TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рамсфелд: Од Рига порака за ново проширување на НАТО

Макфакс - 08.10.2006

Вашингтон НАТО од самитот во Рига ќе испрати порака дека е заинтересиран за натамошно проширување. Ова го најави американскиот државен секретар Доналд Рамсфелд на средба со хрватскиот премиер Иво Санадер во Вашингтон, јави агенцијата Хина.

Милошоски: Македонија очекува прием во НАТО во 2008, во ЕУ во 2012

Макфакс - 07.10.2006

Брисел Македонија очекува повик да стане членка на НАТО вo 2008, а потоа во 2012 да и се приклучи на Европската унија (ЕУ). Ова, денеска во Брисел, го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. “Очекуваме дека ќе биде речено, 2008 да биде година за натамошно проширување на НАТО“, ...

Шефер - Без покани за членство во Рига

Макфакс - 07.10.2006

Москва Ниту една балканска земја нема да добие покана за членство во НАТО на ноемврискиот самит во Рига. Ова синоќа децидно го изјави генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер на крајот на .посета на Москва. Шефер, како што пренесува Макфакс, додаде дека НАТО е отворен за прием на нови членки ...

НАТО во детали ќе ги набљудува реформите во Македонија

А1 - 06.10.2006

Во наредните две години НАТО многу внимателно, во детали, ќе ги набљудува реформите во Македонија, велат извори во Брисел. На денешното претставување на осмиот акционен план во седиштето на НАТО, на македонската делегација отворено и било кажано дека мора повеќе да се работи на политичките ...

Пратениците да лобираат за НАТО

Дневник - 06.10.2006

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ги повика парламентарците да ги искористат своите лични контакти во странство во лобирањето за членството на Македонија во НАТО, еден од приоритетите на македонската Влада. Тој вчера ги информира членовите на собраниската Комисија за надворешна ...

Во „јатото“ кон НАТО и Грузија

Дневник - 05.10.2006

Предлог-законот за поддршка на ширењето на НАТО и за прием на нови држави, вклучувајќи ја и Македонија, е поднесен до американскиот Сенат. Документот вчера го поднесе претседателот на Надворешнополитичкиот одбор во американскиот Сенат, сенаторот Ричард Лугар.

Еленовски: Македонија очекува НАТО да и го признае прогресот

Макфакс - 05.10.2006

Скопје/Бон Република Македонија очекува на самитот НАТО во Рига да и биде признаен прогресот, заедно со останатите држави од Јадранската група. Ова го изјави македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски во денешното интервју за радио „Дојче Веле“.

Прием на Македонија во НАТО во догледно време

Вечер Прес - 05.10.2006

Претседателот на надворешно-политичкиот одбор на американскиот сенат, Ричард Лугар, поднел предлог-закон за поддршка од страна на САД на натамошното проширување на НАТО. Во него се вели дека во догледно време Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија треба да станат дел од Алијансата, а Лугар за ...

Американски сенатор со поддршка на ширењето на НАТО

А1 - 04.10.2006

Американскиот сенатор Ричард Лугар доцна синоќа поднел предлог закон за поддршка на ширењето на НАТО и за прием на нови држави, вклучувајќи ја и Македонија. Со него се предвидува поддршка на прием во НАТО на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија, во догледно време.

Милошоски и Еленоски очи в очи со амбасадорите од НАТО-земјите

Време - 04.10.2006

ПРВПАТ ПО ИЗБОРОТ НА НОВАТА ВЛАДА Министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Лазар Еленовски вчера се сретнаа со амбасадорите од земјите-членки на НАТО на кои им ја презентираа годишната програма за реформите за членство во НАТО.

Еленовски: Милошоски кажа вовед, а јас ја објаснив одбраната

Вест - 04.10.2006

ПРВА СРЕДБА НА МИНИСТРИТЕ ЗА ОДБРАНА И ЗА НАДВОРЕШНИ СО АМБАСАДОРИТЕ НА НАТО Македонските министри за одбрана и за надворешни работи Лазар Еленовски и Антонио Милошоски вчера се сретнаа со амбасадорите на НАТО членките за да им кажат до каде стасала Македонија на патот кон Алијансата.

Според Еленовски, и пофалбите во Рига се позитивен сигнал

Утрински - 04.10.2006

Скопје не очекува покана од самитот на НАТО, туку најмногу јасни пораки Министерот за одбрана, Лазар Еленовски, излезе вчера со ретерирани очекувања од самитот на НАТО во ноември во Рига, изјавувајќи пред новинарите дека позитивен сигнал за Македонија би бил - ако се признае прогресот на нашата ...

Јадранската група бара поддршка за во НАТО

Макфакс - 04.10.2006

Тирана Парламентарното собрание на НАТО да ги поддржи Македонија, Албанија и Хрватска за влез во НАТО. Ова се бара во завршната Декларација што високи парламентарни делегации на трите земји од Јадранската група ја потпишаа денеска во Тирана.

Декларација на Јадранската група за НАТО

Макфакс - 04.10.2006

Тирана Усвојување заедничка декларација е предвидено за денешниот завршен состанок на собраниските делегации на трите земји од Јадранската група. Декларацијата на членките - Македонија, Албанија и Хрватска - треба да биде проследена до Парламентарното собрание на НАТО што на 13 и 14 ноември ќе се ...

Германска поддршка за НАТО И ЕУ

Макфакс - 04.10.2006

Скопје Германија и дава огромна поддршка на Македонија на патот кон членство во НАТО и Европската унија. Ова е пораката што министерот за одбрана на Германија, Франц Јозеф Јунг му ја пренел на македонскиот колега Лазар Еленовски, за време на нивната средба во Берлин, соопшти во Скопје ...

Предлог закон за Македонија во НАТО во Сенатот на САД

Макфакс - 04.10.2006

Вашингтон Предлог законот за поддршка на ширењето на НАТО и за прием нови држави, вклучувајќи ја и Македонија, е поднесен до американскиот Сенат. Документот синоќа по македонско време го поднесе претседателот на надворешно-политички одбор во американскиот Сенат, сенаторот Ричард Лугар.

Милошоски и Еленовски на средба со НАТО амбасадорите

А1 - 03.10.2006

Реформите во одбраната да продолжат, а политичките да се забрзаат, се договориле НАТО амбасадорите во Скопје со министрите за одбрана, за надворешни работи и националниот координатор за НАТО. Еден ден откако беа објавени делови од интерен извештај на заедничката команда на Алијансата во Неапол, во ...

Странските амбасадори во земјава се загрижени за донесувањето на законот за полиција

Канал5 - 03.10.2006

Политичките критериуми треба да бидат приоритет за идното зачленување на Македонија во НАТО, затоа што одбранбените реформи се одвиваат добро. Политичките критериуми треба да бидат приоритет за идното зачленување на Македонија во НАТО, затоа што одбранбените реформи се одвиваат добро.

Јадранската група чека датум од самитот на НАТО во Рига

Макфакс - 03.10.2006

Тирана Претстојниот самит во Рига ќе дефинира конкретен датум за вклучување на Македонија, Албанија и Хрватска во НАТО. Ова уверување е испратено денеска од Тирана од состанокот на собраниските делегации на трите земји од Јадранската група, кои се дел од Парламентарното собрание на НАТО.

Конференција за безбедносна политика

Макфакс - 03.10.2006

Скопје Министерот за одбрана Лазар Еленовски учествува на средбата за европска безбедност- Берлинска Конференција за безбедносна соработка. Централна тема на дводневната конференција, што се одржува во Берлин, е „Главни цели на европската одбрана“.

Македонија го заслужи НАТО

Време - 02.10.2006

ВЛИЈАТЕЛНИ АМЕРИКАНСКИ СЕНАТОРИ ПРЕДЛАГААТ ЗАКОН Боби Христов Тројца влијателни американски сенатори предложија закон со кој ја повикуваат администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш да ги поттикне проширувањето на НАТО и добивањето покана за членство за Македонија, Албанија, Хрватска и ...

Американски сенатори ја сакаат Македонија во НАТО

Дневник - 02.10.2006

Петмина американски сенатори, меѓу кои и лидерот на американското мнозинство Бил Фрист завчера објавија дека предложиле нацрт-закон за поддршка на приемот на Македонија, Албанија, Хрватска и Грузија во НАТО. - Проширувањето на НАТО во последните десет години создаде најсилен сојуз во историјата и ...

Нацрт-закон за поддршка на проширувањето на НАТО

Вечер Прес - 02.10.2006

- Петмина американски сенатори, меѓу кои и лидерот на американското мнозинство Бил Фрист, објавија дека предложиле Нацрт-закон за поддршка на приемот на Македонија, Албанија, Хрватска и Грузија во НАТО. - Проширувањето на НАТО во последните десет години создаде најсилен сојуз во историјата и ...