TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поплавите однесоа 20 милиони долари

Дневник - 04.10.2002

АЛБАНИЈА Поплавите што погодија две третини од површината на Албанија ќе ја чинат земјата околу 20 милиони долари, оцени премиерот Фатос Нано. Во таа сума е вклучена и поплавата на Тирана, предизвикана од пијан работник, кој ги отворил вентилите на браната од вештачкото езеро.

Албанскиот претседател бара покренување обвинение за поплавувањето на Тирана

Вест - 01.10.2002

ТИРАНА, 1 октомври - Албанскиот претседател Алфред Мојсиу вчера побара од јавниот обвинител на Тирана да покрене обвинение против виновниците за пуштањето на вентилите на вештачкото езеро кај албанскиот главен град, по што беа поплавени делови на Тирана.

Претседателот Мојсиу бара одговорност за поплавите во Тирана

А1 - 30.09.2002

Албанскиот претседател Алфред Мојсиу денеска побара од јавниот обвинител на Тирана да покрене обвинение против виновниците за пуштањето на вентилите на вештачкото езеро кај албанскиот главен град, по што беа поплавени делови на Тирана.

Тирана се "удави" откако пијан човек ги отворил вентилите на вештачкото езеро

Вест - 30.09.2002

ТИРАНА, 30 септември (Ројтерс) - Улиците на главниот град на Албанија завчера се најдоа под вода откако беа отворени вентилите на браната на вештачкото езеро во близината на градот. ТИРАНА, 30 септември (Ројтерс) - Улиците на главниот град на Албанија завчера се најдоа под вода откако беа отворени ...

Половина Тирана под вода

Утрински - 30.09.2002

Поплавите го загрозија и главниот град на Албанија ТИРАНА - Мошне сериозната состојба, што ја предизвикаа поплавите речиси на две третини од територијата на земјата, во саботата е надополнета и со поплавата на албанската метропола.

Пијан работник на брана ја поплави Тирана

Дневник - 30.09.2002

АЛБАНИЈА Пијан работник ја отворил браната на едно вештачко езеро, при што голем дел од Тирана е поплавен. Нивото на водата во езерото било многу високо, по поројните дождови што ја зафатија Албанија во текот на минатата недела.