TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ФИФА ја потврди поддршката на актуелното раководство

Вест - 21.04.2007

НОВО СООПШТЕНИЕ НА СВЕТСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА Светската фудбалска федерација (ФИФА) и нејзината членка УЕФА уште еднаш отворено застанаа зад актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Хари Хаџи-Ристески.

За ФИФА, ништо не се променило во Македонија

Време - 21.04.2007

ВО ЦИРИХ СЕ СЛЕДИ СИТУАЦИЈАТА ВО ФФМ За светската фудбалска федерација (ФИФА) ништо не е променето во Фудбалската федерација на Македонија, иако во последниов месец се случи собрание на иницијаторите, кои го сменија претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и закажаа избори за 19 мај.

ФИФА и УЕФА се закануваат со суспензија на Македонија

Утрински - 21.04.2007

Двете фудбалски асоцијации го нарекуваат Иницијативниот одбор за промени илегално тело Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и нејзината помлада сестра европската фудбалска асоцијација (УЕФА), вчера на официјалната веб страна на ФИФА, а нешто подоцна и на УЕФА, упатија уште една јасна порака до ...

ФИФА и УЕФА и се заканија со суспензија на ФФМ

Дневник - 21.04.2007

Светската и европската куќа на фудбалот, ФИФА и УЕФА, бараат дијалог на двете спротивставени страни во битката за превласт во македонската фудбалска федерација (ФФМ) и легална процедура за евентуална смена на претседателот Харалампие Хаџи-Ристески.

Македонија поддржува излегување од домашниот атар

Дневник - 21.04.2007

Србија нуди натпреварувања, покрај македонските екипи, уште со романски и бугарски Фудбалската федерација на Македонија поддржува секакво излегување на екипите од домашниот атар. Таков е ставот и по најновиот писмен предлог во серијата идеи за организирање на регионална фудбалска лига, што деновиве ...

Подобро дијалог, отколку суспензија

Вечер Прес - 21.04.2007

Во соопштението објавено вчера, заеднички од ФИФА и УЕФА, повторно се осудени сите неинституционални активности за промени, а "Вечер" го пренесува во целост. "ФИФА и УЕФА се информирани дека на 14. април 2007 година мал број делегати одржале состанок со цел да дискутираат за смена на сегашниот и ...

ФИФА и УЕФА се заканија со исклучување на Македонија

А1 - 20.04.2007

Нов момент што може да донесе пресвртница во битката за челните места во Фудбалската федерација на Македонија. Предупредувајќи со можна суспензија на ФФМ, европската и светската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА, изразија уште една силна и досега најексплицитна поддршка за актуелното раководство ...

УЕФА и ФИФА немаат абер за вонредното собрание на ФФМ

Утрински - 20.04.2007

Материјалите од собранието на ИО за промени се' уште не пристигнале во седиштата на двете фудбалски организации МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Иако беше најавено од иницијаторите за промени во ФФМ, по одржаното нивно вонредно собрание на 14 април во Скопје, дека веќе се испратени сите материјали, со списокот на ...

Полицијата ја тестира трпеливоста на ФИФА и на УЕФА

Време - 19.04.2007

НОВИ ПРИТИСОЦИ ИЛИ СТАРИ НАВИКИ Златко Крстевски Салим Абдили и Абдула Сакипи, делегати во собранието на Фудбалската федерација на Македонија од ОФС Липково, завчера биле повикани на информативен разговор во полицијата, каде што биле испрашувани зошто му дале поддршка на претседателот Харалампие ...

Георгиевски разрешен, Смиљковиќ нов претседател на ОФС Куманово

Утрински - 19.04.2007

Без одобрение на УО на ОФС Куманово, Георгиевски ставил печат на иницијативата за промени во ФФМ САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Нетранспарентно работење, некоординираност, недоволна ангажираност, делување на своја рака без претходна консултација со Управниот одбор (УО), самоволие и врв на се', насилно одземање ...

За Хаџи-Ристески: Струмица, Кавадарци, Велес и Прилеп За Божиновски: Штип, Охрид, Кратово и Струга Скопје поделено

Време - 17.04.2007

ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛЕНОСТ ВО ПОДДРШКАТА НА ДВАТА ТАБОРА ШТО ВОЈУВААТ ЗА ФФМ Златко Крстевски Мнозинство од по шест делегати што ги дава градот Скопје во собранието на Фудбалската федерација на Македонија имаат и двете страни во борбата за власт во нашата најбогата спортска федерација.

Во УЕФА ги нема материјалите на Иницијативниот одбор

Утрински - 17.04.2007

Актуелното раководство со своите аргументи ги запозна надлежните структури на УЕФА Бурниот викенд за мак-фудбалот е зад нас, а првиот работен ден од новата недела не донесе ништо ново кога станува збор за реакциите по последните случувања и одржаното Вонредно Собрание на Иницијативниот одбор за ...

Превирањата меѓу иницијативниот одбор и ФФМ го засенија фудбалското првенство

А1 - 16.04.2007

На фудбалски план главната битка не е на терените, туку за превласт во врвот на федерацијата. Борците за промени одржаа вонредно собрание на кое го разрешија претседателот Хаџиристески. Водачот на ФФМ вели дека станува збор само за собир на група граѓани кој нема никаков легитимитет.

ИО за промени немаше ни кворум

Вест - 16.04.2007

ОДГОВОР НА УПРАВНИОТ ОДБОР: Управниот одбор на ФФМ вчера одржа итна седница по која одржа прес-конференција на која беше презентиран список со 61 делегат, кои не присуствувале на вонредното собрание во "Холидеј Ин". Од тоа произлегува дека на собранието можеле да присуствуваат максимум 45 делегати, ...

Го сменија Хаџи-Ристески и закажаа избори за 19 мај

Време - 16.04.2007

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ОДРЖА ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА ФФМ Никола Богојевски Вонредното собрание на иницијативниот одбор за промени во Фудбалската федерација на Македонија, поддржано од осум општински фудбалски сојузи, го разреши претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие ...

Хаџи-Ристески, наводно, разрешен

Вест - 16.04.2007

ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА ФФМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИО ЗА ПРОМЕНИ Хари Хаџи-Ристески беше разрешен од позицијата претседател на ФФМ на вонредното собрание одржано во саботата во скопскиот хотел "Холидеј ин" во организација на иницијативниот одбор за промени, на кое, наводно, присуствуваа 57 делегати.

Вонредното собрание е само група граѓани

Време - 16.04.2007

ХАРИ ХАЏИРИСТЕСКИ Никола Богојевски Иницијативниот одбор и вонредното собрание е само група на граѓани, кое нема никаков правен легитимитет да одлучува, рече Харалампие Хаџи-Ристески, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), еден ден откако иницијаторите за промени во ...

Хаџиристески - Не ги прифаќаме заклучоците од „Холидеј ин“

Утрински - 16.04.2007

Актуелното раководство достави список со имињата на 61 делегат кои не присуствуваа на вонредното Собрание ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Управниот одбор (УО) на фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не ги призната одлуките кои произлегоа од Вонредното Собрание кое во саботата во хотелот „Холидеј ин“ во ...

Првиот судија пријави напад од Омерагиќ

Дневник - 16.04.2007

Бев во болница и извадив лекарско уверение за да поднесам кривична пријава против Масар Омерагиќ, кој ме нападна со уште неколку непознати лица на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“, вели Боро Мадиќ, претседателот на Судискиот одбор на ФФМ.

Недоверба за претседателот и за УO на ФФМ

Дневник - 16.04.2007

Според верификаторите, во работата учествувале 57 делегати, но не беше доставен список на присутните На актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи-Ристески и на Управниот одбор, им е изгласана недоверба на собирот на незадоволните делегати на Собранието на ...

Хаџи-Ристески: Божиновски ќе почека до 2009

Дневник - 16.04.2007

Одговорно тврдиме дека собирот во Скопје немаше кворум, вели претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. Нему и на УО им беше изгласана недоверба од споменатиот собир на незадоволните делегати. Раководството на ФФМ вчера експресно одржа седница, по што сите, без тројцата члена Зилкадри Исеини, ...

Собирот во Скопје без кворум

Вечер Прес - 16.04.2007

На вонредното собрание не присуствувале 61 делегат, односно немало повеќе од 45 присутни Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија вчера се состана, по што беше одржана и прес- конференција. Причини за итниот состанок, на кој од 15 члена не присуствувале тројца од кои еден оправдано, ...

Хаџи-Ристески делегитимиран

Вечер Прес - 16.04.2007

За негово разрешување се изјаснија 56 делегати, а еден беше воздржан од вкупно 57 присутни. Изборно собрание на 19 мај Харалампие Хаџи-Ристески ја нема легитимноста да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија.