TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунарот Петрески заврши на нервна Клиника

А1 - 21.04.2007

Прилепскиот тутунар Драган Петрески заврши на нервната Клиника во Прилеп поради продолжувањето на притисоците и заканите по неговиот живот од страна на луѓе во Комбинатот. Видно вознемирен, плашејќи се за безбедноста на своето семејство, денеска не сакаше да даде изјава пред камера.

Пари за тутунот - идната недела

Време - 21.04.2007

ПРИЛЕПСКИТЕ ТУТУНАРИ ГИ ОТКАЖАТ ПРОТЕСТИТЕ Откако добија ветување дека исплата на парите за тутунот од минатогодишната реколта ќе добијат идната недела, прилепските тутунари ги откажа најавените масовни протести и блокади на патишта во знак на револт што исплатата доцни два месеци.

Тутунарите ги откажаа протестите

Дневник - 21.04.2007

Прилепските тутунари, кои неколку дена протестираа пред Тутунскиот комбинат, ги откажаа понатамошните протести по вчерашната средба со градоначалникот Марјан Ристески. Тие бараат исплата на парите за предадениот тутун, која доцни повеќе од два месеца.

Хајка против тутунарите кои си ги бараат своите пари

А1 - 20.04.2007

Хајка против тутунарите кои легално си ги бараат своите тешко заработени пари. По сторијата на А1 за социјалната беда на семејството Петрески, луѓе од комбинатот заедно со полицијата вршеле притисок врз Драган Петрески, испитувајќи каде живее и што работи.

Прилепскиот тутунски комбинат пак вети пари за тутунарите

Вест - 20.04.2007

Преговорите на Тутунскиот комбинат во Прилеп за продажба на целата реколта на тутун се во завршна фаза и за денеска се најавува потпишување на договорот со деловниот партнер чие име не се соопштува. Тоа значи дека од идниот петок ќе продолжи исплатата на тутунот, информираше вчера првиот човек на ...

Тутунарите незадоволни од откупот

Утрински - 20.04.2007

Производителите на тутун не се задоволни од откупот на минатогодишната реколта на тутун за разлика од откупувачите и државата кои го оценија како задоволителен. Тие не се задоволни ниту од постигнатата откупна цена за реколтата 2006, ниту од произведените количини, а не е реализирана ниту целосната ...

Тутунот пред исчезнување

Дневник - 20.04.2007

Откупната цена на тутунот е драстично намалена, а произведените количества од можни 35.000 се сведени на 19.000 тони. Тутунарите и откупувачите имаат различни објаснувања за ваквите состојби. На вчерашната седница на тутунското здружение во Стопанската комора, земјоделците искажаа големо ...

Килограм откупен тутун по цена од 140 денари

Вечер Прес - 20.04.2007

Цената на тутунот паѓа, а се намалува и производството на оваа култура со што се доведува во прашање опстанокот на тутунската индустрија. На ова посочуваат производителите на тутун кои се жалат на односот на откупувачите и на се уште нереализираната исплата.

Странска компанија ќе го откупи целиот тутун во прилепско

А1 - 19.04.2007

Во пресрет на протестите на тутунарите од прилепско, најавени за утре, директорот на Тутунскиот комбинат Тони Димитриевски најави дека странска компанија ќе го откупи целиот тутун, а исплатата на парите ќе почне идната недела. „Преговорите за продажба на тутунот се доведуваат при крај.

Парите ги бараме со камата

Време - 19.04.2007

ТУТУНАРИТЕ ЌЕ БЛОКИРААТ Прилепските тутунари утре ќе ги блокираат Тутунскиот комбинат и патиштата во Прилеп поради незадоволството од неисплатените пари од ланската реколта, кои доцнат повеќе од два месеца. Тие велат дека не можат да издржат повеќе без пари, а менаџерите најавуваат дека плаќањето ...

Тутунарите ќе блокираат патишта

Дневник - 19.04.2007

Тутунарите утре ќе ги блокираат патиштата во Прилепско и Тутунскиот комбинат во знак на револт поради двомесечното доцнење на исплатата на парите за тутунот од ланската берба. Раководството на ТКП најави дека исплатата ќе продолжи за две недели.

Директорот на Тутунски се закани, ако тутунарите го блокираат Комбинатот исплатата ќе се пролонгира

Канал5 - 19.04.2007

Ќе се пролонгира исплатата на тутунот во Прилеп, ако тутунарите утре го блокираат Комбинатот и излезат на масовни протести порачува генералниот директор Тони Димитриоски. Ќе се пролонгира исплатата на тутунот во Прилеп, ако тутунарите утре го блокираат Комбинатот и излезат на масовни протести ...

Продолжуваат протестите на тутунарите во Прилеп

А1 - 18.04.2007

Продолжуваат протестите на тутунарите пред Тутунскиот комбинат во Прилеп. Си ги бараат парите за исплата која доцни веќе три месеци. Драган Петрески е еден од нив. Дома живеат шестмина само од тутунопроизводство, никој не работи.

Тутунарите си ги бараат парите за ланскиот тутун

Вест - 18.04.2007

Дваесетина тутунопроизводители незадоволни од прекинот на исплатата на тутунот вчера на мирни протести се собраа пред Комбинатот, а потоа и пред локалната самоуправа во Прилеп и од надлежните бараат веднаш да им се исплатат парите, зашто како што велат им се исклучува струја, немаат пари ниту за ...

Тутунарите си ги бараат парите

Време - 18.04.2007

ПРОТЕСТИ ВО ПРИЛЕП Прилепските тутунари ги бараат парите од Тутунскиот комбинат за предадениот тутун, кои доцнат два месеци. Доколку исплатата не почне од понеделник, тие се закануваат дека ќе ги блокираат патиштата и ќе штрајкуваат.

Прилепските тутунари си ги бараат парите

Утрински - 18.04.2007

ПРИЛЕП - Дел од прилепските тутунари, кооперанти на Тутунскиот комбинат, вчера се заканија со масовни протести пред Општината, со блокади на патот Прилеп – Градско, доколку до понеделник не добијат одговор и делумна исплата на парите за предадениот тутун од ланската реколта.

Тутунарите ќе го блокираат тутунскиот комбинат во петок

Канал5 - 18.04.2007

Прилепските тутунари на протести. Во петок ќе го блокираат Тутунскиот комбинат. Не веруваат во ветувањата од Комбинатот дека пари за предадениот тутун ќе има за три недели, откако ќе завршат преговорите за продажбата на целокупниот тутун. Денеска побараа помош и од градоначалникот.

Прилепските тутунари си ги бараа парите за тутунот

А1 - 17.04.2007

Со празни џебови и изгубено трпение прилепските тутунари пред нивниот монопол си ги бараа парите за предадениот тутун. „Си ги бараме парите од тутунот, три месеци како ни е однесен тутунот, а парите кога ќе ги земеме? Повеќе не можеме да чекаме.

Најдоцна до 15 декември откупните претпријатија ќе мора да почнат да откупуваат тутун

Канал5 - 17.04.2007

Откупните претпријатија најдоцна до 15 декември ќе мора да почнат со откупот на тутун. Најновите предлог измени во Законот за тутун, предвидуваат откупот да почне еден месец порано од досегашните откупни термини. Откупните претпријатија најдоцна до 15 декември ќе мора да почнат со откупот на тутун.