TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Исламабад: Пакистанските власти забранија движење на нафтени камиони кон Авганистан

Р.С.Европа - 16.11.2008

Пакистанските власти го забранија движењето на нафтени камиони на автопатот кон Авганистан, што пак може да передизвика последци врз снабдувачкиот синџир на американските и НАТО трупите во таа земја. Според пакистанските власти овој чекор бил преземен поради безбедносни причини и ќе биде прекинат најбрзо што може.

Пакистан ја затвори главната рута за снабдување на НАТО во Авганистан

Алсат-М - 16.11.2008

Одлуката на Пакистан привремено да спречи дел од камионите да преминуваат преку главниот планински премин на границата со Авганистан ја загрозува главната рута за снабдување на НАТО силите во Авганистан. Американскиот и НАТО контингентите стравуваат од влошување на безбедносната состојба во пограничниот регион во кој дејствуваат милитантите блиски до талибанците и терористичката организација Ал ...

Беспилотно летало на САД уби 12 лица во Авганистан

Утрински - 15.11.2008

Беспилотно летало на САД уби 12 лица во Авганистан. КАБУЛ - Од ракети истрелани од американско беспилотно летало загинаа најмалку 12 лица во пакистанскиот племенски регион на границата со Авганистан, изјавија официјални лица. Тие посочија дека проектилите уништиле куќа во едно село.

Двајца убиени и еден киднапиран новинар во Пакистан

А1 - 14.11.2008

Јапонски и авганистански новинар денеска се убиени во северозападниот пакистански град Пешавар, во кој се повеќе има исламистички бунтовници, кои доаѓаат од племенските области долж границата со Авганистан, соопшти локалната полиција. Двајцата новинари биле нападнати од автомобил во движење во квартот Хајатабад, во кој пред два дена беше убиен еден хуманитарен работник.

Пакистан: Најамлку 20 загинати во американски напад во граничен регион со Авганистан

Р.С.Европа - 14.11.2008

Најмалку десет луѓе загинале во, како што јавуваат агенциите, американски ракетен напад врз регионот на Пакистан кој граничи со Авганистан. Цел на нападот бил засолниште на талибанците и на приврзаници на Ал Каида. Претходно, претставници на американската разузнавачка агенција ЦИА изјавија дека Осама бин Ладен бил изолиран од дневните операции на оваа терористичка организација и сега единствено ...

Пакистан: Дванаесет загинати во американски напад

Алсат-М - 14.11.2008

Најмалку 12 луѓе загинаа кога американско беcпилотно летало истрелалo ракети врз цели во Вазиристан, северен Пакистан. Во напад на село, што се наоѓа во област која што е под силно влијание на талибанците и Ал Каеда, загинале и петмина странски државјани, јавуваат агенциите.

Канадска новинарка киднапирана во Пакистан

Канал5 - 14.11.2008

Отава, 14 ноември (МИА) - Кандаска новинарка беше киднапирана оваа недела во северозападниот дел од Пакистан. Беверли Гисбрехт (52) која работи за интернет издание под името Хаџиџа Абдул Кар, подготвувала „алтернативни материјали“ за исламскиот свет. Била киднапирана заедно со својот преведувач во реоот на градот Бану.

Најмалку 12 мртви во американски ракетен напад на Пакистан

Нетпрес - 14.11.2008

Во ракетен напад на американски беспилотни летала рано утринава во пакистанскиот племенски регион Вазиристан загинале 12 лица меѓу кои и пет странски државјани, соопштиле пакистанските влсти. Мета на нападите било едно село на границата помеѓу северен и јужен Вазиристан во областа позната како засолниште на пакистанско- талибанскиот командант Баитул Месхуд.

Најмалку 12 загинати во Пакистан

Макфакс - 14.11.2008

Најмалку 12 луѓе загинаа кога американско беcпилотно летало истрелалo ракети врз цели во Вазиристан, северен Пакистан, соопштија владини извори. Во напад на село, што се наоѓа во област која што е под силно влијание на талибанците и Ал Каеда, загинале и петмина странски државјани, јавуваат агенциите.

Киднапиран ирански дипломат

Алсат-М - 13.11.2008

Ирански дипломат е киднапиран на северозападот на Пакистан, а неговиот телохранител е убиен. Грабнувачите отвориле оган врз неговиот автомобил, го застрелале неговиот телохранител и го одвеле. Инцидентот се случи во Пешавар, во пакистанско-авганистанскиот пограничен регион. Таму вчера беше убиен еден американски активист на хуманитарна организација. Регионот важи за упориште на Талибанците.

Киднапиран ирански дипломат во Пакистан

Нетпрес - 13.11.2008

Вооружени напаѓачи денес киднапирале ирански дипломат и го убиле неговиот возач во градот Пешавар, во северозападен Пакистан, пренесуваат светските агнеции. Се претпоставува дека зад киднапирањето стојат талибанските бунтовници и нивните помагачи, меѓушиитскитe екстремисти кои и понатаму негуваат огромна нетрпеливост кон шиитите кои го чинат мнозинското население во Иран.

Милитанти киднапираа 13 камиони на американските сојузници

Утрински - 11.11.2008

Милитанти киднапираа 13 камиони на американските сојузници во Пакистан. ЛАНДИКОТАЛ - Милитантите од северозападен Пакистан вчера киднапираа 13 камиони кои пренесуваа резерви за западните сили во Авганистан, додека минуваа низ Киберовиот Премин, јави претставник на владата.

Талибанците киднапираа 12 камиони со залихи на американските сили

Алсат-М - 11.11.2008

Исламски екстремисти во северозападен Пакистан киднапираа 12 камиони со залихи за американските и западни сили во Авганистан, ги испразниле возилата и ги оставиле во една долина, соопштија денеска претставници на локалната власт. Вооружена група од околу 60 маскирани напаѓачи киднапираа вчера камиони заедно со возачите додека конвојот минувал низ клисурата Хибер.

Киднапирани 12 камиони со залихи за американските и западни сили во Авганистан

Канал5 - 11.11.2008

Исламабад, 11 ноември (МИА) – Исламски екстремисти кои на северозапад во Пакистан киднапираа 12 камиони со залихи за американските и западни сили во Авганистан, ги испразниле возилата и ги оставиле во една долина, соопштија денеска претставници на локалната власт. Вооружена група од околу 60 маскирани напаѓачи киднапираа вчера камиони заедно со возачите додека конвојот минувал низ клисурата Хибер.

Киднапиран новинар во Авганистан

Нетпрес - 11.11.2008

Новинар на американскиот весник “Њујорк Тајм“ е киднапиран во Авганистан. Новинарот како и неговите авганистански помошници се киднапирани во провинцијата Логар, јужно од Кабул. Веста е потврдена од заменик на полициската служби од провинцијата Логар, каде е цитиран во новинската агенција “Нова Кина“, каде е соопштено само името на киднапираниот новинар Дејвис.