TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Заврши 19-тото издание на Саемот на книгата

А1 - 22.04.2007

На 19-тото издание на Саемот на книгата годинава се претставија речиси сите издавачки куќи од земјава, Здружението на албанските издавачи, книгоиздателства од Бугарија, Албанија и Хрватска, претставници на десетина европски земји, вкупно 230 издавачи.

Посетеноста послаба од лани

Време - 21.04.2007

УЧЕСНИЦИТЕ НА САЕМОТ НА КНИГАТА СЕ ЖАЛАТ НА ИЗОЛИРАНОСТ Весна Дамчевска Посетеноста на Саемот на книгата е далеку послаба од лани, велат учесниците. Првите два саемски дена имаше многу малку посетители, а нивниот број се зголеми дури вчера, се жалат учесниците на оваа саемска манифестација.

Премиерот сака историски книги

Утрински - 21.04.2007

Вчера штандовите на Саемот на книга ги посети Премиерот Никола Груевски, кој разгледувајќи ги понудените наслови, изјави дека големо задоволство му претставува што од година во година нивниот број во Македонија се повеќе се зголемува.

„Византиска Македонија“ најдобро оригинално издание меѓу два саема

Утрински - 21.04.2007

Традиционално големата понуда на издавачите изложена на саемот влезе во конкуренција во изборот за најдобро издание НЕВЕНА ПОПОВСКА Традиционално големата понуда на издавачите, изложена на саемот влезе во конкуренција во изборот за најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на Саемот, ...

„Византиска Македонија“ најдобро издание

Дневник - 21.04.2007

„Византиска Македонија“ од авторите Сашо Коруновски и Елизабета Димитрова е прогласена за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката и културата што било објавено меѓу два саема. Наградата за книгата, издание на „Детска радост“, вчера ја додели Здружението на издавачите на ...

Византиска Македонија и Детска Радост најдобри

Вечер Прес - 21.04.2007

Покрај наградите, енергијата на саемот ја надополнија ученичкиот џагор и љубипотиност Најдобро оригинално издание меѓу двата саема, според жири комисијата на Здружението на издавачи и книжари на Република Македонија е книгата "Византиска Македонија" на авторите Сашо Коруновски И Елизабета ...

Поголем интерес за средбите со автори отколку за промоции

Утрински - 20.04.2007

На програмата за промоции имаше повеќе празен простор отколку резервирани термини, но сепак читателите покажаа што сакаат НЕВЕНА ПОПОВСКА На штандовите на издавачите на годинашниов саем на книга посетителите покажаа поголем интерес за средбите со автори отколку за промоција на нови дела.

Многу нови наслови на 19. Меѓународен саем на книгата

Утрински - 19.04.2007

И покрај големата понуда на нови изданија, годинава нема да се одржат промоции како што беше традиција изминатите години НЕВЕНА ПОПОВСКА Најзначајната и најмасовна културна манифестација во земјава Саемот на книга и годинава им нуди на читателите бројни наслови кои за жал нема да имаат своја ...

Половина издавачи незадоволни од организацијата

Дневник - 19.04.2007

Преполна четврта и полупразна трета хала е сликата што може да се забележи од првите два дена на Саемот на книгата што се одржува на Скопското сајмиште . Издавачите што изложуваат во третата хала се жалат дека нивните штандови се дури за половина помалку посетени од штандовите на другите издавачи.

Празник на непокорот на нашиот мајчин јазик

Време - 18.04.2007

САЕМОТ НА КНИГАТА ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ Вечерва и во наредниве денови ќе се празнува пишаниот збор. Тоа ќе биде празник пред одговорноста, празник на вековнината и непокорот на нашиот мајчин јазик, рече премиерот Никола Груевски на завчерашното отворање на 19.

Две хали полни со атрактивни книги

Вест - 18.04.2007

ОТВОРЕН САЕМОТ НА КНИГАТА ВО СКОПЈЕ Саемот на книга од завчера е отворен. Претставена е белетристика, научна и стручна литература, енциклопедиски изданија, книги за деца, сликовници, есеистика, училишни книги и прирачници, и сето тоа со специјален саемски попуст.

Празник на непокорот на мајчиниот јазик

Дневник - 18.04.2007

Романескни дела и светски прозни хитови од познати странски и од домашни автори се најзастапени кај околу двесте издавачи, кои своите книги ги продаваат со попуст од 10 до 70 отсто Штандови преполнети со нови романи, раскази, книги за деца, монографии, сликовници и по некоја поетска книга од ...

Отворено 19-тото издание на Саемот на книгата

А1 - 16.04.2007

На 19-тото издание на Саемот на книгата годинава учествуваат речиси сите издавачки куќи од земјава, Здружението на албанските издавачи, книгоиздателства од Бугарија, Албанија и Хрватска, претставници на десетина европски земји, вкупно 230 издавачи.

Изданија од 230 домашни и странски куќи

Време - 16.04.2007

ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА 19. САЕМ НА КНИГАТА ВО СКОПЈЕ Околу 230 домашни и странски издавачки куќи ќе ги претстават своите изданија на претстојниот Саем на книгата, кој свечено се отвора вечерва, а ќе работи утре до 22 април на Скопски саем.

Денеска почнува Меѓународниот саем на книга и либрографика

Утрински - 16.04.2007

Саемот учествува во создавањето на култот кон пишаниот збор, кој ги обединува луѓето НЕВЕНА ПОПОВСКА Најзначајната и најмасовна културна манифестација во земјава - Саемот на книга вечерва, со почеток во 19 часот во хала 4, свечено ќе биде отворена од страна на премиерот на Република Македонија, ...

Стотина нови дела за славање на книгата

Дневник - 16.04.2007

На седумдневно празнување на книгата, повеќе од 70 отсто од изложените книги ќе бидат преведена литература Љубовни приказни, теории за светски заговори, криминолошки романи, книги раскази од домашни и странски автори ќе ги запоседнат штандовите во третата и четвртата хала на годинашниот Саем на ...