TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најголемите македонски спортски асови во Крушево спортуваа во чест на Тоше

Канал5 - 12.10.2008

Големите спортски легенди, некогашни спортски асови на Македонија, денеска играа на меморијалниот турнир во одбојка и мал фудбал во Крушево, за големата поп ѕвезда, за големото како што го нарекуваат спортско срце, Тоше Проески.   Горгиевски, Манасков, Најдовски, Богоески, Србиновски, Мутибариќ, Сејдиу и другите зад себе имаат илјадници спортски натпревари. Се радувале кога победувале.

Спортските легенди во чест на Тоше

Дневник - 11.10.2008

Тоше го поддржуваше спортот и го основа одбојкарскиот клуб „Синалко“ од Крушево Во чест на Тоше Проески в недела, во 12 часот, во спортската сала во Крушево ќе се одржат два хуманитарно-спортски натпревара во кои ќе учествуваат многу домашни спортски легенди.

Една година без Тоше

Канал5 - 11.10.2008

Скопје, 11 октомври (МИА) - Според христијанските црковни обичаи денеска во Крушево ќе се одбележи една година од смртта на најголемата македонска музичка икона Тоше Проески, миленикот на сите генерации.

Не помага ниту Господ ниту Тоше

Утрински - 10.10.2008

Македонија може ќе ја избегне светската криза, ама не може да ја совлада таа што самата ја произведува Ниту македонската мегаѕвезда Тоше Проески не може толку да не' обедини колку што можат да не' разединат македонските политичари.

Не му се изнарадувавме на нашето дете додека беше живо

Утрински - 10.10.2008

Животот на Тоше Проески беше како комета - се вивна кон небото, блесна и осветли и отиде да сонува ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА Дваесет и шест години е многу кусо време. Уште не си тргнал, а треба да застанеш и да не се вртиш наназад.

Од првиот хонорар Тоше му купи матурски костум на Марјан Стојановски

Утрински - 10.10.2008

Вчерашната емисија „Проверено“ на хрватската ТВ Нова беше целосно посветена на македонската поп-икона Ексклузивна снимка од средношколските денови (трета година) на Тоше Проески вчеравечер беше емитувана во рамките на емисијата „Проверено“, која се емитува на хрватската ТВ Нова.

Тоше е еден

Утрински - 10.10.2008

Во период од десет дена на двајца музичари им појде од рака да го кренат на нозе Балканот. Мадона на 26 септември привлече 60.000 фанови во Будва и 75.000 два дена подоцна во Атина, а за Тоше Проески на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје се собраа 45.000 обожаватели од балканските простори.

Со Тоше бевме како брат и сестра

Дневник - 09.10.2008

Веднаш сфатив дека е човекот со најголема харизма што некогаш сум го слушнала и се обидов да го споредам со Здравко Чолиќ.

ХРВАТСКАТА ТВ НОВА СО РЕПОРТАЖА ЗА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Сител - 09.10.2008

За една недела Македонија повторно ќе запали свеќи. Се навршува една година од прераната смрт на младиот пејач. Тоше Проески имаше само 26 години. Половина од својот живот го помина во родното Крушево. Потоа замина за Битола. Се запиша во Музичкото училиште каде ја започна својата кариера.

Те сакаме сите Тоше

А1 - 08.10.2008

Со „Ве сакам од срцето и душата“ и антологиската „Зајди Зајди“ започна концертот во чест на музичката икона Тоше Проески. Многу емоции, но искажани преку песна, 40 илјадната публика вечерва пееше наместо поп иконата Тоше Проески.

Манипулирање со љубителите на песните на Тоше

Утрински - 08.10.2008

Светле Јордановска, Скопје Нема поминато ниту една година откако не' напушти, а беше кажано дека не смее никаков концерт во негово име да се прави порано. Неговата менаџерка побрза, божем да му ги исполни неговите желби, ама повеќе ми се чини дека ги исполнува сопствените желби.

Болно сеќавање и продолжување на делото на Тоше Проески

Утрински - 07.10.2008

Над 45.000 посетители беа дел од четиричасовниот концерт посветен на македонската поп-икона Катерина Шекеровска Потресно и драматично беше да се присуствува на завчерашниот концертен спектакл „Те сакаме сите, Тоше“, кој ги обедини најголемите балкански и други музички ѕвезди што соработувале или на ...

За Тоше без политика

Утрински - 07.10.2008

Завчерашното појавување и говорот на премиерот Никола Груевски на хуманитарниот концерт посветен на трагично загинатата македонска поп-икона Тоше Проески предизвикаа лавина реакции.

Се' и сите во Скопје

Дневник - 07.10.2008

Турска инвестиција во Бунарџик, 60.000 нови жители. „Манаки“ се сели во Скопје. Долго време читаме вакви наслови по дневните весници . Мислев дека времињата на луди миграции завршија одамна, но се чини, се лажам.

Хуманоста живее низ песната на Тоше

Дневник - 07.10.2008

Во чест на својот идол, повеќе од 40.000 обожаватели со мобилните телефони го направија „ѕвезденото небо“ на Тоше Студена есенска квечерина. Река од луѓе полека чекори. Скопските улици никогаш не биле толку тивки, молчаливи како завчера, непосредно пред концертот насловен „Те сакаме сите, Тоше“.

Што му требаат вакви работи на човекот?

Н.Македонија - 07.10.2008

Колкав е денешниот рејтинг на премиерот на Република Македонија? Дали има скок од вчерашниот? Колкав е скокот, значителен или незабележлив? Верувам дека денеска сите анкетни агенции на Никола Груевски се ставени во погон да го испитаат ефектот од неговото неделно појавување на концертот посветен на ...

Над 40.000 луѓе ја исполнија желбата на Тоше

А1 - 06.10.2008

Антологиската „Зајди зајди“ го отвори синоќешниот мега спектакл на Градски, прерано испеан реквием од човекот кој стана ѕвезда и остана идол. Кога минатата година се раздели од својата публика, пораката „сите ве сакам, се гледаме до година“, не знаеше дека ќе биде негов аманет.

Љубовта спрема Тоше го обедини Балканот во Скопје

Утрински - 06.10.2008

Во чест на Тоше повеќе од 40.000 посетители на големиот хуманитарен концерт заедно со Калиопи, Наум Петрески, Адријан Гаџа, "Синтезис", Симон Трпчевски, Аки Рахимовски, Леонтина, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Билјана Крстиќ, Руслана, Жељко Самарџиќ и многу други ги испеаја "Иконо Моја", ...

НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ ЗА ТОШЕ ОД ГРАДСКИОТ СТАДИОН

Телма - 06.10.2008

НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ ЗА ТОШЕ ОД ГРАДСКИОТ СТАДИОН Над 40 илјади гледачи и дваесетина звезди од девет држави пееја до доцна во вечерта на Градскиот стадион во Скопје во чест на македонската поп ѕвезда Тоше Проески.

Тендер за изградба на патот на Тоше

Дневник - 06.10.2008

Тендер за изградба на патот на Тоше Министерството за транспорт и врски денеска ќе објави тендер за изведување на градежните работи на патот што ќе го поврзува манастирот „Св.

Порака за продолжување на мисијата на Тоше

Дневник - 06.10.2008

Имав привилегија да работам со извонреден уметник од вашата земја, кој е еднаков на секој голем музичар во светот - изјави Енди Рајт , кој е продуцент и композитор на четири песни од новиот албум на Тоше Со порака за љубов и хуманост и со апел за продолжување на мисијата на Тоше Проески, дел од ...

Над 40.000 луѓе на Градскиот стадион пееја во чест на Тоше

Алсат-М - 06.10.2008

Големиот хуманитарен меѓународен концерт насловен „Те сакаме сите Тоше“ собра над 40.000 илјади луѓе од земјава и регионот Желбата на македонската легенда со својата музика повторно да го наполни Градскиот стадион посакана на 5 октомври минатата година на неговиот последен концерт пред домашната ...

Над 40.000 луѓе на Градскиот стадион пееја во чест на Тоше

Кирилица - 06.10.2008

Желбата на македонската легенда со својата музика повторно да го наполни Градскиот стадион посакана на 5 октомври минатата година на неговиот последен концерт пред домашната публика синоќа се оствари. Петти октовмри да стане ден на хуманост и музика - е пораката што ја пренесе вчерашниот концерт.

Четири часа песна за Тоше

Нетпрес - 06.10.2008

Повеќе од дваесет пејачи од девет држави пеeja на хуманитарниот концерт “Те сакаме сите Тоше“, вечерва на Градскиот стадион во Скопје.

Солзи и насмевки на хуманитарниот концерт во чест на Тоше

Макфакс - 06.10.2008

Над 40 илјади луѓе со насмевки и солзи го следеа хуманитарниот концерт „Те сакаме сите Тоше“, што синоќа се одржа на Градскиот стадион во Скопје. Концертот, посветен на македонската музичка икона Тоше Проески, кој загина лани на 16.