TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата и ОКТА почнуваат преговори по пресудата на парискиот суд за 53 милиони долари отштета

Канал5 - 11.11.2007

Со аргументи или со пазарења ќе настапи македонската влада во преговорите со рафинеријата ОКТА во врска со исплаќањето на оштета од 53 милиони долари кои ги пресуди Парискиот арбитражен суд. Со аргументи или со пазарења ќе настапи македонската влада во преговорите со рафинеријата ОКТА во врска со ...

Владата молчи за преговорите со ОКТА

Утрински - 08.11.2007

Се зборува за две варијанти - државното земјиште или со загадувањето на околината кај рафинеријата За колку и дали Владата ќе успее да се испазари? Отштетата за ОКТА изнесува 53,4 милиони долари МАЈА ТОМИЌ Со кои адути Владата ќе настапи на преговорите со раководството на ОКТА, дали има подготвено ...

Владата ќе се пазари со "Окта"

Вест - 07.11.2007

НЕМА ОСНОВА ЗА ТУЖБА ПРОТИВ АРБИТРАЖНАТА ПРЕСУДА ОД ПАРИЗ Владата нема да поднесе тужба против одлуката на Арбитражниот суд во Париз за спорот со "ЕЛ.П.ЕТ. Балканика", ќерка на "Хеленик петролеум" - доминантниот сопственик на "Окта", бидејќи нема основа да ја оспори арбитражната процедура.

Владата нема да се жали за „Окта“

Време - 07.11.2007

ИСТЕЧЕ РОКОТ ЗА ЖАЛБА Рокот за жалба за пресудата на Арбитражниот суд во Париз, според која Македонија треба да му исплати на „Хеленик петролеум“, истекува денес. Од Владата велат дека нема да поднесат жалба бидејќи нема прекршување на законската процедура.

Владата нема да се жали на пресудата за ОКТА

Утрински - 07.11.2007

Владата е подготвена да започне преговори со раководството на ОКТА за да се најдат начини за плаќање на отштетата од 53,4 милиони долари. Портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, вчера информира дека владините експерти оцениле дека нема правна основа да се обжали одлуката на Парискиот суд и затоа ...

Владата ќе преговара со „Окта“

Дневник - 07.11.2007

Владата до крајот на месецов ќе почне преговори со рафинеријата „Окта“ за исплатата на отштетата од 53 милиони долари пресудена од Арбитражниот суд во Париз. Според владиниот портпарол Ивица Боцевски, експертската група што ја разгледувала пресудата ја советувала Владата да не прифаќа нематеријална ...

Преговорите влада - ОКТА ќе стартуваат кон крајот на месецот

Канал5 - 07.11.2007

Раководството на Хеленик Петролеум, доминантниот сопственик на ОКТА вчера на итен состанок. Се договарале позициите на компанијата, како да се настапи на преговорите со Владата закажани кон крајот на месецов. Раководството на Хеленик Петролеум, доминантниот сопственик на ОКТА вчера на итен состанок.

Владата во раце на Миријантис - ќе се пазари со Окта за помала отштета

Канал5 - 07.11.2007

Владата нема да тужи. Експертскиот тим кој ја анализираше пресудата на париската арбитража за отштетата од 53 милиони долари плус камати, што Македонија треба да ја плати на грчките газди од ОКТА, утврдил дека нема правна основа за тужба. Немало сериозна повреда во постапката. Владата нема да тужи.

Владата нема да се жали во Париз

Вечер Прес - 07.11.2007

Владиниот портпарол Ивица Боцевски вели дека правните експерти ја советувале Владата да не се жали бидејќи немало повреда на арбитражната постапка Македонската држава нема да се жали на одлуката на Арбитражниот суд во Париз за отштетата што треба да ја плати за Окта, бидејќи нема сериозна повреда ...

Владата нема да ја обжали одлуката „ОКТА“

А1 - 06.11.2007

Владата капитулираше во случајот „ОКТА“. Нема да ја обжали одлуката на Арбитражниот суд во Париз, според која земјава треба и плати на рафинеријата 53 милиони долари, плус камати за одземените ексклузивни права. Експертскиот тим оценил дека нема основа за жалба.