TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бошковски, Џелили и Острени собраа 10.000 потписи

А1 - 21.03.2004

Пред истекот на последните 24 часа од рокот за собирање на потписи, Љубе Бошковски, Зуди Џелили и Г’зим Острени велат дека го исполниле цензусот од 10.000 потписи. Од изборниот штаб на ДПА велат дека веќе ја имаат поддршката од граѓаните, иако пред само два дена почнаа да ги собираат потписите за ...

До ДИК се уште никој не доставил кандидатура

А1 - 20.03.2004

Ниту еден претседателски кандидат не доставил кандидатурата до државната изборна комисија. Во понеделник истекува рокот за собирање потписи на независние кандидати, а среда е последниот ден до кога кандидатите можат да ги достават своите кандатури.

Зуди Џелили, нов претседателски кандидат на ДПА

Вест - 20.03.2004

"Државната изборна комисија самоволно ги толкува Уставот и Законот за избор на пратеник. Тие не се изјаснуваат дали ќе ја прифатат или не кандидатурата на Арбен Џафери и се подготвуваат да ни стават сопки да останеме без кандидат, а тоа би значело дека господата од Владата многу брзо ќе ја ...

Љубе продолжува, Џафери се повлекува

Вест - 20.03.2004

Љубе Бошковски го исполнува условот последните 15 години, непрекинато да живеел во Македонија 10 години Кога ќе стигнат кандидатурите на кандидатите за претседател до Државната изборна комисија, во рок од 24 часа ДИК е должна на кандидатите да им соопшти дали нивните кандидатури ги прифаќа или не.

Џафери се повлече, Џелили нов кандидат

Време - 20.03.2004

ЛИДЕРОТ НА ДПА ВО ПРОЦЕДУРАЛНА СТАПИЦА Демократската партија на Албанците вчера ја повлече кандидатурата за претседател на Арбен Џафери и го предложи пратеникот Зуди Џелили. Џафери по централното собрание на партијата изјави дека се решиле на ваков потег затоа што не сакале да влезат „во лавиринтот ...

Џелили ќе го замени Џафери поради процедурални проблеми

Утрински - 20.03.2004

ДПА го смени партискиот адут за изборите ТЕТОВО - Наместо Арбен Џафери, претседателски кандидат на Демократската партија на Албанците е Зуди Џелили, потпретседател на партијата и пратеник во републичкиот парламент. Оваа одлука беше донесена на вчерашното вонредно Централно собрание на партијата ...

Џафери отпадна, неизвесност за Бошковски

Утрински - 20.03.2004

Лидерот на ДПА и екс-министерот за полиција имаат проблеми со претседателските кандидатури КАТИЦА ЧАНГОВА Демократската партија на Албанците во изборната трка за вонредните претседателски избори истрча со нов кандидат-пратеникот од Гостивар, Зуди Џелили.

Џафери се откажа од кандидатурата

Дневник - 20.03.2004

ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ ДПА го кандидира пратеникот Зиди Џелили за да не # се случи да остане без претседателски кандидат Лидерот на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, вчера ја повлекол кандидатурата за претседател на државата.

Бранителот во економска битка

Дневник - 20.03.2004

ЉУБЕ БОШКОВСКИ За Љубе Бошковски мотив за претседателската кандидатура е желбата да ги внесе вредностите и стандардите што ги пропагираат европските народни партии, желбата Македонија да стане дел од големото европско семејство, но и да се зачува унитарниот карактер на државава.

Бошковски сигурен дека ги исполнува потребните 10 години жителство

А1 - 19.03.2004

Љубе Бошковски сигурен дека ги исполнува потребните 10 години жителство во Македонија за претседателска кандидатура. Иако, во неговиот штабот стравуваат дека ДИК ќе ја испроблематизира кандидатурата на Бошковски. Ден пред и официјално да ја достави својата кандидатура до ДИК Љубе Бошковски и ...

Арбен Џафери се повлекува од изборната трка

А1 - 19.03.2004

Арбен Џафери се повлече од претседателската трка. На негово место денеска централното собрание одлучи да го кандидира пратеникот и потпретседател на партијата Зуди Џелили. Причината за повлекувањето, заменик претседателот Мендух Тачи го објасни со самоволното толкување на уставот и законот за ...

За потписите нема забелешки

Дневник - 18.03.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Државната изборна комисија досега не добила забелешки за собирањето потписи за кандидат за претседател. Комисијата вчера го назначи судијата Назиф Илијази за претседател на општинската изборна комисија во Тетово.

Осуммина во трка за потписи од избирачите

Време - 17.03.2004

СЕ МНОЖАТ ПРЕТЕНДЕНТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА Осум претенденти за шеф на државата се во поход за собирање потписи од 10 илјади избирачи за потврдување на претседателската кандидатура. Потписи нема да собира само кандидатот на владејачкиот СДСМ, бидејќи за него без проблеми ќе се обезбеди ...

Џафери не исклучува „српско сценарио“

Време - 17.03.2004

ДПА Ако не се спроведе охридскиот договор, можноста за етнички поделби и нови држави е сосема реална, изјави Арбен Џафери, лидер на ДПА и претседателски кандидат, на вчерашната прес-конференција. - Со сите сили ќе се заложам да се спроведе охридскиот договор, но ако не успее, се отвора опцијата за ...

Џафери: Целосна примена на Рамковниот договор или етничка поделба

Утрински - 17.03.2004

ДПА го промовираше партискиот лидер во свој претседателски кандидат на изборите Гојко Ефтоски ТЕТОВО - "Мојот став за етнички и мултиетнички држави е патетичен и условен. Ако Охридскиот договор не се спроведе како што се договоривме, ќе бараме нови опции, а една од нив е етнички држави, што има ...

Џафери предвидува српско сценарио

Дневник - 17.03.2004

демократска партиЈа на албанците Арбен Џафери, претседателски кандидат на ДПА, прогнозира апстиненција на електоратот на изборите и можност за српско сценарио. Ова мислење лидерот на ДПА го искажа на вчерашната прес-конференција одржана во Тетово откако беше соопштено дека биле собрани потребните ...

Продолжува собирањето потписи за Бошковски

Дневник - 17.03.2004

иако Ја заврши работата Собирањето потписи за претседателската кандидатура на Љубе Бошковски ќе продолжи поради инсистирање на членови на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Горан Митевски, шеф на изборниот штаб на Бошковски. - Многу членови на ВМРО-ДПМНЕ се јавија во нашиот изборен штаб и ни кажаа дека биле ...

Џафери: Ако не се спроведе рамковниот, можни опции за етнички држави

А1 - 16.03.2004

Претседателскиот кандидат и лидер на ДПА Арбен Џафери на денешната прес конференција во Тетово ја повтори партиската определба за потполно спроведување на Охридскиот договор. Џафери рече ако се нема енергија за негово спроведување објективно се отвараат нови опции и можности, меѓу кои е и ...

Социјалдемократите масовно се потпишуваат за Бошковски

Време - 16.03.2004

ТУРКАНИЦИ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА Декларирани социјалдемократи деновиве масовно ги посетувале подрачните единици на Министерството за правда во градовите од внатрешноста, но и во Скопје, за да ги дадат своите потписи за поддршка на претседателската кандидатура на вмровецот Љубе ...

Бошкоски и Џафери продолжуваат да собираат потписи

Време - 16.03.2004

ИАКО ГО ИСПОЛНИЈА ЦЕНЗУСОТ Пратеникот Љубе Бошковски и лидерот на ДПА, Арбен Џафери, ќе собираат потписи и во наредните денови, иако за нивната претседателска кандидатура веќе се потпишаа повеќе од 10 илјади избирачи, јавија од изборните штабови на двајцата претенденти за претседателската функција.

Бошкоски и Џафери собраа по 10.000 потписи

Утрински - 16.03.2004

Некои од претседателските кандидати кои влегоа во изборната трка веќе го исполнија цензусот КАТИЦА ЧАНГОВА Претендентите за највисоката државничка функција-претседател на Македонија, Љубе Бошкоски, и Арбен Џафери веќе ги поткрепија своите кандидатури со по 10.000 потписи.

Брат Љубе ќе им се оддолжи на сите што потпишале за него

Дневник - 16.03.2004

БОШКОВСКИ СОБРА ПОТПИСИ Последните податоци зборуваат дека ги собрав потребните потписи за претседателската кандидатура. Но, на граѓаните им ја оставам можноста и понатаму да се потпишуваат, соопшти вчера Љубе Бошковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе учествува како независен кандидат.

Љубе и Џафери први ги собраа потребните 10.000 потписи

А1 - 15.03.2004

Љубе Бошковски и лидерот на ДПА, Арбен Џафери, се првите двајца претседателски кандидати кои ги собраа 10.000 потписи од граѓаните потребни за нивната кандидатура. Според изборниот штаб на Џафери досега за него се собрани над 15.000 потписи, но во следниве денови нема да ги повлечат листите од ...

ДПА ќе оди со Арбен Џафери

Утрински - 15.03.2004

Опозициската партија на Албанците го определи кандидатот Главната цел на Џафери е да го делегитимира раководството на ДУИ ТЕТОВО - Централното собрание на ДПА одлучи нивни кандидат на претстојните претседателски избори да биде лидерот Арбен Џафери.

Лобистите на Љубе Бошкоски биле цел на закани

Утрински - 15.03.2004

Изборниот штаб на Љубе Бошкоски со обвинувања до врвот на ВМРО-ДПМНЕ Љубе Бошкоски се приближува кон бројката од 10 илјади потписи, тврди неговиот штаб Изборниот штаб на Љубе Бошкоски вчера го обвини раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека со закани и притисоци до базата сака да ја попречи акцијата за ...

Петмина кандидати бркаат потписи

Дневник - 15.03.2004

ИЗБОРНО ЗАГРЕВАЊЕ Пет можни кандидати за претседател на државата ја почнаа трката за собирање 10.000 потписи од граѓаните. На Арбен Џафери, лидерот на ДПА, пратеникот Љубе Бошковски и на независниот кандидат Мирко Христов, кои завчера почнаа да собираат потписи, од вчера им се придружија и ...