TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МВР откри два случаи ма недозволена трговија со дрога

Канал5 - 16.11.2008

Скопје, 16 ноември (МИА) - Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Скопје се реализирани два случаи на недозволена трговија со дрога, соопшти денеска МВР. Во првиот случај на 15-ти овој месец Одделението за недозволена трговија при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство од Скопје поднесе кривична пријава против И.С. (21) и М.Т.

Откриeни два случаи на недозволена трговија со дрога

Нетпрес - 16.11.2008

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Скопје од страна на скопската полиција се реализирани два случаи на недозволена трговија со дрога. Скопската полиција поднесе кривична пријава против И.С. (21) и М.Т.(48) двајцата од Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и ...

Дрога во вид на мастики - хит во Црна Гора

Време - 12.11.2008

Црногорската полиција соопшти дека во средните и во основните училишта во Црна Гора се појавила таканаречена „детска дрога“, која има облик на мастики за џвакање, но со појак ефект од екстази. - Цел на дилерите се децата од основните и од средните училишта, а дилањето се врши пред училиштата - се вели во соопштението на полицијата.

„Детска дрога“ ја преплави Црна Гора

Н.Македонија - 12.11.2008

Црногорската полиција предупредила дека во земјата се појавила т.н. „детска дрога“, која е во обликот на гума за џвакање и која има посилно дејство од таблетите екстази, јави Б92. Претставник на црногорската полиција изјавил дека дилерите главно демнат ученици од основните и од средните училишта и дека препродавањето најчесто се врши пред училиштата.

Децата во Македонија лесно стигнуваат до секаков вид дрога

Алфа - 12.11.2008

По информациите за појавата на дрога во форма на гума за џвакање во Србија и во Црна Гора наречена „детска дрога“, и информациите на македонската полиција дека кај нас се уште ја нема, експертите со реакција – децата во земјава лесно можат да стигнат до секаков вид на дрога. „За овој нов вид дрога веројатно допрва ќе дискутираме, но и без неа, дрогата е многу присутна во раната возраст кај децата.

Детска дрога во форма на „гума за џвакање“

А1 - 11.11.2008

Таканаречена „детска дрога“, која е во форма на гума за џвакање и се нуди во училиштата се појави во опкружувањето. Ова предупредување го објави црногорската полиција, додавајќи дека на мета на дилерите се главно деца од основно и средно училиште. Дилањето на дрогата што има појак ефект од екстази се врши пред школите.

„Детска дрога“ во соседството

Алфа - 11.11.2008

Нова форма на синтетичка дрога, позната како „детска дрога“, се појави во училиштата во соседството. Црногорската и српската полиција денеска апелираа до граѓаните да ги предупредат децата за постоењето на оваа дрога, која била неколкупати посилна од екстази таблетите.

„Детска дрога“ ја преплави Црна Гора

Дневник - 11.11.2008

„Детска дрога“ ја преплави Црна Гора. „Детска дрога, во форма на гума за џвакање, продаваат дилери во близина на училиштата во Црна Гора, јави Макфакс. Полицијата предупреди дека цел на дилерите се главно деца од основно и средно училиште. Дрогата има појак ефект од таблетите „екстази“ и најмногу се продава во близина на училиштата - соопшти претставник на полицијата, кој апелираше родителите и ...

Деца се дрогираат со мастики за џвакање!

Вечер Прес - 11.11.2008

-Тие што ќе наседнат да ја земаат оваа "детска играчка", по половина година преоѓаат на тешки дроги - Според српските медиуми, детската дрога доаѓала од Косово,каде според податоците на агенцијата за наркотици ДЕА, никнале мали лаборатории. Црногорската полиција предупредува дека во опкружувањето, се мисли на соседните земји, се појавила таканаречената "детска дрога" која има облик на гума за ...

Црногорските деца се дрогираат со мастика за џвакање

Нетпрес - 11.11.2008

Полицијата на Црна Гора предупредила дека на пазарот се појавила таканаречена детска дрога, која во форма на мастика за џвакање се нуди во училиштата. Ефектот на дрогата се постигнува за само 15 минути и е многу посилен од екстазите. Детската дрога била завиткана како мастика за џвакање, за да може да ги излаже родителите и наставниците.

Детска дрога се појави во опкружувањето

Макфакс - 11.11.2008

Таканаречена „детска дрога“, која е во форма на гума за џвакање и се нуди во училиштата се појави во опкружувањето. Ова предупредување го објави црногорската полиција, додавајќи дека на мета на дилерите се главно деца од основно и средно училиште. Дилањето на дрогата што има појак ефект од екстази се врши пред школите.

Во Европската Унија два милиона зависници од дрога

Дневник - 10.11.2008

Европскиот центар за следење на зависноста од дрога предупреди дека е зголемена употребтаа на дроги, особено хероинот, истакнувајќи дека во Европа од дрога умираат осум илјади луѓе годишно. Според податоците на Европската агенција за борба против дрогата, во ЕУ и во Норвешка има меѓу 1,3 и 1,7 милион „проблематични корисници на дроги“.