TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тадиќ: Србија нема капацитет да го брани своето Косово

А1 - 02.03.2008

„Сите кои тврдат дека приближувањето на Србија кон ЕУ е откажување од Косово всушност го залажуваат народот, бидејќи осамената и изолирана Србија нема капацитет да го брани своето Косово“, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ.

Питер Фејт: На северот на Косово нема да има ниту кантони, ниту автономија

Канал5 - 02.03.2008

Специјалниот претставник на Европската унија за Косово Питер Фејт изјави дека српската заедница на северот на Косово нема да има никаков специјален статус во однос на поголемиот дел од покраината, исклучувајќи каков било облик на кантон или автономија.

Чешка ќе го признае Косово на 2 април

Макфакс - 02.03.2008

Прага Чешка ќе го признае Косово до самитот на НАТО во Букурешт, најверојатно на 2 април, изјави чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг. Тој за медиумите денеска изјави дека „косовската влада ги исполнува условите за преземање на власта“.

Србија го повлече амбасадорот од Бугарија

Макфакс - 02.03.2008

Белград Српскиот амбасадор во Бугарија, Данило Вучетиќ соопшти дека е повикан во Белград на консултации, што претставува „мерка која што сведочи за незадоволството на Србија“ со одлуката на Софија да го признае Косово. Вучетиќ изјави дека предал протестна нота на бугарската влада поради одлуката да ...

Фејт:Ниту кантони, ниту автономија за Србите на северот на Косово

Макфакс - 02.03.2008

Приштина Србите на северот на Косово нема да добијат ниту кантони, ниту автономија, изјави денеска специјалниот претставник на Европската унија(ЕУ) за Косово, Питер Фејт. „Тоа не е предвидено и никогаш за тоа не сум разговарал со косовската Влада.

Протест на Србите во Словенија

Макфакс - 02.03.2008

Љубљана Србите кои живеат во Словенија за денеска најавија протести пред православната црква во Љубљана, поради самопрогласената независност на Косово. Србите во изминатиот период одржаа протести против независноста на Косово во целиот регион, најрадикален беше неодамнешниот протест во Белград кој ...

Самарџиќ:Функционално раздвојување на Србите и Албанците на Косово

Макфакс - 02.03.2008

Белград Српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ, му предложил на УНМИК договор „за создавање атмосфера за функционално раздвојување на Србите и косовските Албанци“. Самарџиќ, во интервјуто за „Политика“, нагласува дека предлогот во договорот, кој му бил предаден на Лари Росин, ...

Спротивставени ставови околу демаркацијата

А1 - 01.03.2008

Демаркација или признавање на независноста. Ова е дилемата на партиите во Македонија кога се работи за односите со Косово. Македонската опозиција инсистира, претходно да се обележи границата кон Косово. „Не смееме да дозволиме регионот се уште да се занимава со прашањето на граници.

Српските полицајци на Косово и УНМИК не постигнаа договор

А1 - 01.03.2008

Денешната средба на Србите припадници на Косовската полициска служба од централниот дел на Косово и претставниците на УНМИК заврши без договор, изјави портпаролот на Косовската полициска служба Ветон Елшани. Тој појасни дека Србите од централниот дел на Косово вработени во КПС останаа на своето ...

Брутално кршење на меѓународното право

Време - 01.03.2008

СРПСКИОТ ПРЕМИЕР КОШТУНИЦА Српскиот премиер Воислав Коштуница оцени дека формирањето на Меѓународната управна група за спроведување на планот на Марти Ахтисари за Косово е најбрутално кршење на меѓународното право, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и српскиот Устав, пренесува МИА.

Прво границата, потоа признавање

Вест - 01.03.2008

ОДГОВОР НА КОСОВСКИТЕ БАРАЊА Ако косовските власти се држат до напишаното во планот на Ахтисари, Македонија најдоцна во јули сериозно би ја разгледувала одлуката за признавање на новата држава Колку побавно ќе се исполнуваат одредбите од планот на Марти Ахтисари за Косово, посебно во делот за ...

Итното обележување стана бавно

Време - 01.03.2008

СКОПЈЕ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛЕН ДОПИС ОД ПРИШТИНА ЗА ГРАНИЦАТА Ирина Гелевска Македонија ќе причека официјален одговор од Владата во Приштина на барањето за итно обележување на границата, пред да го даде својот коментар на изјавата на косовскиот вицепремиер Хајдерин Кучи, кој истакна дека Косово прво ...

Србија го признава само УНМИК

Вест - 01.03.2008

БЕЛГРАД, 1 март - Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера изјави дека Србија на Косово ја признава единствено мисијата на УНМИК, а дека мисијата Еулекс е незаконска. Оној легалитет кој е сочуван на Косово е содржан во Резолуцијата 1244 и во цивилната мисија на УНМИК која произлегува од таа ...

Стопанството на новата држава е клинички мртво

Време - 01.03.2008

ХРВАТСКИ „ИНДЕКС“ ЗА КОСОВСКАТА ЕКОНОМИЈА Откако Косово ја прогласи својата независност, во круговите на аналитичарите се разгоре дискусијата за тоа дали Косово е во состојба да преживее како самостојна држава, со оглед на исклучително лошата економска состојба.

Лоренс Иглбергер_ САД згрешија за Косово

Утрински - 01.03.2008

Вашингтон - САД згрешија со признавањето на независно Косово, со кое е воспоставен преседан, оцени поранешниот државен секретар и американски амбасадор во Југославија, Лоренс Иглбергер. Тој во интервју за Радио Глас на Америка наведе дека „многумина во Америка и на други места во светот не ја ...

Демаркацијата на границата се заплетка во косовскиот јазол

Утрински - 01.03.2008

Приштина има јасни задачи да го спроведе планот на Ахтисари, а не да бара признавање Границата во Танушевци поминува речиси низ средиштето на училиштето. Селото две третини е во Македонија, а едниот дел се протега во Косово Димитар Чулев Колку побавно ќе се исполнуваат определниците од планот на ...

Уцената ја премина границата

Дневник - 01.03.2008

На Приштина изгледа не и' одговара проблемот со границата да се реши за една година, односно поблиски и' се отворените сценарија и непогребаните големодржавните проекти Што, всушност, ќе признае Македонија под претпоставка утре да го признае Косово? Која граница ќе се официјализира и може ли да ни ...

Белград ја отфрла новата меѓународна администрација на Косово

Дневник - 01.03.2008

Српскиот премиер Воислав Коштуница го отфрли формирањето на Меѓународната управна група (ИСГ) за спроведување на планот на Марти Ахтисари, која во српските медиуми веќе го доби прекарот „Нови газди на Косово“. - Оваа самонаречена и незаконска Меѓународна управна група го назначи Питер Фејт на ...

Уцени ја цртаат границата

Дневник - 01.03.2008

Брзото завршување на разграничувањето е во интерес на двете страни и нема потреба од меѓусебни условувања, предупредуваат експертите Во планот на Марти Ахтисари не прецизно е посочен редоследот - дали прво да се обележи границата или да се признае независноста на Косово, но брзото решавање на ...

Србите од Косовската полициска служба и натаму бараат да бидат под команда на УНМИК

Канал5 - 01.03.2008

Припадниците на Косовската полициска служба (КПС) од српска националност од централниот дел на Косово, кои веќе втор ден протестираат барајќи натамошните упатства за работа да ги добиваат исклучиво од УНМИК, се истрајни во своите барања, изјави денеска командантот на полицискта станица во Грачаница ...

Фејт ја обвини Србија дека сака да ја одвои српската зедница на Косово

Канал5 - 01.03.2008

Претставникот на Европската унија за Косово Питер Фејт ги обвини српските власти дека се обидуваат да ги прекинат врските меѓу Албанците и Србите на Косово. Приштина, 1 март (МИА) - Претставникот на Европската унија за Косово Питер Фејт ги обвини српските власти дека се обидуваат да ги прекинат ...

Бугарија го призна Косово

Макфакс - 01.03.2008

Софија Владата на Бугарија ја официјализираше денеска одлуката за признавање на независноста на Косово. Двете држави ќе воспостават дипломатски односи на ниво на амбасади, а детали за одлуката на Владата во Софија попладнево ќе соопшти премиерот Сергеј Станишев.

„Коха диторе“:Косово ќе ја слави независноста во јуни

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Косовската Влада има намера во јуни да организира прослава на независноста, кога се очекува конституирање и пренос на сите овластувања на косовските институции. Ова денеска го пишува приштинскиот весник „Коха диторе“, при тоа додавајќи дека на свеченоста ќе бидат повикани делегации на ...

НАТО да ја прими Македонија заради напади од Косово и Албанија

Макфакс - 01.03.2008

Белград Важно е НАТО да ја прими Македонија, со што Алијансата ќе се спротивстави на сите агресивни напади од Косово или Албанија. Ова, во интервјуто за српските медиуми, го изјави бившиот американски амбасадор во Белград Лоренс Иглбергер.

Нова седница на СБ на ОН за Косово

Макфакс - 01.03.2008

Белград/Москва Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН) денеска ќе одржи седница за Косово на барање на Русија како постојана членка. Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија се обидоа неуспешно да го блокираат одржувањето на седницата, јавуваат руските гласила, повикувајќи се ...

Коштуница договорил постизборна коалиција со Николиќ?

Макфакс - 01.03.2008

Белград Досегашниот српски премиер Воислав Коштуница и лидерот на Радикалите, Томислав Николиќ начелно договориле постизборна коалиција, пишува весникот Блиц. Според извори на весникот, Коштуница одлуката да го објави падот на владата ја донел, откако претходно Николиќ изразил подготвеност по ...

Станишев: Признавањето на Косово не треба да изненадува никого

Макфакс - 01.03.2008

Софија Одлуката на бугарската Влада да ја признае независноста на Косово не треба да изненадува никого, тоа е законско, изјави денеска бугарскиот премиер Сергеј Станишев. Тој, ваквата изјава ја даде по повод одлуката на Министерскиот совет ја призна независноста на Косово.

Коштуница:Изборите се за или против Србија

Макфакс - 01.03.2008

Белград Претстојните избори не се за или против Европа, туку се за или против Србија, изјави Воислав Коштуница на првата предизборна конвенција на коалицијата на Демократската партија на Србија и Нова Србија. „Србија е слободна земја, ние сме слободен народ и никој не може да ни се заканува и да не ...

КФОР – Разговорите за границата по признавањето на Косово

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Разговорите за одбележувањето на границата меѓу Косово и Македонија треба да започнат откако официјално Скопје ќе ја признае ново прогласената држава. Ова го порача командантот на мултинационална бригада Исток во составот на КФОР, американскиот генерал Џон Даворен.

Министрите на ЕУ денеска за Косово

Макфакс - 01.03.2008

Брисел Шефовите на дипломатии на Европската унија (ЕУ) денеска во Брисел ќе ја разгледуваат ситуацијата на Косово по прогласувањето независност во Приштина. Според најавите, тема на средбата ќе биде настојувањето на Унијата целосно да ја распореди правосудно-полициската мисија чии претставници не ...

Коштуница - За Косово треба преговори, а не оружје

Макфакс - 01.03.2008

Белград Одлуката на претседателот Џорџ Буш за вооружување на Косово е „уште еден, многу погрешен чекор на САД, по нелегалното признавање на едностраната независност“, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница. Тој посочи дека на Косово веќе има премногу оружје и наместо дополнително да ги вооружува ...

УНМИК се уште без одлука за изборите

Макфакс - 01.03.2008

Белград УНМИК се уште не донел одлука за одржување на локалните и парламентарни избори на Косово. Одлуката ќе се донесе по консултациите во седиштето на ООН во Њујорк, изјави синоќа портпаролот на УНМИК Џорџи Какук. Претходно, српскиот министер за Косово изјави дека изборите на 11.мај ќе се одржат ...

Фејт:Нема да дозволиме поделба на Косово

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Пратеникот на Европската унија(ЕУ) за Косово Питер Фејт изјави дека нема да се дозволи поделба на Косово. „Пораката на Меѓународната управувачка група (МУГ) за Косово е дека нема да се дозволи поделба, тоа не е предвидено и ние тоа нема да го прифатиме“, изјави Фејт синоќа во Приштина, ...

Тадиќ – Косово го делат без договор

Макфакс - 01.03.2008

Белград Идејата за функционално разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово води кон поделба на Косово, а за тоа прашање може да се одлучува само на референдум. Ова го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, коментирајќи ја идејата за разграничување, која ја изнесе министерот во Владата на ...

Српските полицајци на Косово прифаќаат само команда од УНМИК

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Припадниците на Косовската полициска служба(КПС) од српска националност од централниот дел на Косово денеска ги продолжија протестите со барање да останат под команда на УНМИК. Како што јавуваат косовските медиуми, Србите не сакаат да ги напуштат работните места во полицијата, но ...

КФОР започнува воена вежба на северот на Косово

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Дводневни тактички вежби започнува денеска КФОР во северниот дел на Косово. Како што е соопштено од седиштето на КФОР во Приштина, целта на вежбата е меѓународните воени сили да се подготват за распоред на средствата и овладување со работните процедури.

Самарџиќ: И парламентарни и локални избори на Косово

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Парламентарни и локални избори ќе се одржат на 11. мај на Косово, на териториите каде што живеат Срби, изјави денеска српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ. Самарџиќ, во разговор со жителите и претставниците на локалната самоуправа во Приложје, рече дека останува во ...

Сејдиу е против српски избори на Косово

Макфакс - 01.03.2008

Приштина Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу соопшти дека институциите на Косово се противат на создавањето на избирачки зони за српските избори на Косово. Според Сејдиу, принципот на двојно граѓанство, кој е предвиден со новиот устав на Косово и е според предлогот на меѓународниот претставник ...

Турција бара од Исламската Конференција признавање на Косово

Макфакс - 01.03.2008

Тирана Турција во пресрет на самитот на Исламската Конференција, што ќе се одржи на 13 и 14 март, побара од земјите членки на Конференцијата да го признаат Косово. Како што јавија неколку албански и турски медиуми, на вчерашната подготвителна средба одржана во Дакар, официјална Анкара побарала на ...

Прво демаркација, па признавање на Косово

Вечер Прес - 01.03.2008

СДСМ смета дека Македонија не треба да прифати да разговара за признавање на Косово, пред да се затворат сите отворени прашања, особено демаркацијата на северниот дел на границата. Тие потсетуваат дека ваквиот пристап е составен дел и од општо прифатениот план на Марти Ахтисари.

Ирска ја призна независноста на Косово

А1 - 29.02.2008

Ирска денеска ја призна независноста на Косово. Ирскиот министер за надворешни работи, Дермот Ахерн, изјави дека целата Влада гласала за прифаќање на одлуката на косовскиот Парламент од 17 февруари за објавување независност. Тој додаде дека одлуката на Ирска за признавање на независноста на Косово ...

СДСМ: Прво демаркација па признавање на Косово

А1 - 29.02.2008

Опозиционата СДСМ е против признавањето на Косово пред обележувањето на границата. Се друго би било несериозно и на штета на македонските национални интереси, е ставот на оваа партија. „Сметаме дека Македонија не треба да прифати да разговара за признавање на Косово пред да се затворат сите ...

Во ЕУ само со Косово

Време - 29.02.2008

ВОИСЛАВ КОШТУНИЦА Косово не е само прашање на целосноста на Србија, туку е важен дел на земјата, врзан за српскиот идентитет и ЕУ мора да се изјасни која територија ја признава пред да почнеме какви и да било преговори, изјави премиерот Воислав Коштуница за руската телевизија „Русија денес“.

Македонија ќе воведе визи за Косово?

Време - 29.02.2008

ОТКАКО ПРИШТИНА ЌЕ ГИ ПРОМОВИРА НОВИТЕ ПАСОШИ Ирина Гелевска Македонија, најверојатно, ќе мора да воведе визен режим кон Косово кога ќе влезе во сила одлуката на властите во Приштина за воведување нови косовски пасоши. Ваквата обврска на Македонија произлегува од веќе потпишаниот договор за визно ...

Косовo бара прво признавање, па демаркација

Утрински - 29.02.2008

Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе може да започне откако Скопје ќе го признае Косово. Ваква порака упати вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи, вчера во изјава за Телевизија Алсат-М, коментирајќи го барањето на македонската Влада за итна демаркација на границата.

Косовските Срби бараат руски мировници

Дневник - 29.02.2008

Москва веќе испрати сигнал дека е можно повторно да ги распореди трупите во регионите со српско мнозинство Лидерите на косовските Срби од Митровица побараа руските мировници да се вратат во покраината,која неодамна еднострано прогласи независност.

Косово: Признавање, па потоа демаркација

Дневник - 29.02.2008

Обележувањето на границата може да почне дури откако Македонија ќе го признае Косово, изјави вчера косовскиот вицепремиер Хајредин Куќи за скопската телевизија „Алсат-М“. - Обележувањето на границата е предвидено да се реши според планот на Ахтисари, но по признавањето на Косово од страна на ...

Ирска ја призна независноста на Косово

Канал5 - 29.02.2008

Ирска денеска ја призна независноста на Косово. Ирскиот министер за надворешни работи, Дермот Ахерн, изјави дека целата Влада гласала за прифаќање на одлуката на косовскиот Парлаемент од 17 февруари за објавување независност.

Коштуница го осуди формирањето на Меѓународната управна група за Косово

Канал5 - 29.02.2008

Премиерот на Србија Воислав Коштуница оцени дека формирањето на Меѓународната управна група (ИСГ) за спроведување на планот на Марти Ахтисари за Косово е најбруталното нарушување на меѓународното право, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и српскиот устав, соопшти прес-службата на српската ...

Опозицијата ја обвини власта дека нема јасна стратегија за регионалната надворешна политика

Канал5 - 29.02.2008

Премиерот Никола Груевски денеска не одговори на изјавата на косовскиот вицепремиер дека Скопје прво мора да ја признае независноста на новата соседна држава, па потоа да се демаркира границата. Владиниот став го соопшти портпаролот Ивица Боцевски, но не одговори директно на прозивката на ...

Српските полицајци од централно Косово откажуваат послушност во КПС

Канал5 - 29.02.2008

Српските припадници на Косовската полициска служба во станиците на централниот дел од Косово одлучија од денеска да не ги прифаќаат наредбите на главниот штаб на КПС од Приштина, протестирајќи на тој начин против едностраното прогласување независност на Косово.

Јеремиќ упати протест до Бан Ки-мун поради Управувачката група за Косово

Канал5 - 29.02.2008

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска упати писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со кое Република Србија и формално вложи протест поради вчерашното формирање на Меѓународната управувачка група за Косово, пренесе Танјуг.

Признавање па демаркација

Вечер Прес - 29.02.2008

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска рече дека барањето на Владата за отпочнување со демаркацијата произлегува од планот на Марти Ахтисари - Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе може да започне откако Скопје ќе го признае Косово,реагира Косовскиот вицепремиер ...

Јеремиќ ги обвини земјите кои ја признаа независноста на Косово

А1 - 28.02.2008

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ ги обвини земјите на Балканот кои ја признале или планираат да ја признаат независноста на Косово, дека сториле предавство на регионалната солидарност, а се со цел да застанат поблиску до САД и западот.

Иглбергер: САД погрешија за Косово

А1 - 28.02.2008

САД погрешија со признавањето на независно Косово, со кое е воспоставен преседан, оцени поранешниот државен секретар и американски амбасадор во Југославија Лоренс Иглбергер. Тој во интервју за радиото Глас на Америка, наведе дека „многумина во Америка и на други места во светот не ја сфаќаат ...

Косово бара признавање па демаркација

А1 - 28.02.2008

Косово прво бара признавање од Македонија, па да ја обележи границата. Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе може да започне откако Скопје ќе го признае Косово, изјавил косовскиот потпретседател на владата Хајдерин Кучи.

Одлуката за Косово нема да се поништи

Време - 28.02.2008

АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ФРЕНК ВИЗНЕР ТВРДИ Американскиот дипломат Френк Визнер изјави дека ниту САД ниту Европската унија нема да ја поништат одлуката на Приштина за независност на Косово, јави белградското радио „Б92“. - Наспроти аргументите на српскиот премиер Воислав Коштуница, дека САД мораат да ...

Косовските Срби ги бараат назад руските мировници

Вест - 28.02.2008

ПРИШТИНА, 28 февруари (Ројтерс) - Србите на Косово вчера бараа да се вратат руските мировници во државата откако албанското мнозинство прогласи независност од Србија. Повикот го упати Националниот совет на Србија, групација на српски лидери на Косово во српското упориште во северна Митровица.

Македонија бара комисија за демаркација на границата со Косово

Утрински - 28.02.2008

Македонија бара од Косово да се основа заедничка комисија чија задача би била демаркација на граничната линија. „Владата на својата последна седница одржана на 25 февруари 2008 година одлучи да им се обрати на надлежните институции на Косово со цел поскоро да почне процесот за основање заедничка ...

САД и ЕУ нема да дозволат поделба на Косово

Дневник - 28.02.2008

САД и Европската Унија решија дека секое одложување на независноста само би предизвикало нестабилност на Балканот САД, ЕУ, ОН и НАТО нема да прифатат поделба на Косово, а Србите грешат ако мислат дека ќе успеат да издејствуваат нешто такво, изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс ...

Коштуница: Србија во ЕУ може да влезе само со Косово како свој составен дел

Канал5 - 28.02.2008

Србија во Европската унија може да влезе само со Косово како свој составен дел, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница. - Нашата позиција е дека територијалниот интегритет е повеќе од важен, изјави Коштуница за руската телевизија на англиски јазик „Русија денес“, одговарајќи на прашањето дали ...

Признавање на независноста па демаркација

Канал5 - 28.02.2008

Прво признавање на независноста, па потоа демаркација на границата – косовските власти одговорија на барањето на македонската влада за итно обележување на границата. Косовскиот вицепремиер Куќи во изјава за Алсат вели дека не прифаќаат уцени.

Итна демаркација на границата со Косово

Вечер Прес - 28.02.2008

Прашањето со демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово мора да се реши брзо и ефикасно за да не дојде до нов генератор за дестабилизација на регионот, порача претседателот Бранко Црвенковски, по вчерашната средба со генералниот секретар на Советот на ЕУ, Хавиер Солана во Брисел.

Србија ќе поднесе тужба против САД и земји кои го признаа Косово

А1 - 27.02.2008

Србија ќе поднесе тужба пред меѓународниот суд во ХАГ против САД и останатите земји кои го признаа Косово, изјави Бранислав Ристивојевиќ, советникот за правни прашања на српскиот премиер Воислав Коштуница. Ристивојевиќ додаде дека доколку САД ја поништат оваа, според нив противправна одлука, ...

Владата бара итна демаркација на границата со Косово

А1 - 27.02.2008

Итна демаркација на северната граница во делот кон Косово побара денеска македонската Влада. Од надлежните институции на Косово е побарано што поскоро да се почне со основање на заедничка комисија за демаркација на взаемната гранична линија, како и тоа дека комисијата во демаркацијата на границата ...

Македонските Срби на протестен митинг

Време - 27.02.2008

КУМАНОВО Во организација на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ се организира протестен собир поради формирањето на, како што рекоа, „фантомската држава Косово“.

Србија нејќе да го плаќа долгот на Косово

Вест - 27.02.2008

БЕЛГРАД, 27 февруари (Ројтерс) - Србија треба да престане да го исплаќа долгот кон странство на Косово откако покраината прогласи независност, и тие пари треба да ги вложува во српските заедници на Косово, изјави вчера министерот за економија Млаѓан Динкиќ.

За Косово е важно да го признаеме

Време - 27.02.2008

СПОРЕД ТАЧИ Признавањето на Косово од страна на земјите од поранешна Југославија, меѓу нив и од Македонија, има големо стратешко значење, оцени лидерот на ДПА, Мендух Тачи во обраќањето на Сенационалната конференција „Косово и предизвиците по независноста“ што се одржа деновиве во Тирана, јави МИА.

Тачи: Нема поделба на Косово

Вест - 27.02.2008

ПРИШТИНА, 27 февруари (Ројтерс) - Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера ја предупреди Србија да заборави на било каква идеја дека ќе контролира делови од новата држава. ПРИШТИНА, 27 февруари (Ројтерс) - Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера ја предупреди Србија да заборави на било каква идеја дека ќе ...

Белград ќе го урива Косово

Време - 27.02.2008

СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Студентите од факултетите на Приштинскиот универзитет во северниот дел на Косовска Митровица вчера ги продолжија протестите поради независноста на Косово, заедно со вработените во Окружниот и во Општинскиот суд, кои бараат овие институции да преминат под ...

Излезна стратегија

Утрински - 27.02.2008

Европа-Балкан Иван Торов Иако сите страни апсолутно ја отфрлуваат идејата за поделба на Косово, јавна тајна е дека наголемо се подготвуваат такви планови БЕЛГРАД - Колку и да запнува српскиот премиер Воислав Коштуница (ќе се наполнат веќе две години) да го убеди светот, својата јавност и себеси ...

Србите во Македонија бараат државата да се определи околу Косово

Утрински - 27.02.2008

Куманово - „Ние, Србите, не сме сами во Македонија. Во нашата борба за српско Косово е и мнозинскиот народ во Македонија. Сите ние имаме ист проблем. Нам ни одземаат територија, а на Македонците сакаат да им го одземат името и да го сотрат нивниот идентитет.

Косовски полицајци повредени во судир со српски резервисти

Дневник - 27.02.2008

Косовската полиција тврди дека резервистите пристигнале одСрбија со камиони,на кои имало поголемо количество камења Група српски резервисти прексиноќа предизвикаа инцидент на границата со Косово, кога започнаа да каменуваат припадници на Косовската полициска служба (КПС), при што полесно повредија ...

Политички транспаренти на српски и на грчки навивачи

Дневник - 27.02.2008

Српските и грчките навивачи низ цела Европа со транспаренти на трибините се борат за меѓународните политички проблеми што ги има во нивните земји. Србија се бори за задржување на Косово и Метохија, а Грција е во политичка борба за промена на името на Македонија.

Што поскоро да почне процесот на демаркација на границата со Косово

Канал5 - 27.02.2008

Македонската Влада побара од надлежните институции на Косово што побргу да почне процесот на демаркација на границата. Скопје, 27 февруари (МИА) - Македонската Влада побара од надлежните институции на Косово што побргу да почне процесот на демаркација на границата.

Јеремиќ: Патот напред е во компромисно решение за Косово

Канал5 - 27.02.2008

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ оцени денеска дека „признавањето на едностраното прогласување на независноста на Косово го легитимира чинот на еднострана сецесија на покраината од Србија, додека патот напред лежи во заедништвото и пронаоѓањето компромисно решение за идниот статус на ...

Србите против фантомската држава Косово

Вечер Прес - 27.02.2008

Демократската партија на Србите во Македонија, во понеделникот вечерта во Центарот за Култура во Куманово го одржа вториот од серијата протести против независноста на "фантомската држава Косово". Лидерот на ДПС Иван Стоиљковиќ изјави дека ако Македонија го признае Косово, ќе се нарушат ...

Белгија и Полска го признаа Косово

А1 - 26.02.2008

Белгија ја призна независноста на Косово, соопшти денеска портпаролот белгиското Министерство за надворешни работи. Портпаролот соопшти дека во неделата белгискиот крал Алберт Втори потпишал декрет, кој претходно бил усогласен со Владата.

Медведев: Поддршка за суверена Србија!

Вест - 26.02.2008

ИДНИОТ РУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ПОСЕТА НА БЕЛГРАД БЕЛГРАД, 26 февруари (Ројтерс) - Србија намерава да ги задржи под своја контрола деловите од Косово каде што лојалните граѓани се уште сметаат на власта од Белград, изјави вчера премиерот Воислав Коштуница.

Се погласни барања за поделба на Косово

Време - 26.02.2008

СВЕТСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Во меѓународната јавност и понатаму не стивнуваат реакциите и поделеноста во врска со признавањето на Косово и непосредната иднина на државата. Американскиот аналитичар и соработник на угледниот институт „Кејто“ од Вашингтон, Тед Гејлен Карпентер, смета дека ...

Медведев во име на Русија ја поддржа Србија за Косово

Утрински - 26.02.2008

Претпоставуваме дека Србија е една држава, чија јурисдикција ја покрива целата нејзина територија, изјави Медведев БЕЛГРАД - Идниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера им посочи на српските лидери дека, најверојатно, нема да има промена во поддршката од неговата земја за суверенитетот на ...

Косовските Срби поставија стражи околу селата

Дневник - 26.02.2008

Се поигруваат со нас, ни кажуваат каде треба да биде границата - изјави за Ројтерс анонимен западен функционер Косовските Срби поставуваат стражи и се организираат за да спречат воспоставување институции на еднострано прогласената држава.Во неделата биле поставени стражи кон селата населени со ...

Состанок на Советот за национална безбедност на Србија

Канал5 - 26.02.2008

Советот за национална безбедност на Србија денеска ќе одржи состанок на кој ќе расправа за ситуацијата во земјата по прогласувањето независност на Косово. Белград, 26 февруари (МИА) - Советот за национална безбедност на Србија денеска ќе одржи состанок на кој ќе расправа за ситуацијата во земјата ...

На Косово денеска е мирно

Канал5 - 26.02.2008

Косово денеска е мирно по синоќешните жестоки судири меѓу српски воени резервисти и косовската полиција на граничниот пункт Мутивода, во кои беа повредени 19 полицајци. И покрај моменталната стабилизација на ситуацијата, лидерите на демонстрантите најавија продолжување на протестите против ...

На Косово ќе се формира тело за надгледување на примената на планот на Ахтисари

Канал5 - 26.02.2008

На Косово ќе биде формирана Меѓународна управувачка група (International Steering Group-ISC) која ќе биде со највисок меѓународен авторитет, објави денеска приштинскиот весник Зери. Формирањето на тоа тело е предвидено со предлогот на Марти Ахтисари.

Македонија нема да брза со признавањето на независноста на Косово

Канал5 - 26.02.2008

Во одлуката за Косово, Македонија нема да ја следи само политиката на ЕУ и НАТО, туку ќе се води и според сопствените државни интереси – претседателот Црвенковски најава дека земјава нема да брза. Во одлуката за Косово, Македонија нема да ја следи само политиката на ЕУ и НАТО, туку ќе се води и ...

Јеремиќ: Ќе ја урнеме државата Косово

Канал5 - 26.02.2008

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ рече дека српската дипломатија себе си си поставува цел еднострано прогласената независност на Косово да не добие меѓународно правен легитимитет. Белград, 25 февруари (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ рече дека ...

На Рикер не му е јасно дали Србија го признава УНМИК

Вечер Прес - 26.02.2008

Самарџиќ на Рикер му кажал дека речиси 100 отсрто Срби во покраината не ја прифаќаат лажната независност на државата Косово Вчера во Приштина се сретнаа шефот на УНМИК Јоаким Рикер и министерот за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ,што ќе остане забележано како прва посета на една српска ...

Заеднички во одбрана на Косово!

Вечер Прес - 26.02.2008

На заедничката прес-конференција премиерот Коштуница изјави дека со Медведев се договориле, Србија и Русија да продолжат со заедничката политика кон прашањата врзани за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на Србија Првиот заменик на рускиот премиер Дмитриј Медведев, вчера, во ...

Косово и должи 5 милиони долари за струја на Србија

Вечер Прес - 26.02.2008

Мисијата на Обединетите нации на Косово во моментов не сака да купува струја од Србија и ја набавува од другите земји во регионот УНМИК, мисијата на Обединетите нации на Косово му должи речиси 4,9 милиони долари на српското Електростопанството за испорака на струја во изминатиот период.

Лавров: Русија активно ја поддржува Србија за Косово

А1 - 25.02.2008

Русија активно ги поддржува барањата на Србија за воспоставување на територијалниот интегритет, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, критикувајќи ја ЕУ, поткопувајќи го територијалниот интегритет на Србија, дека се подготвува да обезбедува територијален интегритет на ...

Рикер: Србија да ја почитува власта на УНМИК

А1 - 25.02.2008

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер побара денеска од српските власти да ги почитуваат ингеренциите на оваа меѓународна мисија на Косово, пропишана со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. „УНМИК бара од Владата на Србија да се почитува неговата извршна власт според Резолуцијата 1244 за сите ...

Протестанти во Митровица палат знамиња на ЕУ

А1 - 25.02.2008

Неколку знамиња на Европската унија се запалени на денешниот протест на околу 2.000 косовски Срби во северниот дел на Косовска Митровица, кои протестираат против независноста на Косово, пренесуваат агенциите. Протестантите и денеска се собраа во етнички поделениот град Косовска Митровица, како што ...

Коштуница: САД да ја поништат независноста на Косово

Вест - 25.02.2008

БЕЛГРАД, 25 февруари - САД да ја поништат одлуката за признавање на Косово и со тоа да го овозможат владеењето на меѓународните правни норми, побара вчера српскиот премиер Воислав Коштуница. "САД треба да ја поништат одлуката за признавање на лажната држава на територијата на Србија и да овозможат ...

Протести во повеќе европски градови

Време - 25.02.2008

СОСТОЈБАТА ВО БЕЛГРАД И ВО КОСОВО СЕ СМИРУВА ПО БУРНАТА НЕДЕЛА Состојбата во Косово и во Белград е релативно мирна, по минатонеделните масовни протести на Србите против едностраното признавање на новата држава, јавуваат агенциите.

Да не го следиме примерот на САД

Време - 25.02.2008

ПРОТЕСТЕН МИТИНГ ВО КУЧКОВО Околу две илјади Срби што живеат во селата на Скопска Црна Гора вчера во селото Кучевиште одржаа протестен собир против прогласената независност на Косово. „Косово е срцето на Србија“, „Косово било и ќе биде наше“, „Не чепкајте ни го Косово“, беа дел од транспарентите ...

Македонските Срби против признавањето на Косово

Утрински - 25.02.2008

Лидерите на српските партии во земјава вчера од скопското село Кучевиште ги повикаа властите во Македонија да не го признаат Косово. На протестот предводен од лидерите Иван Стоиљковиќ од ДПС и Драгиша Милетиќ од Радикалната партија присуствуваа стотина лица.

Србија во конфузија по стампедото во Белград

Утрински - 25.02.2008

Најголем собир по националистичката хомогенизација во режија на Милошевиќ и на САНУ Од нашиот дописник Иван Торов БЕЛГРАД - Неколку дена по масовниот митинг на плоштадот „Никола Пашиќ“ под мотото „Косово и Србија“ и уривачкото и пљачкашко стампедо за време на собирот и по него, Србија е во целосна ...

Србите ни порачаа да си купиме сол и брашно

Дневник - 25.02.2008

ПРОТИВ НЕЗАВИСНО КОСОВО Ако не успеат сите демократски средства и методи, должност на секој Србин е да го одбрани Косово, рече Драгиша Милетиќ, лидерот на српските радикали Обезбедете си доволно жито и брашно, сол, купете си газија и свеќи, имајте и едно буре со нафта.

Магливиот шарм на европската перспектива

Дневник - 25.02.2008

Непризнавањето на Косово од страна на пет земји-членки на ЕУ ќе ја блокира европската перспектива на новата држава Да оставиме да се слегне прашината. Ова е смирената порака на сталожениот комесар за проширување Оли Рен испратена до Балканот и земјите членки на ЕУ по минатонеделното раѓање на ...

Русија и Србија ќе продолжат со заедничката политика по прашањето на Косово

Канал5 - 25.02.2008

Русија и Србија ќе продолжат со заедничката политика по прашањето на Косово, е заклучокот од денешната средба во Белград меѓу српскиот државен врв и потпретседателот на руската влада и најверојатниот нов претседател на Русија, Димитриј Медведев.

Рикер бара Србија да ја почитува власта на УНМИК на Косово

Канал5 - 25.02.2008

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер побара денеска од српските власти да ги почитуваат ингеренциите на оваа меѓународна мисија на Косово, пропишана со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Приштина, 25 февруари (МИА) - Шефот на УНМИК Јоаким Рикер побара денеска од српските власти да ги ...

Србија треба да ги заштити Србите на Косово и со „воена сила“, смета лидер на косовски Срби

Канал5 - 25.02.2008

Еден од лидерите на Србите во Косово Марко Јакшиќ смета дека поголемиот дел од државите во светот не ја признале независноста на Косово туку тоа го направиле само САД и дел од членките на ЕУ. Белград, 25 февруари (МИА) - Еден од лидерите на Србите во Косово Марко Јакшиќ смета дека поголемиот дел од ...

Трета светска војна?!

Вечер Прес - 25.02.2008

Русија ја најави можноста за трета светска војна, со закани дека и таа би можела да примени вооружени сили ако НАТО излезе надвор од рамките на своето делување на Косово. Претставникот на Русија во НАТО, Димитриј Рогозин, предупреди дека воената алијанса во Косово не смее да се бави со политика, за ...

САД да го поништат признавањето на Косово

Вечер Прес - 25.02.2008

Српскиот премиер наведе дека САД се одговорни да ги вратат нештата во првобитната состојба и преку потврдување на Резолуцијата 1.244 на Советот на ОН да ја гарантираат стабилноста и безбедноста на регионот Српскиот премиер Воислав Коштуница ги повика САД да го поништат решението за признавање на ...