ЧЕШИНОВЦИ ЈА ТРГНАА БЛОКАДАТА ОД ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ Жителите на Чешиново ја тргнаа блокадата од патот Штип - Кочани, се оградија од палењето на државното знаме, им се извинија на патниците и по локалните избори ќе одржат референдум за седиштето на општината.
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Кога државата не можеше да влезе во Кондово, зошто би можела да ја пробие и блокадата кај Чешиново 1 Половина од власта ни се на некакви црни листи, а само судиите се вознемириле. Зошто паника? Цел свет ни кажува дека судството ни е одлично, само Американците ...
Вчера заврши 23-дневниот протест на жителите од Чешиново Оваа битка ја загубивме, но борбата за Чешиново како општина продолжува и понатаму, порачаа вчера чешиновци Иван Бојаџиски ШТИП - Вчера околу 11 часот жителите на Чешиново ја прекинаа 23-дневната блокада на магистралниот пат Штип - Кочани - ...
ЧЕШИНОВЦИ ГИ ТРГНАА БАРИКАДИТЕ Чешиновци вчера ги тргнаа барикадите од магистралниот пат и го прекинаа протестот, кој траеше 23 дена. Стотината трактори и комбајни тргнаа кон Чешиново и околните села, а демонстрантите разочарано порачаа дека ја изгубиле битката, но дека борбата за Општината ...
По 22-дневна одисеја на поларни студови, Чешиновци вчера ја прекинаа блокадата и се повлекоа од регионалниот пат. Градоначалникот на Општина Чешиново, Игор Манов, најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд, од кого ќе бара да се оспори законитоста на измените во Законот за територијална ...
Главната сообраќајница во источниот регион е целосно ослободена и 10 часот претпладне на М-5 се случува нормална фрекфенција на сообраќајот. На жителите на Чешиново, кои во изминативе 23 деноноќија, преку континуирана блокада протестираа против укинувањето на нивната општина, им беше потребен само ...
ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ОТСЕЧЕНА Чешиновци најавија дека патот Штип - Кочани ќе се одблокира само ако некој од Владата им вети дека на претстојните локални избори ќе има и трето ливче за изјаснување на граѓаните каде сакаат да биде седиштето Откако заврши парламентарната седница на која ...
ПРАТЕНИЦИТЕ ИЗГЛАСАА ОПШТИНА ВО ОБЛЕШЕВО Жителите на Чешиново се закануваат со радикални протести откако Собранието вчера го прифати предлогот на Владата новата општина да се вика Чешиново-Облешево, а нејзиното седиште да биде во Облешево. - Сега револтот е уште поголем.
По одлуката на парламентот, на магистралата излегоа 2.000 граѓани да протестираат Приказната за чешиновскиот непокор не е завршена и Чешиново допрва ќе го брани своето право на општина, вели Маре Јордева Иван Бојаџиски ШТИП - Вчерашната одлука на Собранието на Македонија со која на Чешиново му се ...
Усвоени измени на Законот за територијална организација Собранието вчера не попушти на притисоците на чешиновци, кои подолго време го држат под блокада магистралниот пат Штип - Делчево, и со 55 гласа “зааа” и еден воздржан ги усвои измените на Законот за територијална организација, со кои се ...
РЕВОЛТ ПО ОДЛУКАТА НА СОБРАНИЕТО Чешиновци на барикадите ги запалија и државното и сите партиски знамиња веднаш штом Собранието одлучи да го прифати владиниот предлог седиштето на општината да биде во Облешево. Демонстрантите на регионалниот пат ги изгореа своите партиски книшки, поставија дрвен ...
Жителите на Чешиново ја остранија блокадата на магистралниот пат Штип- Кочани.. По три недели секојдневни протести тие денеска го прифатија владиниот предлог, по локалните избори да одржат референдум за иднината на општината..
Собранието пресече, Облешевци и Чешиновци ќе имаат една општина. Мнозинството го прифати владиниот предлог за измени на законот за територијална организација со кој се формира општина Чешиново-Облешево со седиште во Облешево.
Блокадата на главната сообраќајница во источниот регион од пред половина час е половично ослободена од барикадите. Функционира само едната коловозна лента на која има голема фреквенција на возила од кои најмногу камиони во неколку километарски колони.
ВОЈНАТА ЗА ЧЕШИНОВО НА ТРИ ФРОНТА Жителите на Чешиново вчера се заканија дека ќе ги бранат „ако треба и со сила“ своите барикади на патот Штип-Кочани, додека пратениците во Парламентот жестоко расправаа за спорното седиште на нивната општина, а локалните стопанственици се заканија дека ќе ги ...
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА Овој проблем мора да се реши итно за да се спречат понатамошните штетни последици врз стопанството и врз другите сегменти од животот, предупредуваат бизнисмените и граѓаните од повеќе града во источна Македонија.
Ерол Ризаов По историскиот ден во Брисел нашата делегација се враќа дома со полни едра и со многу реални надежи за европската иднина на Македонија. Предавањето на прашалникот на администрацијата на ЕУ сите го доживеавме како прва страница на македонскиот пат кон Европа.
Пратеник од ДПА предупреди да не се попушта под притисокот на чешиновци Пратеникот од ДПА, Џевдет Насуфи, вчера во Собранието предупреди дека не смеат да се прават корекции на новата територијална поделба под притисок на жителите на Чешиново.
ЧЕШИНОВО Околу 200 чешиновци вчера на блокадите го следеа директниот телевизиски пренос од собраниската седница, на телевизор поставен на еден од камионите. Одекнуваа аплаузи или свирежи за пратениците, во зависност од тоа дали зборуваа во прилог или против барањата на чешиновци.
Парламентот пресече.. Седиштето на новата општината ќе биде во Облешево, а ќе го носи името Чешиново - Облешево.. Опозицијата не гласаше за владиниот предлог.. Ја напушти собраниската сала пред изјаснувањето.. Претходно, заменик министерката з Парламентот пресече..
Жителите на Чешиново го запалија државното знаме откога собранието не го усвои амандманот за опстојувањето на нивната општина.. Во неконтролиран револт тие денеска на блокадата на магистралата не ги пропуштаа ниту амбулантните коли и се заканија со граѓан Жителите на Чешиново го запалија државното ...
ПИШУВА: Емил СТЕРЈЕВСКИ Може да е само една од класичните македонски приказни како онаа за Прилеп и Битола, за Струга и Охрид, за Гостивар и Тетово, за Љубојно и Брајчино, за козата на соседот, за прлето и магарето, но може да е и тажна приказна за гледањето сеир и за хроничната немоќ на државата и ...
Собранието на Република Македонија вчера расправаше за предлогот на ВМРО-Народна ,Чешиново и Облешево да останат посебни општини, а по четири години да остане само онаа што ќе може да функционира самостојно. Ставот на парламентарното мнозинство и на Владата е новата општина да се вика ...
И додека Парламентот дебатираше за проблемот, огромна колона патнички и товарни возила и автобуси и денеска застана на блокадите кај Чешиново. Стопанствениците од регионот, поради блокадите што ги трпат, бараат блокадите да престанат.
Чешиново и Облешево да бидат две посебни општини. Ова е амандманот што низ жолчната собраниска дебата го бранеше опозицијата, како алтернатива на владиниот предлог, тие да останат единствена општина Чешиново-Облешево, со седиште во Облешево.
БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА РЕВОЛТИРАНИ ОД ИНДОЛЕНТНИОТ ОДНОС НА ВЛАДАТА КОН БЛОКАДИТЕ НА ЧЕШИНОВЦИ Стопанствениците отворено се прашуваат кој ќе им ги надомести штетите кои со одолговлекувањето на блокадата на патот се се поголеми Стопанствениците од источна Македонија изразуваат ...
ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ Два инциденти без посериозни последици се случија вчера на магистралниот пат Штип-Кочани, поради револт на патниците кон жителите на Чешиново. Чешиновци целосно го блокираа патот очекувајќи го исходот од вчерашната собраниска седница, на која пратениците ...
БЛОКАДА КАЈ ЧЕШИНОВО Целосната блокада на магистралниот пат Штип - Кочани - Делчево, која вчера во 7 часот ја почнаа чешиновци, создаде километарски колони возила и голема нервоза кај возачите и патниците. Вчера во последен момент биле спречени два инцидента.
Писмо Соочени со дваесетдневната блокада на магистралниот пат М-5, која граѓаните на Чешиново ја спроведуваат се поригорозно, стопанствениците и граѓаните од Регионот во писмена форма и се обраќаат на Владата на Република Македонија со повик овој сериозен проблем да се реши итно за да се спречат ...
Уличната од денеска стана и парламентарна демократија.. Пермутации на тема Облешево - Чешиново, Чешиново - Облешево.. Опозицијата е за опстанок на двете општини, бидејќи како што тврди така најлесно ќе се реши проблемот кој со блокадите на патиштата ги на Уличната од денеска стана и парламентарна ...
Во Собранието на Република Македонија вчера беа доставени две одделни декларации од Облешево и од Чешиново. Во декларацијата што ја испратија жителите на Облешево се известува дека тие уште на 28 ноември минатата година спровеле успешен референдум и, според резултатите од него, името на ...
Од 6.30 минути утринава па се до овој момент не функционира главната сообраќајница во источниот регион. Освен возилата за итна помош жителите на Чешиново не дозволуваат преку барикадите да поминат ниту припадниците на АРМ, граничната полиција и полицијата од другите градови.
Патот Кочани - Штип блокиран трета недела ШТИП - Чешиновци денеска ќе постават неколку телевизори на магистралата Штип - Кочани за да можат групно да ја следат седницата на Собранието на Македонија, на која ќе се расправа и за нивниот проблем.
ЧЕШИНОВО Одборот за протести на Чешиново вчера одлучил од денеска во 7 часот целосно да го блокираат магистралниот пат Штип-Кочани-Делчево. Ако Собранието денеска го усвои предлогот на Владата за измени на Законот за територијалната организација, со кој општината би се преименувала од Чешиново во ...
ЧЕШИНОВЦИ СЕ ЗАКАНУВААТ СПРОТИ УТРЕШНИОТ ДЕН "Д" Чешиновци со нетрпение го очекуваат утрешниот ден, кога пред пратениците треба да се најде предлогот на Владата за измени на Законот за територијалната организација, според кој Општината Чешиново треба да се преименува во Чешиново-Облешево, а ...