TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски ја нуди "Шпилје" за Албанија

Вест - 12.11.2005

"Ќе сториме се за да помогнеме", кажа Црвенковски додавајќи дека претпоставува оти Владата веќе почнала да работи на модалитетите на помош за кои разговарал со Мојсиу. Објасни дека како втора работа што ја понудил е ставање во погон на ТЕЦ Неготино, која е исклучена од системот поради многу ...

Контролирано ќе го празниме Охридско Езеро за Албанија

Време - 12.11.2005

ДРЖАВНИОТ ВРВ БАРА СТРУЈА ЗА СОСЕДОТ Мирче Котевски Македонија ќе стори се што е во рамките на нејзините можности за да и помогне на Албанија да се справи со тешката енергетска криза, изјави вчера, претседателот Бранко Црвенковски.

Црвенковски понуди струја од ХЕЦ "Шпилје"

Дневник - 12.11.2005

ПОМОШ ЗА АЛБАНИЈА Македонија ќе стори се што е во рамките на нејзините можности да и помогне на Албанија да се справи со актуелната тешка енергетска криза, изјави вчера претседателот Бранко Црвенковски, јави МИА. Тој смета дека земјава може да ги зголеми производствените капацитети на ...

Црвенковски: Ќе и помогнеме на Албанија за енергетската криза

А1 - 11.11.2005

Република Македонија ќе стори се што е во рамките на нејзините можности да и помогне на Република Албанија да се справи со актуелната тешка енергетска криза, рече претседателот Бранко Црвенковски одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес конференција во неговиот Кабинет.

Косово и дава струја на Албанија

Дневник - 11.11.2005

"НОЌНА ИНФУЗИЈА" Косовската електрокорпорација ноќе и испорачува од 80 до 100 мегават-часови на Албанија, за да ја ублажи енергетската криза во која се наоѓа оваа земја. Палок Бериша, портпарол на косовската електрокорпорација изјави дека испораката на струја се врши ноќе, кога Косово има вишок ...

Ќе се активира ли ТЕЦ „Неготино“?

Време - 10.11.2005

ВЛАДАТА БАРА НАЧИН ДА ПОМОГНЕ Министерството на економија ќе и предложи на Владата да одобри производство и продажба на струја од ТЕЦ „Неготино“ за потребите на соседна Албанија за да се намали кризата со електрична енергија во оваа земја, соопштија вчера во Министерството.

ТЕЦ „Неготино“ во погон за потребите на Албанија?

Утрински - 10.11.2005

Три можности за помош западниот сосед да ја премости енергетската криза Министерството за економија понуди три модели со кои Македонија може да Ј помогне на соседна Албанија во напорите оваа соседна земја да ја надмине енергетската криза.

За Албанија скапа струја од ТЕЦ „Неготино“

Дневник - 10.11.2005

МАКЕДОНИЈА НУДИ ПОМОШ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Македонија ќе ја активира термоцентралата "Неготино" за да и даде струја на Албанија, која се соочува со огромен недостиг од електрична енергија. Во Министерството за економија велат дека ова ќе биде краткотрајно решение, додека Албанија не ...

Намалени рестрикциите на струја во Албанија

А1 - 09.11.2005

По многуте најави, конечно преку Грција почна испораката на договорените 150 милиони киловат часови електрична енергија од Романија. Албанската електрокорпорација веднаш го намали времетраењето на рестрикцијата за 90 минути на целата територија на земјата, а за околу 4 часа во Тирана.

Од охридските води нема струја за Албанија

Утрински - 09.11.2005

Откако западниот сосед алармира дека недостигот електрична енергија ќе ја парализира државата Експерти ќе оценуваат дали имаме вишоци за помош на соседот МАЈА ТОМИЌ "Засега ништо не можеме да ветиме. Пред сў, треба на експертско ниво да оцениме каква е ситуацијата во земјава со снабденоста со ...

Албанија има струја уште за еден ден

Дневник - 09.11.2005

МАКЕДОНИЈА БАРА НАЧИН ДА ПОМОГНЕ Албанија има резерви на електрична енергија за само еден ден. И покрај големите дневни рестрикции од 10 часа во Тирана до 20 во другите делови, земјата не успеа да ја избегне енергетската криза.

Албанија пред електроенергетски колапс

А1 - 08.11.2005

Албанија пред електроенергетски колапс. И покрај големите рестрикции, кои се движат од 10 до 20 часа дневно, резерва има само за уште еден ден. Доколку не се остварат ветувањата на премиерот Сали Бериша, земјата ќе потоне во целосен мрак .

Само ТЕЦ "НЕГОТИНО" може да извезува

Вест - 08.11.2005

МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БАРА НАЧИН ДА И ДАДЕ СТРУЈА НА АЛБАНИЈА Според МЕПСО, на Албанија може да и се помогне околу трансферот на струјата што албанската компанија има намера да ја увезе, или, пак, да и се понуди многу скапата електрична енергија од ТЕЦ "Неготино", кое Македонија не го користи ...

Се продлабочува енергетската криза во Албанија

Утрински - 08.11.2005

Рестрикции Тирана - Рестрикцијата на електрична енергија во Албанија од вчера се зголеми за четири часа, со што граѓаните ќе немаат струја повеќе од осум часа дневно, а во северниот дел на земјата и до 18 часа. Според албанската електроенергетска корпорација "Кеш", во градовите струјата ќе биде во ...

Албанија во целосен мрак?

Дневник - 08.11.2005

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Ако досега се сметаше времето на рестрикција, од завчера на жителите на Албанија полесно ќе им биде да ги бројат часовите кога имаат струја, зашто рестрикцијата на електрична енергија се зголеми за четири часа.

Македонија ке и подаде рака на Албанија за да излезе од мракот

Канал5 - 08.11.2005

Македонија со крајни сили ги покрива своите потреби за струја, но сепак разгледува опции како да и помогне на Албанија да излезе од мракот, изразија солидарност дел од менаџерите на енергетските компании заедно со власта. Македонија со крајни сили ги покрива своите потреби за струја, но сепак ...

Македонија нема струја за помош на Албанија

А1 - 07.11.2005

Македонија нема доволно струја ни за себе, а камо ли за Албанија. Албанскиот премиер Бериша му се јавил на македонскиот колега Бучковски со апел за помош. Властите во Скопје ветиле дека ќе сторат се, но практично многу малку може да помогнат Албанија да се справи со енергетската криза .

Зголемени рестрикциите за струја во Албанија

А1 - 07.11.2005

Албанија веќе потонува во мрак. Од денес нејзините граѓани повеќе часови се без отколку со струја. Рестрикцијата се движи од најмалку 10 во Тирана до 20 часови во другите делови од земјата. Со ваква рестрикција резерва има за само уште еден ден .

Мракот ќе се надминува со струја од Украина

Утрински - 07.11.2005

Албанија бара вода од Македонија ДЕБАР - Од најтешката електроенергетска криза во која се наоѓа Албанија спас ќе најде кај своите украински пријатели, вели премиерот Сали Бериша, кој ползувајќи ги пријателските односи со претседателот на Украина, веќе ги обезбедил потребните количества струја за ...

Енергетската криза во Албанија се продлабочува

Макфакс - 07.11.2005

Тирана Рестрикцијата на електрична енергија во Албанија од денеска се зголемува за четири часа, со што граѓаните ќе немаат струја повеќе од осум часа дневно, а во северниот дел на земјата и до 18 часа. Според албанската електроенергетска корпорација “Кеш“, во градовите струјата ќе биде во прекин од ...