TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Голем бод за ракометарите на Вардар Про

А1 - 07.10.2007

Голем бод за ракометарите на Вардар Про на гостувањето во Загреб во второто коло од Лигата на Шампионите. По триуфмот над Шафхаузен, македонскиот првак остана непоразен на теренот на фаворитот во групата „Ц“ со тимот на Кроација и со тоа значително ги зголеми шансите за долга Евро-сезона, во ...

Чудата ретко се случуваат

Вест - 06.10.2007

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ВАРДАР ГОСТУВА КАЈ ЗАГРЕБ ЦО Вардарци вчера попладне заминаа на мини-турнеја во рамките на Лигата на шампионите, која ќе ги опфати Загреб ЦО (утре) и Адемар (среда). Тоа се две гостувања од кои, како што признава тренерот Веселин Вујовиќ, вардарци не очекуваат многу, ...

Вујовиќ: Да не се импресионираме од светските имиња

Време - 06.10.2007

ЛШ, ВАРДАР УТРЕ ГОСТУВА ВО ЗАГРЕБ Сметам дека Загреб КО е многу посилен од минатата година и тоа го поткрепувам со фактот дека во хрватскиот првак дојдоа Игор Вори, Мирза Џомба, секако и Македонецот Кире Лазаров. Но, нивните имиња не треба да не импресионираат.

Тешка задача за Вардар про во Загреб

Утрински - 06.10.2007

Вујовиќ се обидува да ги убеди своите ракометари дека во ЛШ се' е можно Обрад Радуловиќ Ракометарите на Вардар про в недела од 17,45 ч. во Загреб ги очекува првиот тежок испит на гостувањата во рамките на групата Ц од Лигата на шампионите.

Вардар про нема што да загуби

Дневник - 06.10.2007

Од двата меча што ги играме со Загреб и Адемар Леон, не можеме многу да загубиме, туку само да добиеме, размислува Веселин Вујовиќ пред утрешното гостување кај Кроација Осигурување во Загреб (17,45 МТВ пренос) и в среда, во Шпанија. - Резултатот не е пресуден, зашто и онака двата тима се фаворити.

Вардарци набиваат кондиција

Вест - 03.10.2007

РАКОМЕТ - ПРЕД МЕЧЕВИТЕ СО ЗАГРЕБ ЦО И СО АДЕМАР Пред вардарци е, можеби, најнапорниот дел од сезоната: за осум дена треба да се одиграат три средби. Синоќа и гостуваа на Младост во Богданци, в недела на Загреб ЦО во рамките на Лигата на шампионите, а веднаш потоа продолжуваат за Шпанија, каде што ...

Вујовиќ: А сега по бод во Загреб

Време - 02.10.2007

РАКОМЕТПО ПОБЕДАТА НАД КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН Иако малобројна, публиката во СРЦ „Кале“ во саботата беше сведок на првата победа на ракометарите на Вардар про во Лигата на шампионите (ЛШ) на отворањето на сезоната во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Вујовиќ: Победата битна на психолошки план

А1 - 01.10.2007

Минималната победа од само гол разлика над директниот ривал за третото место во групата, Шафхаузен, остварена на стартот од фазата по групи во Лигата на шампионите, не е гаранција дека нашиот најдобар ракометен клуб, Вардар Про е зрел за подолг есенски престој на евро сцената.

Тенка гаранција на амбициите

Вест - 01.10.2007

ВАРДАРЦИ СТАРТУВАА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ СО МИНИМАЛНА ПОБЕДА Вардарци ја прекинаа непријатната традиција и во петтиот обид победија во првото коло на Лигата на шампионите, но завршниот плус еден во "најважниот меч во овој дел од сезоната", како што беше наречен дуелот со Кадетен Шафхаузен, е ...

Прва победа дома во стартот на ЛШ

Време - 01.10.2007

ЛШ, 1. КОЛО, ВАРДАР ПРО - КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 27-26 (14-11) Александра Мазнева -Бундалевска Со променлива игра и многу резултатски осцилации ракометарите на Вардар про ја забележаа воведната победа во натпреварите по групи во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите (ЛШ), против ...

Вардар Про со тешки маки го доби Шафхаузен

Утрински - 01.10.2007

Со 11 гола беше најефикасен играч на мечот: Немања Прибак „Црвено-црните“ славеа со 27:26, што е нивна прва победа во историјата на стартот од настапите во Лигата на шампионите САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Ракометарите на Вардар Про за првпат во историјата стартуваа со победа во Лигата на шампионите.

Вардарци со мака до бодовите

Дневник - 01.10.2007

„Црвено-црните“ ја почнаа сезоната со „тенка“ победа во „Кале“ Ракометарите на Вардар про извојуваа тешка и неубедлива, но сепак многу вредна победа, во својот прв меч од групата Ц од ЛШ, на свој терен, против швајцарскиот претставник Кадетен Шафхаузен, со резултат 27-26 (14-11).