TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Достоинството нема цена

Време - 24.02.2007

Криза, ситни подметнувања или само уште поситно политичко поентирање? Верувам, ова прашање си го поставуваат многумина, откако во медиумите стана тиражна и дежурна темата: има или нема криза во владината коалиција. Во еден подолг период, вниманието е фокусирано на НСДП, партијата што од самиот ...

Груевски ќе ја смирува кризата во коалицијата

Време - 24.02.2007

СРЕДБА НА ВЛАДИНИТЕ ПАРТНЕРИ Тито Петковски ќе го брани ставот дека ДУИ треба да влезе во власта, Џафери и Тачи ќе го тврдат спротивното, а Груевски ќе се обиде да ја смири нетрпеливоста меѓу двете партии. Вака ќе настапат челниците на владејачките партии на средбата следната недела, која ја свика ...

Сателити и сонце

Дневник - 24.02.2007

Кој е кој во коалицијата, кажуваат бројките, но дали е добро тоа да се „докажува“ на начинот на кој јавно кавгаџиски го прави Тачи? Дали Владата на Македонија не е асиметрична коалиција? Во неа се' е асиметрично. Партијата (ВМРО-ДПМНЕ) на премиерот е апсолутна величина во однос на останатите.

Ахмети чека покана од Груевски, а не од Тито

Дневник - 24.02.2007

Премиерот Никола Груевски со Мендух Тачи и Тито Петковски следната недела ќе разговара за односите во коалицијата, но и ќе му одговори на Али Ахмети дали ќе прифати средба во друштво со странците и под услови што ги постави лидерот на ДУИ. Од ДУИ вчера го доставиле писмото од Ахмети до Груевски.

Нема криза, само мали тензии

Вечер Прес - 24.02.2007

Нема криза меѓу владините партнери НСДП и ДПА, туку се работи за моментални тензии, изјави вчера Лазар Еленовски, министер за одбрана од редовите на НСДП, по низата јавни препукувања меѓу првите луѓе на двете партии. - Во секоја Влада постојат повремени тензии, но тоа не значи дека односите се ...

Тачи да им се извини на новинарите

Вест - 23.02.2007

ЗНМ РЕАГИРА НА ИЗЈАВИТЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДПА Здружението на новинарите на Македонија бара пратеникот и потпретседател на ДПА Мендух Тачи да им се извини на новинарите и на целата македонска јавност поради завчерашната изјава во која ги испраќа новинарите да одат да се лекуваат во болницата во ...

Новинарите бараат Тачи да се извини јавно

Дневник - 23.02.2007

Здружението на новинарите на Македонија вчера преку соопштение изрази „згрозеност од нискиот степен на култура и немањето чувство за демократичност и слобода“ на јавно изречениот збор на пратеникот Мендух Тачи, при неговото обраќање и комуникација со новинарите и со медиумите.

НСДП и ДПА се пребројуваат

Вечер Прес - 23.02.2007

Дали пратеничките гласови на НСДП се одлучувачки за функционирање на Владата? Ова прашање го отвори потпретседателот на Собранието Бесим Догани од ДПА, кога на последната собраниска седница изјави дека и без гласовите на НСДП би можела да се направи мини реконструкција на владата.

Груевски, Тачи и Петковски ќе разговараат за кризата во коалицијата

А1 - 22.02.2007

Кризата во односите меѓу владините партнери ќе биде главна тема на тројната средба Груевски, Тачи и Петковски, што ќе се одржи на 5 март. Средбата ја потврдија сите учесници, кои не ја исклучуваат можноста составот на владината коалиција да претрпи измени.

Живеете во сенките на Џафери и на Георгиевски

Време - 22.02.2007

ЈАНИ МАКРАДУЛИ ИМ ОДГОВАРА НА ТАЧИ И НА ГРУЕВСКИ Новото раководство на СДСМ нема проблеми со идентитетот, а Мендух Тачи, иако ги загуби изборите, има потреба постојано да докажува дека е газда во Владата. Вака Јани Макрадули, потпретседател на СДСМ, одговара на последните изјави на ...

Митановски: Тачи имаше лош ден

Вест - 22.02.2007

НСДП МУ ПРОСТИ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДПА Пратеникот Веле Митановски очекувал премиерот Никола Груевски да реагира кога Тачи го нападнал потпретседателот Иван Анастасовски НСДП не му се лути на Мендух Тачи од ДПА поради завчерашниот инцидент со потпретседателот на Собранието Иван Анастасовски, за ...

Митановски побара парламентот да се извини за испадот на Тачи

Утрински - 22.02.2007

Пратеникот од НСДП Веле Митаноски вчера побара Собранието да им се извини на новинарите за испадот на заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој во собранискиот хол ја навреди новинарката на скопската телевизија Канал 5 и и' препорача да оди во Бардовци! „Најмалку што можеме да направиме е ...

Мендух Тачи станува лошото момче во македонската политика

Утрински - 22.02.2007

Кај Тачи има една конзистентност, секогаш е понервозен кога е на власт Мендух Тачи не престанува да ја забавува, но и да ја загрижува јавноста во државава. Целта во која речиси секојдневно стрела вториот човек на ДПА се проширува пропорционално со критиките кои од различни страни зачестија на ...

Преку лекарско уверение до пратенички мандат

Дневник - 22.02.2007

Тоа што завчера се случи во Собранието покажа дека некои од пратениците на може да ги контролираат ниту својот карактер ниту лутината, велат од НСДП НСДП ќе бара лекарско уверение како доказ кој може да биде пратеник, испровоцирана од обраќањето на коалицискиот партнер Мендух Тачи кон ...

ЗНМ бара извинување од Мендух Тачи

Канал5 - 22.02.2007

Здружението на новинарите на Македонија денеска преку соопштение изразува, како што е наведено, згрозеност од нискиот степен на култура и немањето чувство за демократичност и слобода на јавно изречениот збор на пратеникот Мендух Тачи, при неговото обраќање и комуникација со новинарите и медиумите.

Груевски свикува лидерска средба на владините партнери

Канал5 - 22.02.2007

По прозивките на Петковски, премиерот одлучи да се вклучи во расчистување на распламтените односи ДПА НСПД што ја нишаат коалицијата. Мендух Тачи и Тито Петковски на средба со Груевски следната недела во владата. По прозивките на Петковски, премиерот одлучи да се вклучи во расчистување на ...

Нема криза - Тачи имал лош ден?

Вечер Прес - 22.02.2007

Нервоза и желба за докажување, а не криза, вака вчера Владините партнери, НСДП и ДПА ја оценија состојбата во коалицијата. Во партијата на Тито Петковски, предупредувањата од Мендух Тачи упатени до потпретседателот на Собранието Иван Анастасовски, да не се однесува арогантно, бидејќи тој "не жари и ...

Петковски: Достоинството на партијата нема цена

А1 - 21.02.2007

НСДП отворено ќе го преиспита учеството во владината коалиција, доколку продолжат тензиите со ДПА. Достоинството на партијата нема цена, вели во изјава за А1 Тито Петковски. „Ние сме отворени кон нашите партнери, но во исто време и јавно го соопштуваме нашето мислење.

Џелил Бајрами нов министер за екологија

Вест - 21.02.2007

ПАРЛАМЕНТОТ ЈА ИЗГЛАСА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА Собранието вчера даде виза за реконструкција на Владата која ја предложи премиерот Никола Груевски. За нов министер за екологија пратениците го избра Џелал Бајрами, а Имер Алиу го прекомандуваа за министер без ресор, кој ќе биде и вицепремиер што ...

Собранието едвај го разреши министерот за екологија

Време - 21.02.2007

СЕ ПРОШИРИ ВЛАДАТА Пратениците од мнозинството вчера во втор обид ги обезбедија потребните 61 глас за разрешување на досегашниот министер за екологија Имер Алиу, кој потоа беше именуван во министер без ресор. Тој од сега ќе го раководи спроведувањето на рамковниот договор, додека Имер Селмани ...

Тачи им објави војна на луѓето на Црвенковски

Вест - 21.02.2007

ДПА СЕ СУДРИ СО ПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА Потпретседателот на ДПА ја обвини парламентарната опозиција дека е инструмент на претседателот Бранко Црвенковски кој сака со сила повторно да ги врати СДСМ и ДУИ на власт Пратеникот Мендух Тачи вчера, за време на расправата за реконструкција на Владата, ...

Поединечното гласање го спаси министерот Алиу

Утрински - 21.02.2007

Тачи жестоко го бранеше изборот на новиот министер од ДПА ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пред вчерашниот избор на Џелил Бајрами за министер за животна средина и на Имер Алиу за министер без ресор, во Собранието се случи своевиден куриозитет: при електронското гласање не помина предлогот на премиерот Никола ...

Тачи испраќа новинари во Бардовци!

Утрински - 21.02.2007

Заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вчера во собранискиот хол пред поголем број новинари ја навреди новинарката на скопската телевизија Канал 5 - Весна Трпчевска. На нејзиното новинарско прашање за односите со нивниот коалициски партнер НСДП, Тачи и' одговори со „препорака за Бардовци!“ ...

Избран нов министер за екологија

Дневник - 21.02.2007

Со меѓусебни навреди и обвинувања на власта и опозицијата дека на земјава и' се заканува реприза на 2001 година , вчера во Собранието Џелил Бајрами од ДПА е избран за нов министер за животна средина. Имер Алиу, кој досега беше на таа функција, стана министер без ресор.

Не сме потстанари на владејачката коалиција туку рамноправни партнери- реагира партијата на Тито

Канал5 - 21.02.2007

Тензија во владејачката коалиција. По вчерашниот деградирачки однос на Тачи кон Петковски во кој заменик претседателот на ДПА се обиде да покаже кој е кој во владата, денеска реакција од НСДП - не само за однесувањето на Тачи туку и за воздржаноста на премиерот.

Парламентот да се извини за говорот на омраза на Тачи - не смогна сили

Канал5 - 21.02.2007

Пратеникот на НСДП Веле Митановски се извини во име на својот колега Тачи за навредите кои тој вчера ги истури врз новинар. Пред да биде доцна и случајот да се префрли во медиумските здруженија, Митановски од собранието побара извинување за речникот на Тачи.

Собраниска пародија!

Вечер Прес - 21.02.2007

Видно изнервиран од критиките упатени на адреса на Владата и од страна на потпретседателот на СДСМ Игор Ивановски, Тачи се обиде да му докаже што отсликува и неговиот прекар. "Знаете ли дека шема на албански значи женско, а шемо - машко, изјави Тачи.

Мендух Тачи - кандидат за претседател?

Вечер Прес - 21.02.2007

Ќе биде ли Мендух Тачи кандидат на ДПА за претседателските избори во 2009 година. Според вчерашните изјави на вториот човек на ДПА, можеше да се предвиди дека има таква намера..Во жестоките собраниски дискусии околу партиските и лидерските рајтинзи, Тачи и порача на опозицијата да не се занимава со ...

Собранието ги поддржа измените на владиниот кабинет

А1 - 20.02.2007

Опозицијата удри директно во односите меѓу коалициските партнери, кабинетот на Груевски е заложник на политиката на ДПА, а НСДП во тоа друштво ја живее судбината на Васил Тупурковски. Дали Премиерот се решил на мини реконструкцијата зашто состојбите во здравството се катастрофални, меѓуетничките ...

Петковски ја објаснил идејата за влегување на ДУИ во власта

Време - 20.02.2007

ГРУЕВСКИ СЕ КООРДИНИРА СО ПАРТНЕРИТЕ Тито Петковски, лидерот на НСДП, му ја презентирал на премиерот Никола Груевски идејата за влегување на ДУИ во Владата, на средбата во саботата. Според партиски извори, Петковски објаснил дека од Брисел му сугерирале дека би било добро двете најголеми партии да ...

Тито пак се заложил за ДУИ во власта

Дневник - 20.02.2007

Во ДУИ велат дека не се заинтересирани за влез во Владата Лидерот на НСДП, Тито Петковски, лично му образложил на премиерот Никола Груевски дека е добро ДУИ да биде дел од владината коалиција, дознаваме од партиски извори. Груевски вчера потврди дека со Петковски разговарале за тоа прашање.

Тачи нервозен што Красниќи не се симнувал од малите екрани

Канал5 - 20.02.2007

Има ли проблеми во коалицијата меѓу НСДП и ДПА – Tачи уште еднаш не издржа. Има ли проблеми во коалицијата меѓу НСДП и ДПА Tачи уште еднаш не издржа. Овојпат го поштеди коалицискиот партнер , и својот речник го истури на новинарот на Канал 5, што го постави прашањето.

Новото министерско место за ДПА го подигна тонот меѓу власта и опозицијата

Канал5 - 20.02.2007

Владината мини - реконструкција се претвори во жолчна дебата исполнета со лични навреди меѓу власта и опозицијата, но и меѓу владините партнери. ДПА ја испровоцира коментарот на СДСМ дека Груевски му ги исполнува желбите на Тачи.

ДПА со министер плус

Вечер Прес - 20.02.2007

Џелил Бајрами од ДПА ќе биде нов министер за екологија, а Имер Алиу кој досега ја извршуваше оваа функција ќе ротира во министер без ресор, задолжен за спроведување на Рамковниот договор. Владиниот предлог денеска ќе се најде на парламентарна седница, откако и коалицискиот партнер Тито Петковски ...

Прочка е, па стечајците му простија на Тито Петковски

Утрински - 19.02.2007

КУМАНОВО, tetoвo - Триесетина активисти и членови на Одборот на стечајните работници „Унит“ вчера го пречекаа лидерот на НСДП, Тито Петковски, пред седиштето на неговата партија во Куманово настроени да му ја расипат прославата на првата годишнина од формирањето на НСДП со партиска роденденска ...

Партнерите го смирија Тито Петковски

Дневник - 19.02.2007

Министерското место што сега го доби ДПА е договорено уште на почетокот кога се формираше Владата, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски , во Тетово, на годишнината од партиската организација. Тој рече дека тие како партија оставиле простор и за уште едно до две министерски места на некој ...

НСДП ќе ги поддржи измените во владата

Канал5 - 19.02.2007

Пратениците на Петковски утре сепак ќе ги поддржат измените во владата што ги предлага премиерот - Џелил Бајрами нов министер за екологија, со што Џафери и Тачи добиваат петти министер во владиниот кабинет. Пратениците на Петковски утре сепак ќе ги поддржат измените во владата што ги предлага ...