TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмети:Случувањата во Собранието не се во прилог на Македонија

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Тоа што се случи во Собранието сигурно им оди во прилог на оние кои не го сакаат доброто на Македонија, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за Радио Слободна Европа. Според него, целата ситуација ја испровоцирала Владата, при тоа отфрлајќи секаква одговорност на опозицијата.

Борците на ОНА нема да му простат на Ахмети

Вечер Прес - 04.10.2007

Претседателот на Унијата на воени ветерани од 2001 Бесим Хода вели дека нема да седат со скрстени раце ако се утврди дека се изманипулирани. Од друга страна, идеологот на ОНА Фазли Велиу тврди дека поранешните борци на ОНА во неколку наврати веќе добиле пари од албанската дијаспора.

ДПА бара проверка на имотот на Али Ахмети

Дневник - 03.10.2007

ДПА вчера ги повика антикорупциската комисија, Управата за јавни приходи, Јавното обвинителство и МВР да испитаат од каде му се парите на лидерот на ДУИ Али Ахмети за имотот во Скопје и дали платил персонален и данок на добивка.

Ахмети си купил куќа со пари од фондовите за ОНА

Вечер Прес - 03.10.2007

Освен за овој објект кој Ахмети потоа и го отстапил на бесплатно користење на партијата, УЈП утврдила неправилности и околу партискиот објект во Мала Речица. Исто така, ДУИ не ги објавила и извештаите за донациите во 2005 и 2006 година во износ од 5.348.180 денари ДПА вчера го обвини лидерот на ДУИ ...

ДПА: Ахмети да се отчита за седиштето на ДУИ во Скопје

А1 - 02.10.2007

ДПА го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети да се отчита од каде му се парите за куќата во кое е сместено седиштето на партијата во Скопје. Денеска обелоденија дека партиското седиште во Чаир е на име на Ахмети. Покажаа и купопродажен договор склучен во 2002 година.

ДУИ и СДСМ создаваат инциденти

Време - 02.10.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ДПА Коалициските партнери СДСМ и ДУИ организираа сценарио според кое се спроведоа инцидентите во и пред Собранието на Република Македонија. Ова е заклучокот од вчерашната седницата на претседателството на ДПА на која меѓу други работи се расправаше за неодамнешните случувања во ...

ДПА ќе ги утврдува жртвите од 2001

Дневник - 02.10.2007

Комисија на ДПА ќе ги утврдува жртвите од конфликтот во 2001 година за да обезбеди ресоцијализација и надомест за нив и за нивните семејства. Ова вчера било одлучено на Централното претседателство на ДПА. За претседател на комисијата е назначен министерот за здравство Имер Селмани.

ДПА со своја комисија за 2001

Вечер Прес - 02.10.2007

ДПА во неделата на седница на Централното претседателство на партијата формирала своја комисија која ќе треба да работи на прашањето за ресоцијализација, рехабилитација и надомест на учесниците во воениот конфликт од 2001 година.