TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коњановски заминува од локалната самоуправа

Време - 21.04.2007

СО ВЛЕЗОТ НА ПДП ВО ВЛАДАТА Со влегувањето на партијата на Абдулади Вејсели во владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби едно министерство. Жртва во оваа миниреконструкција на Владата ќе биде министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски.

Груевски одлучува за одењето на Коњановски од Владата

Утрински - 21.04.2007

За евентуалното заминување на Зоран Коњановски од челната позиција во ресорот локална самоуправа одлучува премиерот Никола Груевски. По неофицијалните информации дека Партијата за демократски просперитет влегува во Владата и тоа токму преку ресорот локална самоуправа, актуелниот министер со ...

Коњановски подготвен да си оди

Вечер Прес - 21.04.2007

-Премиерот Никола Груевски има мандат да преговара и тој ќе ја донесе конечната одлука дали и кој ресор во Владата ќе го добие ПДП, изјави вчера министерот за Локална самоуправа Зоран Коњановски околу најавите дека токму министерството со кое тој раководи ќе и припадне на партијата на Вејсели.

ПДП чека да види што ќе и' понуди Груевски

Утрински - 20.04.2007

Влегувањето на Партијата за демократски просперитет (ПДП) во Владата се' уште е предмет на преговори и тактизирања. Премиерот Никола Груевски, вчера во изјава за новинарите рече дека со лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, не разговарале околу деталите за можно министерско место на ПДП во Владата.

Од министер - директор во РЕК

Дневник - 20.04.2007

ПДП ќе го добие Министерството за локална самоуправа, а министерот Зоран Коњановски ќе стане директор на РЕК „Битола“, дознаваме од партиски извори во ПДП. Не се исклучува можноста премиерот Никола Груевски и лидерот на ПДП Абдулади Вејсели за распределбата на ресорите да разговараат вчеравечер.

Вејсели ја прифатил владината платформа

А1 - 19.04.2007

Лидерот на ПДП Абдулади Вејсели ја прифатил владината платформа, ќе работел чесно, транспарентно, ефикасно и напорно во две смени, како што Груевски ја рекламира работата на владата. Ова било договорено на средбата меѓу премиерот Груевски и Вејсели.

ПДП влегува во Владата без разлика што ќе и понудат

Време - 19.04.2007

ВЕЈСЕЛИ СЕ СРЕТНАЛ СО ГРУЕВСКИ Абдулади Вејсели, лидерот на ПДП, доцна завчеравечер се сретнал со премиерот Никола Груевски и му соопштил дека безусловно прифаќа влез во Владата, без разлика на понудата што ќе ја добие, дознаваме од владини извори.

Груевски ќе ја праша базата што да му понуди на ПДП

Вечер Прес - 19.04.2007

Претседателот на ПДП Абдулади Вејсели во понеделникот и официјално му соопштил на Премиерот Никола Груевски дека ја прифаќа понудата за влез во Владината коалиција. На средба во Владата, веднаш по враќањето на Вејсели од Тирана лидерот на Просперитетот ветил дека партијата ќе понуди квалитетни ...

ПДП на 17 годишнината од постоењето пред влез во власта

Канал5 - 18.04.2007

ПДП се надева на едно министерско, едно заемничко министерско и три директорки места во владата на Груевски. Седумнаесетгодишнината од постоењето членовите ја прославија со информациите од лидерот Вејсели на средба вчеравечер е подадена рака со премиерот Груевски – ПДП да се придружи на владината ...

Со ПДП до поголем кворум во Собранието

Време - 16.04.2007

ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ОКРУПНУВА Влезот на ПДП во Владата ќе го подобри кворумот во Собранието, оцени Тито Петковски, лидер на НСДП, по поканата на премиерот Груевски до Абдулади Вејсели, претседател на ПДП, оваа партија да влезе во власта.

Груевски- Ги отвораме вратите за ПДП

Утрински - 16.04.2007

Изградба на училишта од приватни лица и компании ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - „Уште од почетокот и' понудивме коалиција на ПДП. Верувам дека програмата на Владата и начинот на кој работиме веќе осум месеци со голема енергија и труд и трошење на многу од слободното време за да стигнеме до проектите што им ...

НСДП ќе отстапи место, но само ако во Владата влезе и ДУИ

Утрински - 16.04.2007

Дали на ред е влез во Владата и на Демократската партија на Србите со еден пратеник СОЊА КРАМАРСКА „Ние сме подготвени да му понудиме на премиерот Груевски кадри од сите области “, одговори вчера лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели на пораката од Груевски.

Беше еднаш...

Дневник - 16.04.2007

Си беше еднаш една ПДП. Со големи желби. Со големи идеали. Со големи соништа. И за малку да заврши на распродажба Си беше еднаш една ПДП. Беше тоа многу одамна. Децата што се родија во исто време кога се основаше оваа партија веќе се матуранти. И ако добро се сеќавам, матура во превод значи зрелост.

ПДП со една нога во Владата

Дневник - 16.04.2007

Премиерот Никола Груевски најави скора средба со лидерот на ПДП, Абдуљади Вејсели, и разговори за нивното можно приклучување во владината коалиција. - Ќе се сретнеме наскоро. Ние уште од почетокот им понудивме на ПДП да дојдат со нас во коалиција. Веројатно и тие размислуваат за тоа.

ДПА и НСДП не даваат министерство за ПДП

Вечер Прес - 16.04.2007

Во очекување на конечната одлука на партиските тела на ПДП за влез во владината коалиција, ниту ДПА ниту НСДП не се расположени да отстапат од некои од министерствата со кои раководат во корист на партијата на Вејсели. Новите социјалдемократи велат дека за тоа постоел договор уште при преговорите ...