TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Едвај се најде термин

Вест - 25.03.2005

РАКОМЕТ - ЖДРЕПКА ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО НА КУПОТ (МАЖИ) Пелистер Кометал-Вардар и Металург-ВВ Тиквеш се полуфиналните двојки на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција, но повеќе фактори влијаеја вчера едвај да се најде погоден термин за одигрувањето на финалниот турнир.

Вардар - Пелистер во полуфиналето

Време - 25.03.2005

РАКОМЕТ - КУП НА МАКЕДОНИЈА, МАЖИ Вардар Про и Пелистер Кометал, кои лани играа во финалето, сега ќе се сретнат уште во полуфиналето на машкиот куп на Македонија во ракомет. Втората полуфинална двојка е Металург - ВВ Тиквеш. Кавадарчани првпат во историјата на клубот се пласираа во полуфиналето.

Можеме да разговараме за државјанство

Утрински - 25.03.2005

Ана Каролина Аморим, прва Бразилка и еден од најдобрите дефанзивци во Кометал Ѓорче Петров Ја преферирам играта во одбрана, но не мислам дека сум најдобра РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Во моментов си можеби најдобриот дефанзивец во тимот, што посебно дојде до израз во мечевите со Крим Меркатор.

Полуфинале Пелистер К. - Вардар Про!

Утрински - 25.03.2005

Куманово домаќин на финалниот турнир Бранителот на трофејот Вардар Про и моментниот лидер во првенството Пелистер Кометал ќе се сретнат уште во полуфиналето на Купот на Македонија во ракомет за мажи што од 22 до 24 април ќе се одржи во Куманово.

Пелистер и Вардар меѓу себе во полуфиналето

Дневник - 25.03.2005

КУП НА МАКЕДОНИЈА Вечните ривали Пелистер Кометал и Вардар про меѓу себе ќе играат уште во полуфиналето на Купот на Македонија, што ќе се игра во Куманово, беше решено со ждрепка во Ракометната федерација на Македонија. Второто полуфинале на машкиот куп е меѓу Металург и ВВ Тиквеш.

Фаворитите од машкиот ракометен куп во меѓусебна пресметка

А1 - 24.03.2005

Фаворитите во меѓусебна пресметка за завршната средба во машкиот ракометен куп. Пелистер, Кометал против Вардар Про и Металург против Винарска Визба Тиквеш во 1/2-финалните дуели на турнирот што ќе се одржи на неутрален терен во Куманово од 22-ри до 24-ти Април.

Голманката Борисенко останува, Озел во вторник на потпис

Дневник - 24.03.2005

Кометал ЃП ги продолжи договорите Голманката Наталија Борисенко и во следната сезона ќе биде член на Кометал ЃП, откако го продолжи сегашниот договор со скопјанки. Средниот бек, Турчинката Јелиз Озел, во вторник ќе ги продолжи преговорите и се очекува и таа да остане уште најмалку една сезона, ...

Двете екипи се супериорни на свој терен

Време - 23.03.2005

ДОСЕГАШЕН МЕЃУСЕБЕН СКОР Пред 11 години, во премиерниот настап на Кометал ЃП во Европа, сезоната 1993/94, во првиот меч во Скопје славеа со четири гола разлика, 20-16, но потоа во Виена доживеаја дебакл, беа поразени со 31-15 во осминафиналето.

Хипо - за разбивање на комплексот

Време - 23.03.2005

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ГО ДОБИ ПРОТИВНИКОТ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЛШ Александра Мазнева-Бундалевска Кометал Ѓорче Петров ќе игра против старите познанички, австриски Хипо, во полуфиналето на ракометната Лига на шампионките (ЛШ). Првиот натпревар е на 9 април во Виена, а реваншот е седум дена подоцна во ...

По петти пат со Хипо

Вест - 23.03.2005

КОМЕТАЛ ЃП СО СТАРИОТ РИВАЛ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кометал Ѓорче Петров ќе се соочи со стариот ривал Хипо во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ова е резултатот на вчерашната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, која во втората двојка ги распредели Дунафе Кометал Ѓорче Петров ...

Кастратовиќ: Дојде време да расчистиме со Хипо!

Утрински - 23.03.2005

Задоволство во таборот на Кометал ЃП од ждрепката за полуфиналето во ЛШ Возвратниот натпревар ќе се одигра во Скопје на 16 април од 19 ч. РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Олеснување и задоволство се преовладувачките емоции во таборот на Кометал Ѓорче Петров по ждрепката за полуфиналето во Лигата на шампионите, ...

Кометалки во Виена по израмнување на сметките

Дневник - 23.03.2005

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНКИ Ракометарките на Кометал ЃП на патот до третото финале на Лигата на шампионите го добија стариот познаник, Хипо Нидерестерајх. Првиот полуфинален меч се игра на 9 или 10 април во Виена, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

Хипо му дава 50 отсто шанси на Кометал

Дневник - 23.03.2005

За да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионските, австрискиот првак мораше да игра и во квалификациите против полски Ната од Гдањск, а имаше среќа, со подобра гол-разлика во мини-табелата со Виборг и АКВА Динамо, па Хипо влезе во четврт-финалето.

Кометал Ѓ.П. преку ХИПО до финале

Вечер Прес - 23.03.2005

Македонскиот женски првак Кометал Ѓорче Петров во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе игра против осумкратниот европски шампион ХИПО од Австрија. Во втората полуфинална двојка, унгарскиот Дунафер го пречекува актуелниот носител на пехарот, данскиот Слагелсе. Кометал Ѓ.

Хипо противник на Кометал

А1 - 22.03.2005

Кометал Ѓорче Петров против Австрискиот Хипо Нидеростерајх, во полуфиналето од ракометната лига на шампионките. Денешниот жреб во седиштето на ЕХФ во Виена во претпоследната рунда ги вкрсти двата тима што се бореа за европската титула во 2000 година. Во Скопје во првак беше промовиран Хипо.

Можно е „сестринско“ финале

Време - 22.03.2005

РАКОМЕТ - ЖДРЕПКА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ЗА ЖЕНСКИОТ КУП Кометал ЃП - Тутунски комбинат Бренд и Еуростандард ЃП - Кале се полуфиналните двојки во женскиот ракометен куп на Македонија, одлучи вчерашната ждрепка влечена во просториите на РФМ.

Тутунски со најмалку среќа

Вест - 22.03.2005

ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЖЕНСКИОТ КУП Двете екипи на Ѓорче Петров избегнаа меѓусебен дуел во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, при што најмалку среќа при вчерашната ждрепка имаше Тутунски комбинат Бренд.

Хипо, Дунафер или Слагелсе

Вест - 22.03.2005

РАКОМЕТ - ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛШ Австриското Хипо, унгарскиот Дунафер и данското Слагелсе ќе се најдат заедно со Кометал ЃП во барабанот од кој денеска ќе се влечат двојките за полуфиналето на Лигата на шампионите. Иако во прв момент се чинеше дека ѓорчепетровки за противник можат да очекуваат исклучиво ...

Шлагелсе - најмалку посакуван противник

Време - 22.03.2005

РАКОМЕТ - ПРЕД ДЕНЕШНАТА ЖДРЕПКА ЗА ЛШ Дански Шлагелсе е третиот можен противник на македонскиот првак Кометал Ѓорче Петров во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако и во реваншот беше подобар од шпанската Орсан Елда Престихио, овојпат со 28-21, пред својата публика.

Капитенот воздржан, спонзорот не го сака Хипо

Утрински - 22.03.2005

Ѓорчепетровки претпазливи пред денешната ждрепка за полуфиналето во ракометната Лига на шампионите Прокоп бега од прогнози, Андерсен го посакува Кометал, но во финалето РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Во таборот на Кометал Ѓорче Петров со забележлива воздржаност го очекуваат противникот во полуфиналето на ...

Слагелсе најнепосакуван противник

Дневник - 22.03.2005

РАКОМЕТ - денеска ПОЛУФИНАЛНА ЖДРЕПКА за ЛШ Данскиот шампион Слагелсе, актуелниот европски првак, би бил најнезгоден противник за Кометал Ѓорче Петров, смета Иван Бојков, претседателот на македонскиот претставник Кометал Ѓорче Петров. Денеска е ждрепката (11 ч.

Во оваа сезона ракометарите со две шанси за евро-трофеј

А1 - 21.03.2005

Во македонското спортско сивило одвреме-навреме ракометот дава оптимистичка нијанса. Како ретко кога во оваа пролетна сезона со две шанси за евро-трофеј. Вардар Про во К.П.К, Кометал Ѓорче Петров меѓу 4-те најдобри во лигата на шампионите.

Крим надигран и во "Тиволи"

Вест - 21.03.2005

ЃОРЧЕПЕТРОВКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кометал Ѓорче Петров по трет пат во својата историја ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Таму му се придружија и австриското Хипо и унгарскиот Дунафер, кои елиминираа две дански екипи, Икаст и Вибо КРИМ - КОМЕТАЛ ЃП 23:21 (8:11) ...

Кометал Ѓорче Петров третпат во полуфиналето на ЛШ

Време - 21.03.2005

РАКОМЕТ - ЧЕТВРТФИНАЛЕН РЕВАНШ ОД ЛШ, КРИМ М. - КОМЕТАЛ ЃП 23-21 (8-11) Македонските ракометни шампионки Кометал Ѓорче Петров третпат во историјата на клубот ќе играат во полуфиналето на Лигата на шампионките (ЛШ). Тие во реваншот од четврт-финалето во Љубљана загубија од Крим Меркатор со 23-21 ...

Кометал ги "измете" и Крим и браќата Мете!

Утрински - 21.03.2005

Ѓорчепетровки загубија во реваншот во Љубљана со 21:23, но се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите Македонскиот ракометен првак Кометал Ѓорче Петров беше пресилен и за европскиот вицешампион Крим Меркатор и за тенденциозните германски судии Бернд и Рајнер Мете во последните пет минути, ...

Кометал пак во големата еврочетворка

Дневник - 21.03.2005

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНКИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров по третпат во својата историја се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионките. Тие во реваншот против Крим Меркатор, во Љубљана, загубија 21-23 (11-8) и ја зачуваа предноста од три гола од првиот натпревар.

Одбраната го реши "финалето пред финале"

Дневник - 21.03.2005

Индира Кастратовиќ со 5 гола беше најефикасна кај гостинките: - Пресреќна сум. Беше мошне тешко, но игравме колективно, а мислам дека и Крим малку не потцени. Три гола предност не беа многу. Затоа го почнавме мечот сериозно. Благодарност и до нашите навивачи коишто дојдоа од Скопје да не бодрат.