TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Убиецот од Пенсилванија го мачеле сексуални соништа

Утрински - 05.10.2006

Чарлс Карл Робертс и признал на сопругата дека пред 20 години злоупотребил два помлади члена од своето семејство НИКЕЛ МАЈНС - Напаѓачот кој уби пет девојчиња во нападот врз училиштето за Амиши во Пенсилванија ч кажал на сопругата дека пред 20 години злоупотребил два помлади члена од своето ...

Пукал во Амишите поради траума од детството

Дневник - 05.10.2006

Полицијата смета дека Робертс планирал долго време да држи заложници, а и сакал сексуално да ги малтретира девојчињата Сексуални трауми од детството го поттикнале 32-годишниот Чарлс Карл Робертс да стрела во девојчињата во училиштето за Амиши во Пенсилванија, јави Ројтерс.

Убиецот сакал да блудничи?

Вечер Прес - 05.10.2006

Мотивите на Чарлс Карл Робертс, кој на 2 октомври стрелаше во 10 девојчиња во училиште на Амишите во Пенсилванија, при што уби пет и тешко рани уште толку пред да се самоубие, најверојатно се поврзани со сексуалната злоупотреба од детството и смртта на неговото тукушто родено дете пред девет ...

Пет девојчиња убиени во амишко училиште

Време - 04.10.2006

НОВ КРАВАВ НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ ВО САД Тешко вооружен напаѓач завчера влетал во училиште во населба на Амиши во местото сојузната американска држава Пенсилванија и застрелал десетина девојчиња, убивајќи пет од нив. Напаѓачот Чарлс Робертс ги избркал момчињата и учителките надвор пред да ги врзе и да ...

Убил пет девојчиња во школо на Амиши

Вест - 04.10.2006

УБИСТВО ВО ПЕНСИЛВАНИЈА, САД Вашингтон, 4 октомври (АП) - Пет девојчиња се убиени, а седум се ранети во училиште на на религиозната заедница Амиши во Пенсилванија од маж кој потоа се самоубил. Од повредените, три деца се во тешка здравствен Вашингтон, 4 октомври (АП) - Пет девојчиња се убиени, а ...

Пекол во мирно училиште на Амишите, убиени пет девојчиња

Утрински - 04.10.2006

Напаѓачот убивал само девојчиња поради одмазда, а потоа се самоубил Никел Мајнс - Бесен возач на камион за млечни производи во понеделникот влезе во едно училиште за Амиши и уби пет девојчиња пред и самиот да се самоубие, во третата престрелка во американско училиште во која има жртви, соопштија ...

Построил ученички пред табла и им стрелал во тилот

Дневник - 04.10.2006

Полицијата тврди дека нападот врз училиштето бил одмазда за настан што се случил пред 20 години, кога убиецот бил во основно училиште Вооружен маж убил пет девојчиња и тешко ранил уште неколку, па се самоубил кога почнала полициската акција за ослободување на децата, прексиноќа во училиште во ...

Амишите - мирна заедница „заглавена во времето“

Дневник - 04.10.2006

Амишите се мирна анабаптистичка заедница која ги отфрла модерните технолошки достигања и живее како нејзините предци - првите германски доселеници во Америка Амишите се мирна анабаптистичка заедница која ги отфрла модерните технолошки достигања и живее како нејзините предци - првите германски ...

Убиецот во школото на амишите блудничел со две девојчиња роднини во минатото

Канал5 - 04.10.2006

Чарлс Карл Робертс, кој на 2 октомври стрелаше на 10 деца во училиште на амишите во Пенсилванија, при рани пет од нив пред да се самоубие, веројатно се сетил на своето блудничење со две свои блиски пред 20 години и сакал истото да го повтори, соопшти полицијата.

Убиени пет девојчиња на Амиши

Вечер Прес - 04.10.2006

Убиецот ги задржал само ученичките, ги заврзал и почнал да им пука во главите, одмаздувајќи се за нешто што му се случило пред 20 години Полицијата во сојузната американска држава Пенсилванија вели дека и петтото девојче починало од повредите нанесени од вооружено лице кое извршило напад во ...

Пет загинати при напад на вооружен маж во Пенсилванија

А1 - 03.10.2006

Уште две девојчиња починале од раните задобиени при нападот на вооружен маж на амишко училиште во Пенсилванија, со што бројката настрадани во нападот се искачи на пет лица. Според болнички извори, едно седумгодишно девојче починало денеска, а второто девојче умрело откако било префрлено во болница.

Четири девојчиња убиени во училиштето во Пенсилванија

Макфакс - 03.10.2006

Вашингтон Четири девојчиња се убиени, а седум се ранети во училиште на Амиши во Пенсилванија од маж кој потоа се самоубил. Портпаролот на полицијата на државата Пенсилванија Џефри Милер, посочи, дека некои од ранетите деца се во многу тешка состојба.

Бројот настрадани во амишкото училиште се искачи на пет

Макфакс - 03.10.2006

Вашингтон Уште две девојчиња починале од раните задобиени при нападот на вооружен маж на амишко училиште во Пенсилванија, со што бројката настрадани во нападот се искачи на пет лица. Според болнички извори, едно седумгодишно девојче починало денеска, а второто девојче умрело откако било префрлено ...

Убиства во училиште во Пенсилванија

Макфакс - 02.10.2006

Вашингтон Најмалку шест лица се убиени, откако вооружен напаѓач отвори оган во училиште за Амиши во Пенсилванија, јавуваат агенциите. Најголем дел од загинатите се деца, а убиен е, најверојатно, и напаѓачот. Во моментот на нападот во училиштето имало 20 до 30 ученици.