TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Eксплозија во Чаир, oштетени три возила

А1 - 09.10.2008

Експлозија, во која се оштетени три патнички возила, одекна ноќеска 50 минути по полноќ во општината Чаир во Скопје, соопшти денеска министерството за внатрешни работи. Според истиот извор во експлозијата, која се случила во дворот од куќите на 45-годишниот Х.Р. и 48-годишниот Ѓ.Р. нема повредени.

Експлозии во Чаир

Форум - 09.10.2008

Во населбата Чаир, околу еден часот по полноќ, во двор од куќа на улицата “Серава“, експлодирале две бомби. Никој не е повреден од експлозијата, а оштетени се три автомобили.

Во Чаир ноќеска експлодираа 2 бомби

Канал5 - 09.10.2008

Две рачни бомби околу еден часот по полноќ биле фрлени во двор од две куќи на улицата Серава во скопски Чаир. Од експлозијата нема повредени лица, оштетени се три автомобили сопственост на двајцата скопјани во чиј двор биле фрлени бомбите. Се уште е непознат и мотивот за нападот.

Фрлени бомби пред куќа во Чаир

Нетпрес - 09.10.2008

Педесет минути по полноќ во двор од куќа лоцирана на улица “Серава“ во скопската населба Чаир била фрлени две експлозивни направи. Од експлозијата била направено само оштетување на три возила. Нема повредени.

Експлозија во Скопје

Макфакс - 09.10.2008

Експлозија, во која се оштетени три патнички возила, одекна ноќеска 50 минути по полноќ во општината Чаир во Скопје, соопшти денеска министерството за внатрешни работи. Според истиот извор во експлозијата, која се случила во дворот од куќите на Х.Р (45) и Ѓ.Р (48) нема повредени.