете на министерот за правда на Србија Зоран Стојковиќ набргу ќе бидат двете екстрадиции на лицата кои се осомничени или обвинети за криминал во Македонија, Станислава Чочоровска – Полетан и контроверзниот бизнисмен Методија ...

МВР известено дека Чочоровска е во екстрадиционен притвор во Белград

Утрински - 16.01.2007

Македонската полиција и официјално добила известување од српските колеги дека главната осомничена за шверцот на половина тон кокаин Станислава Полетан Чочоровска (38) е во Централниот затвор во Белград откако Окружниот суд и' одреди екстрадиционен притвор.

Белградскиот суд ги чека доказите од Македонија

Дневник - 16.01.2007

Македонските власти имаат 42 дена да поднесат барање за екстрадиција на Станислава Чочоровска-Полетан, осомничена за организација на транспортот на половина тон кокаин, откако српските власти вчера и официјално го известиле нашето Министерство за правда дека таа е во екстрадициски притвор.

Се подготвува барање за екстрадиција на Чочоровска

А1 - 15.01.2007

Министерството за правда подготвува барање за екстрадиција на Станислава Чочоровска Полетан, осомничена за шверцот на 483 килограми кокаин. Нејзиниот адвокат смета дека српската правда нема да дозволи екстрадиција поради нејзиното двојно македонско-српско државјанство.

Чочоровска во притвор - чека екстрадиција за Македонија

Време - 15.01.2007

БЕЛГРАД ЈА ПРИМИ ПОТЕРНИЦАТА ОД СКОПЈЕ Станислава Чочоровска Полетан завчера сама се пријавила во белградската полиција, откако била повикана на сослушување, потврди нејзиниот адвокат Светозар Павловиќ. - Половина час откако беше повикана таа доброволно се јави во полиција.

Притворена Станислава Чочоровска-Полетан

Утрински - 15.01.2007

Контроверзната Македонка е уапсена по барање на македонската полиција поради шверц на 483 килограми кокаин БЕЛГРАД - Белградските истражни органи викендот ја притворија Станислава Чочоровска-Полетан, осомничена за организирање шверц на 483 килограми кокаин, кој неодамна го откри македонската ...

Чочоровска притворена во Белград

Дневник - 15.01.2007

Судија во Окружниот суд во Белград и' одредил екстрадициски притвор на Станислава Чочоровска-Полетан, а нејзиниот адвокат најави жалба Станислава Чочоровска-Полетан, осомничена како главен организатор на шверц на половина тон кокаин, веќе два дена е во екстрадициски притвор во Белград откако ...

Се проблематизира екстрадицијата на Чочоровска

Канал5 - 15.01.2007

Екстрадицијата на Станислава Чочоровска Полетан од Србија во Македонија е отворено прашање. Нејзиното српско државјанство, според новиот српски устав, не ја штити од испорачување во Македонија. Екстрадицијата на Станислава Чочоровска Полетан од Србија во Македонија е отворено прашање.

Чочоровска притворена

Вечер Прес - 15.01.2007

Осомничената за организирање на шверцот со речиси 500 килограми кокаин, Станислава Чочоровска-Полетан завчеравечер била притворена од српската полиција, пренесе агенцијата Бета. Во информацијата се вели дека Чочоровска била повикана на сослушување во полициска станица, а откако дала исказ ...