TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Серж Брамерц од утре во дводневна посета на Србија

Канал5 - 16.11.2008

Белград, 16 ноември (МИА) - Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц ќе допатува утре во дводневна посета на Белград, а од неговата оценка на соработката на Србија со Трибуналот ќе зависи одлуката на Европската унија за примена на Времената спогодба и почетокот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Милион евра за информација за Ратко Младиќ

Дневник - 15.11.2008

Милион евра за информација за Ратко Младиќ. Србија ја повтори наградата од 1 милион евра за информација што може да помогне за апсењето на Ратко Младиќ, јави Макфакс. - Предлогот и понатаму важи. Секој што ќе ми достави информација што може да ни помогне да го уапсиме Младиќ ќе добие 1 милион евра - изјави претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ.

Србија нуди еден милон евра за апсење на Младиќ

Нетпрес - 15.11.2008

Српските власти ја потврдиле понудата од еден милион евра, како награда за тој што ќе даде точни информации каде се наоѓа поранешниот генерал Ратко Младиќ, кој што е баран од трибуналот за воени злосторства во Хаг. “Понудата е корисна. Секој што ќе даде информации кој што ќе помогнат за апсење на Младич, ќе добие награда од еден милион евра“, изјавил претседателот на Националниот совет за ...

Милион евра за информација за Младиќ

А1 - 14.11.2008

Србија го обнови предлогот да плати еден милион евра за информација која може да помогне за апсење на Ратко Младиќ. „Предлогот и натаму важи. Секој, кој ќе ми достави информација која може да ни помогне да го уапсиме Младиќ ќе добие еден милион евра”, изјави денеска претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ.

Србија го бара Младиќ кај бизнисмените

Вест - 14.11.2008

БЕЛГРАД, 14 ноември (Ројтерс) - Српската полиција и криминалистички служби водат истрага во неколку фирми за да ги најдат финансиерите на Ратко Младиќ и уште еден воен злосторник во бегство чии апсења се клучни за влезот на Србија во Европската унија. "Во тек се темелни истраги на неколку приватни фирми за да се пресече финансирањето на воените злосторници во бегство.

Милион евра за информација за Ратко Младиќ

Вечер Прес - 14.11.2008

- Паричната награда покажува дека Белград сака да ги исполни преостанатите обврски кон Трибуналот што е можно поскоро. На овој начин ние покажуваме дека има политичка волја за екстрадирањето на Младиќ, изјави вчера претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ. Србија го обнови предлогот да плати еден милион евра за информација која може да помогне за апсење на ...

Милион евра за информација за Младиќ

Макфакс - 14.11.2008

Србија го обнови предлогот да плати еден милион евра за информација која може да помогне за апсење на Ратко Младиќ. „Предлогот и натаму важи. Секој, кој ќе ми достави информација која може да ни помогне да го уапсиме Младиќ ќе добие еден милион евра“, изјави денеска претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ.

Околу десет лица знаат каде се крие Младиќ

А1 - 13.11.2008

Помалку од 10 лица знаат каде се крие бившиот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ, обвинет за геноцид. Ова го изјави претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ, во интервју за белградска “Политика”. „Многу е мал бројот на овие лица. Помал од десет.

Младиќ го кријат десетина луѓе

Дневник - 13.11.2008

Младиќ го кријат десетина луѓе. Помалку од 10 луѓе го заштитуваат осомничениот воен злосторник Ратко Младиќ, но српските власти се' уште не можат да го пронајдат, приведат и испорачаат во Хаг, изјави Расим Љаиќ, претседател на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал.Љаиќ, во интервју за весникот „Политика“, ја оцени како логична тезата на министерот за одбрана Драган Шутановац дека ...

Брамерц во Сараево побара поддршка за продолжување на рокот за работа на Хашкиот трибунал

Канал5 - 13.11.2008

Сараево, 12 ноември (MIA) - Главниoт обвинител на меѓународниот трибунал во Хаг за воени злостроства во поранешна Југославија Серж Брамерц вчера во Сараево се сретна со членовите на претседателството на БИХ Желко Комшиќ и Харис Силајџиќ, пренесе Танјуг.

Љајиќ: Потрагата за Младиќ и Хаџиќ ќе биде продолжена

Нетпрес - 13.11.2008

Претседателот на Националниот совет на Србија за соработка со хашкиот трибунал Расим Љајиќ денес рекол дека акцијата чија што цел е лоцирање и апсење на преостанатите хашки обвиненици ќе биде продолжена наредните денови и недели. Љајиќ рекол дека не постојат прецизни податоци за скривалиштата на Горан Хаџиќ и Ратко Младиќ, па според тоа не може да се тврди дека тие со во Србија.

Околу 10 лица знаат каде се крие Младиќ

Макфакс - 13.11.2008

Помалку од 10 лица знаат каде се крие бившиот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ, обвинет за геноцид. Ова го изјави претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ, во интервју за белградска “Политика“. “Многу е мал бројот на овие лица. Помал од десет.

Апсењето на Караџиќ го отежна апсењето на Младиќ

Сител - 12.11.2008

Вака гласи оценката на српскиот министер за одбрана Драган Шутановац, кој правдајќи се за завчерашната акција, последна во серијата неуспешни обиди за апсење на генерал Младиќ, изјави дека откако Караџиќ е уапсен и испорачан во Хаг соработниците на Младиќ се повеќе претпазливи и подобро го штитат Младиќ поради што се усложнува неговото апсење.

Шутановац: Апсењето на Караџиќ го отежна апсењето на Младиќ

Нетпрес - 12.11.2008

Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац вчера во Париз оценил дека апсењето на Радован Кaраџиќ во јули го отежнало фаќањето на другиот хашки бегалец, Ратко Младиќ. “Сите зборуваа дека после апсењето на Караџиќ е близу апсењето на Младиќ но јас лично мислам дека сега e тешко да се пронајде Младиќ“ рекол Шутановац за француската агенција АФП, кој се наоѓа во Франција на прослава по повод 90 ...

Брамерц: Апсењето на Младиќ и Хаџиќ приоритет

Нетпрес - 12.11.2008

Главниот обвинител на Меѓународниот суд за воени злочини Серж Брамерц денес во Сараево рекол дека приоритет на обвинителството во Хаг е апсењето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ. Брамерц, кој денес допатувал во посета на БиХ, рекол дека државите од регионот мораат да соработуваат до Трибуналот во Хаг за да бидат уапсени преостанатите обвинети за воени злочини.

Во Србија акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ

Вест - 11.11.2008

БЕЛГРАД, 11 ноември - Српските сили за безбедност спроведуваат голема акција за пронаоѓање на поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ и на неговите помошници во околината на српскиот град Ваљево, јави вчера белградското радио Б92.

Во Србија акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ

Утрински - 11.11.2008

Во Србија акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ. Белград - Српските сили за безбедност вчера спроведоа голема акција за пронаоѓање на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, и на неговите помошници во околината на Валево, јави белградското Радио Б92.

Жандарми го бараа Младиќ во Валево

Дневник - 11.11.2008

Српски жандарми вооружени со пушки вчера претресоа фабри ка во Валево, во акција во врска со пронаоѓање на осомничениот воен злосторник Ратко Младиќ, објави белградското радио „Б92“. Извори на радиото тврдат дека цел на рацијата било пронаоѓање на помагачите на генерал Младиќ.Силите за безбедност го блокирале пристапот за новинарите до фабриката за прозорци и до канцелариите на фирмата „Вуиќ“, во ...

Српската полиција во акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ

Алфа - 11.11.2008

Српската полиција денеска во Ваљево отпочна акција за пронаоѓање на хашкиот бегалец Ратко Младиќ, јавија српските медиуми. Според првичните информации, во тек е разоткривање на сите можни помагатели во криењето и финансирањето на бегството на Младиќ. Утрово околу 10 часот, припадници на полицијата, вооружани со автоматско оружје ја опколија зградата на компанијата Вујиќ во Ваљево.

Браќата Вуиќ го плаќаат бегството на Младиќ?

Форум - 11.11.2008

Браќата Вуиќ го финансираат криењето на Ратко Младиќ, пренесува српски Блиц . Браќата со години соработувале со синот на Ратко, Дарко, и меѓу нивните компании направени се повеќе финансиски трансакции. Постои сомневање дека дел од тие пари одат за криењето на Младиќ, соопштува Блиц .

Србија во лов на Младиќ

Н.Македонија - 11.11.2008

Српската жандармерија вчера во околината на Ваљево спровела акција за лоцирање и апсење на хашкиот бегалец и поранешен воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ и на неговите помагачи. Во рамките на акцијата биле претресени куќите и фабриката на семејството Вујиќ, но немало апсења.

Неуспешен обид за пронаоѓање на Младиќ во фабрика во Ваљево

Канал5 - 11.11.2008

Припадници на српската полиција вооружени со автоматски пушки претпладнето упаднаа во фабрика во Ваљево, поради сомневање дека во објектот се крие хашкиот бегалец Ратко Младиќ. Потрагата по поранешниот воен лидер на босанските Срби, се одвиваше на целата околина на Ваљево, по налог на обвинителството за воени злосторства.

Ратко Младиќ не би се предал жив на Хашкиот трибунал

Канал5 - 11.11.2008

Психолошкиот профил на Ратко Младиќ не остава голем простор за негово евентуално предавање на Хашкиот трибунал. Не се очекува ниту да го има сменето идентитет како што стори Радован Караџиќ. - Колку што знам јас, тој никогаш не би се предал жив. Јас му верувам - изјави Зоран Станковиќ, поранешен директор на Воено-медицинската академија.

Неуспешен лов на Младиќ

Сител - 11.11.2008

Дали Ратко Младиќ побегна низ прозорец на фабриката Вуиќ од Ваљево? Вака гласи прашањето кое денеска го поставуваат српските медиуми во коментарите околу вчершаната неуспешна акција на српската полиција за апсење на Ратко Младиќ во една фабрика во српскиот град Ваљево.

Српски печат: Дали Ратко Младиќ побегна низ прозорец на Вуиќ?

Нетпрес - 11.11.2008

Вчерашната акција на српската полиција за откривање на хашкиот бегалец, Ратко Младиќ, е една од централните теми денеска во српскиот печат. “Во лов на јатаците на Младиќ“, е насловот на весникот “Блиц“. Околу 50 претставници на полицијата, вооружени со автомати влегоа во зградата на компанијата “Вуиќ“ во Ваљево, посочува изданието.

Во Србија акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ

А1 - 10.11.2008

Српските сили за безбедност спроведуваат голема акција за пронаоѓање на поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ и на неговите помошници во околината на српскиот град Ваљево, јави белградското радио Б92. Операцијата се извршува по наредба на Обвинителството за воени злосторства, а со акцијата раководат припадници на српското Министерство за внатрешни работи.

Обид за наоѓање на Ратко Младиќ

BBC - 10.11.2008

Српските безбедноси сили извршиле рација во една фабрика западно од Белград, во нов обид да се пронајде осомничениот за воени злодела Ратко Младиќ, против кого е покренато обвинение. Никој не е уапсен но запленети се документи. Бил пребаруван и домот на сопственикот на фабриката во градот Ваљево.

Операција за пронаоѓање на генерал Младиќ

Телма - 10.11.2008

Српските сили за безбедност спроведoa голема акција за пронаоѓање на поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ и на неговите помошници во околината на српскиот град Ваљево. Операцијата беше извршена по наредба на Обвинителството за воени злосторства, а со акцијата раководеа припадници на српското Министерство за внатрешни работи.

Тадиќ: Условот на ЕУ за апсење на Младиќ можеби е невозможна мисија

Н.Македонија - 10.11.2008

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјавил дека поранешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, ќе биде уапсен доколку е на територија на Србија, но оти условувањето на ЕУ со неговото апсење ги става српските власти во невозможна мисија, доколку тој се наоѓа надвор од српската територија, јави Б92.

Голема потера по Ратко Младиќ во Србија

Алсат-М - 10.11.2008

Во западниот српски град Ваљево и во околината во тек е голема акција за пронаоѓање на хашкиот бегалец Ратко Младиќ. Според информации на радиото Б-92, акцијата е насочена и кон откривање на лицата кои го кријат и оние кои финансиски го помагаат неговото бегство. Акцијата се спроведува по налог на српското Обвинителство за воени злосторства.

Во србија акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ

Сител - 10.11.2008

По претходни сознанија и подготовки во околината на српскиот град Ваљево започна да се спроведува голема акција на српските воено полициски сили за апсење на поранешниот командант на босанските Срби Генерал Ратко Младиќ. Досега достапните информации наведуваат дека околу десет часот фабриката за прозорци и административната зграда на компанијата „Вуиќ - Ваљево“, во предградието на градот, била ...

Акција за пронаоѓање на Ратко Младиќ во Србија

Кирилица - 10.11.2008

На интернет страницата на градот Ваљево е поместена информација дека околу десет часот фабриката за прозорци и административната зграда на компанијата „Вуиќ - Ваљево“, во предградието на градот, биле опколени од претставници на полицијата, кои биле вооружени со автоматски ...

Потрага по Младиќ во околината на Ваљево

Нетпрес - 10.11.2008

Во тек е голема полициска акција во Ваљево и околината, се спроведува потрага по Ратко Младиќ. Според првите сознанија, се истражува и кои се евентуалните помошници во криењето и финансирањето на неговото бегство. Акцијата се спроведува по налог на Обвинителството за воени злосторства, дознава Б 92 до високи полициски извори.

Голема потрага по Младиќ

Макфакс - 10.11.2008

Широка акција за потрага по обвинетиот за воени злосторства од Хашкиот трибунал Ратко Младиќ и неговите помошници е во тек во Србија. Ова денеска го јави радио белградското радио Б-92, додавајќи дека акцијата се спроведува во градот Ваљево и неговата околина.