TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Техничка грешка е, нема возила за еден денар!

Време - 07.10.2006

СУЛЕЈМАНИ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ДЗР Извештајот на ревизорите е грешка, нема возила што можат да чинат 1 денар, изјави вчера за „Време“ Ризван Сулејмани, поранешниот министер за локална самоуправа. Според Сулејмани, станува збор за печатна грешка, која ќе била исправена.

Во ПУИГ граделе станови, си наѕидале плати

Време - 07.10.2006

ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОР ОТКРИ АНОМАЛИИ ВО ПУИГ Самоиницијативно зголемување на платите на директорот и на неговиот заменик, сомнителни зделки и незаконско трошење на милионски суми, тендерски неправилности, откриле државните ревизори во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Сулејмани имал возила од еден денар!

Време - 06.10.2006

РЕВИЗИЈАТА ПРОНАЈДЕ ЧУДА ВО МИНИСТЕРСТВОТО Во Министерството за локална самоуправа се евидентирани три возила со вредност од еден денар, констатирал Државниот завод за ревизија во конечниот извештај за финансиското работење на Министерството за лани.

Изјава на премиерот без факти

Утрински - 06.10.2006

Група вработени во Државниот завод за ревизија Со изјавата дадена во вестите на ТВ Сител на 28 септември, во врска со "успешноста и компетентноста" на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и нејзиниот прв човек, премиерот докажа дека нема елементарни познавања на работата на оваа институција, иако ...

Уставниот суд не знае дека има свој објект

Дневник - 06.10.2006

Уставниот суд плаќа околу 150.000 евра државни пари за наем на простории во Работничкиот дом „Кочо Рацин“, а располага со сопствен објект. Таков податок добил Државниот завод за ревизија од Државниот завод за геодетски работи кога побарал да се утврди дали Уставниот суд има недвижен имот.

Уставните судии паркирале со државни пари

Вечер Прес - 06.10.2006

Уставниот суд на Македонија потрошил 102 илјади денари повеќе од дозволените средства за паркинг на возилата на судиите и вработените Уставниот суд на Македонија потрошил 102 илјади денари повеќе од дозволените средства за паркинг на возилата на судиите и вработените.

Девет пратеници си земале 110.000 евра без да се појават на работа

Време - 04.10.2006

РЕВИЗОРИТЕ НАЈДОА НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СОБРАНИЕТО Безмалку 110.000 евра на име плати и надоместоци добиле девет пратеници во Собранието во изминатата година иако подолг период не учествувале во работата на Собранието, утврдиле во Државниот завод за ревизија.

Девет пратеници земале плата за џабе

Вест - 04.10.2006

ДРЖАВНАТА РЕВИЗИЈА ГИ ПРОВЕРИ СМЕТКИТЕ НА СОБРАНИЕТО ЗА 2005 ГОДИНА Државниот завод за ревизија го укори Собранието дека исплатило 6,8 милиони денари за плати и дневници на девет пратеници на ДПА од стариот собраниски состав иако тие подолго време не учествувале во работата на парламентот.

Нема кој да ги врати милионите што се одлевале од буџетот

Време - 04.10.2006

СПОРЕД ИЗВЕШТАИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ Најмалку 12 милиони евра или околу 740 милиони денари од буџетот на Македонија во периодот од 1996 до 2000 година преку комерцијалните банки биле искористени за незаконско кредитирање на правни лица, а голем дел од побарувањата се изгубени засекогаш бидејќи ...

Пратениците претерале со плати, надоместоци и патувања

Утрински - 04.10.2006

Ревизијата утврди дека Собранието незаконски потрошило десетици милиони денари Собранието лани им исплатило 6 милиони денари на девет пратеници за плати и надоместоци, иако тие подолг период не се појавиле во законодавниот дом.

Ревизорот му го возвраќа ударот на премиерот

Утрински - 04.10.2006

Ревизорот го обвинува Груевски за платени гаранции од 28 милиони евра НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Државниот ревизор Драгољуб Арсовски тивко му го возвраќа ударот на премиерот Никола Груевски, кој неодамна изрази сомневање во неговата објективност, бидејќи тој бил партиска личност.

Собранието им ги простило долговите на пратениците

Дневник - 04.10.2006

Собранието во минатата година им го простило долгот од околу три илјади евра на двајца пратеници откако се дозволило да застарат побарувањата, утврдиле ревизорите што извршиле контрола во финансиското работење на парламентот.

Од буџетот испариле 12 милиони евра

Вечер Прес - 04.10.2006

Парите завршиле на сметки на повеќе фирми, кои престанале да постојат или се во постапка на стечај, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за Буџетот за 2005 година Околу 12 милиони евра државни пари завршиле на сметките на повеќе фирми во земјава, а средствата до денеска не се ...

Собранието незаконски делело плати и дневници

Вечер Прес - 04.10.2006

Парламентот на девет пратеници кои изминатата година подолг период не учествувале во неговата работа, спротивно на Законот за пратеници по основ на плати и надоместоци им исплатил 6.759.000 денари, утврдил државниот ревизор. Од овој износ најголемиот дел односно 5.900.000 денари е бруто-износот на ...

Тајванските кредити - нов финансиски удар врз Буџетот

Канал5 - 03.10.2006

Нов финансиски удар се заканува на државниот Буџет со стартот на 2007 година. Стасуваат за наплата тајванските кредити за кои досега се отплаќаа само каматите. Пласманите од тајванската кредитна линија се најдоа и во последниот извештај на државните ревизори за Буџетската сметка во 2005 објавен ...

Арсовски не сака да е изборно алиби на Груевски

Дневник - 02.10.2006

Премиерот не треба предвреме да стравува за ревизорските извештаи што треба да се објават за работата на партиите на парламентарните избори , вели Драгољуб Арсовски, главен државен ревизор Зад притисокот од премиерот Никола Груевски можеби се крие предвременото создавање алиби за ревизорските ...