TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Графитите во заборав

Време - 11.11.2008

Општините им објавија војна на пишувачите на графити и најавија широка акција за белење на ѕидовите на зградите и на институциите. Како што најавија од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), чистењето ќе се спроведе со сопствени средства, со учество на вработените во општините, јавните претпријатија, училиштата, градинките и во куќните совети.

Ќе се бришат графитите во сите општини

Утрински - 11.11.2008

Ќе се бришат графитите во сите општини. На 21 ноември ќе се бришат графити во сите општини во Македонија. Акцијата што ја организира ЗЕЛС има за цел да го подобри изгледот на општините, но и да ја подигне граѓанската свест за чување на животната средина. Во иднина графити ќе можат да се цртаат само на посебни паноа, високи два и широки три метри.

Фасадите нападнати од плакати и графити

Дневник - 11.11.2008

За поставување плакати и графити на недозволени места следуваат парични казни. Графити по ѕидовите на Кејот на реката Вардар, недолични цртежи и срамни пораки испишани по зградите и на други јавни објекти, па и на споменици, го нагрдуваат градот. Огласи со чудна содржина, залепени по бандерите, па и заборавени, плакати оставени и искинати го дополнуваат шарениот амбиент на метрополата.

Градот ќе се чисти од графити

Н.Македонија - 11.11.2008

Заедницата на единиците на локалната самоуправа в петок ќе спроведе акција за отстранување на графитите со цел да се подобри изгледот на општините. Во неа ќе учествуваат општинските служби, комуналните инспектори и инспекторите за животна средина, невладини организации, владини претставници и дипломатскиот кор.

Акција за бришење на графитите

Алсат-М - 10.11.2008

Заедницата на единиците за локална самоуправа од 21 ноември низ 13 општини на Македонија ќе стартува со проектот „бришење на графитите„. Во акцијата ќе се бришат цртежите по улиците, зградите, училиштата и другите локалитети. Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски рече дека акцијата има за цел освестување на граѓаните за негативноста на оваа појава .

На 21 ноември акција за отстранување графити во сите општини

Кирилица - 10.11.2008

Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, на денешната прес-конференција појасни дека по завршувањето на акцијата општините се должни да обезбедат места на кои ќе можат да се цртаат графити. За оние кои и натаму ќе цртаат графити на несоодветни места предвидени се парични казни согласно Законот за јавна чистота. - Во акцијата се вклучени сите општини со сопствени финансиски средства.

Ќе се отстрануваат графитите низ македонските општини

Канал5 - 10.11.2008

На 21 овој месец општините во земјава ќе спроведат акција за отстранување на графитите. Целта на акцијата е да се подобри изгледот на објектите кои се испишани со графити, но и да се подигне свеста кај граѓаните. По завршувањето на акцијата, претседателот на ЗЕЛС, појасни дека општините ќе бидат должни да обезбедат места на кои ќе биде дозволено цртањето графити.

Збогум за графитите

Вечер Прес - 10.11.2008

Пејачи, глумци, шоумени, политичари, дипломати, ученици, професори, пензионери предводени од градоначалниците, општинските комунални инспектори и куќните совети, идниот петок на 21 ноември ќе се вклучат во акцијата за бришење на графитите, чкртаниците и недоличните пораки од сите јавни површини.