TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Месиќ: „Милошевиќ ја распадна Југославија, а не јас“

А1 - 24.02.2002

„Слободан Милошевиќ е виновникот што се распадна поранешна Југославија, а не јас“, изјави на конференција за новинари во Загреб хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Тој, како што јави агенцијата „Хина“, повтори дека е подготвен да сведочи во судскиот процес што се води пред Хашкиот трибунал, дека ...

Mилошевиќ - Хаг 1:0

А1 - 24.02.2002

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ после првите осум дена од процесот пред Хашкиот трибунал за воени злостори води со еден наспрема нула, оценува холандското државно радио, додавајќи дека Милошевиќ засега добро ја користи позицијата сам против сите, настојувајќи да ја убеди ...

Милошевиќ осум и пол часа во ТВ дневниците

А1 - 22.02.2002

Судскиот процес против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ е „топ тема“ во сите медиуми во СРЈ, но тоа не е искористено за отворање на темите за воените злосторства и настаните во Хрватска, БиХ и на Косово, соопшти југословенскиот медиумски центар.

Трибуналот слушна сведоштва за убиствата на Косово

Вест - 22.02.2002

Хаг, 22 февруари - Судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал продолжи вчера со сослушување на вториот сведок - Албанец од Косово, Фехим Елшани. Елшани пред Судот зборуваше за однесувањето на српските сили за безбедност во првите денови по почетокот ...

Уште еден неуспех на Трибуналот против Милошевиќ

Утрински - 22.02.2002

Нови сведоци во процесот против Слободан Милошевиќ пред судот во Хаг ХАГ - Првата жртва од Косово која сведочеше на судењето за воени злосторства против Слободан Милошевиќ во Хаг, го напушти судот пред да го заврши испрашувањето поранешниот југословенски претседател.

Косовски Албанци раскажуваа за злосторства на силите на Милошевиќ

Дневник - 22.02.2002

СУДЕЊЕ ВО ХАГ Милошевиќ не успеа да го збуни сведокот Агим Зеќири кој остана доследен на својата верзија на настаните, велејќи дека кога српските сили го запалиле селото Челино, во него немало припадници на ОВК Судењето против Слободан Милошевиќ вчера продолжи со сведочењето на Фехим Елшани, жител ...

Милошевиќ во самоодбрана од албански жител

А1 - 21.02.2002

Денеска продолжува судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал. Милошевиќ треба да го продолжи испитувањето на Агим Зекири, жител на косовското село Целина, меѓу Ораховица, Призрен и Ѓаковица.

Мира Марковиќ не доби виза за Хаг

Вест - 21.02.2002

ХАГ, 21 февруари (АП) - По првата победа за Слободан Милошевиќ воениот суд на ОН вчера го откажа сведочењето на еден иследник на обвинителството велејќи дека се заснова на неприфатливи информации. Сепак, Милошевиќ имаше причина да се пожали до холандската влада зашто неговата сопруга не доби виза ...

Мира Марковиќ без виза за Холандија

Утрински - 21.02.2002

Продолжува судскиот процес против Слободан Милошевиќ во Хаг Според белградски весници, Милошевиќ по првиот сведок постигнал почетна победа - Милошевиќ - Хаг 1 : 0 ХАГ - Слободан Милошевиќ вчера изјави дека во неговиот случај не се постапува коректно, поради тоа што на неговата сопруга Мира Марковиќ ...

Милошевиќ соочен со сведок на масакр на Косово

Дневник - 21.02.2002

СУДЕЊЕ ВО ХАГ Портпаролот на романскиот диктатор Чаушеску се понуди да сведочи во полза на Милошевиќ Косовецот Агим Зеќири вчера во рамките на судењето на Слободан Милошевиќ сведочеше за уништувањето на неговото село Челина и за смртта на 16 негови роднини, злосторства што ги извршиле српските ...

Хаг се откажа од сведочењето на вториот сведок

А1 - 20.02.2002

Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска се откажа од сведочењето на судскиот истражител Кевин Кертис, вториот сведок на обвинителството во судскиот процес против Милошевиќ. На местото на Кертис обвинителството го повика да сведочи судскиот истражител Стивен Спарго, кој се очекува да говори за ...

Милошевиќ го сослушуваше Бакали

Вест - 20.02.2002

ХАГ, 20 февруари (АП) - Слободан Милошевиќ во судот за воени злосторства во Хаг вчера го сослуша првиот сведок, албанскиот косовски лидер Махмут Бакали, обидувајќи се да го дескредитира политичарот кој ... ХАГ, 20 февруари (АП) - Слободан Милошевиќ во судот за воени злосторства во Хаг вчера го ...

Драматичен дуел на двајцата стари комунисти

Утрински - 20.02.2002

Во Хаг Слободан Милошевиќ го испрашуваше Махмут Бакали, првиот сведок на обвинението ХАГ - Двајцата стари комунисти и националисти вчера во Трибуналот во Хаг се најдоа уште еднаш очи в очи во едно историско сведување на меѓусебните и сметките на Србија во Косово или на Косово во Србија.

Милошевиќ го растури Бакали со вкрстени прашања

Дневник - 20.02.2002

СУДЕЊЕ ВО ХАГ Симпатизерите на Милошевиќ не го криеја задоволството по вчерашното испрашување, а дури и независните аналитичари "симнаа капа" Слободан Милошевиќ вчера со вкрстени прашања и низа аргументи успеа да го збуни првиот сведок на обвинителството Махмуд Бакали и да извлече полза од неговото ...

Милошевиќ на соочување со неговиот прв контра сведок

А1 - 19.02.2002

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ со остри и конкретни прашања денеска пред Хашкиот трибунал го почна вкрстеното испитување, барајќи недоследности во сведочењето на албанскиот политичар Махмуд Бакали и неговите тврдења дека Србија под водство на Милошевиќ ги задушила ...

Слобо се надева дека ќе го ослободи порота од светската јавност

Вест - 19.02.2002

МИЛОШЕВИЌ ГО ЗАВРШИ ИЗЛАГАЊЕТО ПРЕД ТРИБУНАЛОТ Вчера попладне повикани и првите сведоци ХАГ, 19 февруари (Ројтерс) - Слободан Милошевиќ своето најдолго излагање од два и пол часа го заврши со изјавата дека "поротата" составена од светската јавноста ќе го ослободи од воените злосторства.

Бакали првиот сведок пред Трибуналот

Вест - 19.02.2002

Косовскиот политичар Махмут Бакали вчера попладне беше првиот сведок на процесот. Бакали беше висок член на Комунистичката партија на Косово од 1970 до 1981 година, кога ја напушти партијата поддржувајќи ги протестите за албанските човекови права во српската провинција.

Милошевиќ бара порота од светската јавност

Утрински - 19.02.2002

Заврши одбраната на поранешниот југословенски претседател пред Судот во Хаг ХАГ - Слободан Милошевиќ вчера го приведе кон крај најдолгиот говор пред досега најбројна публика изјаснувајќи се дека "поротата" од светската јавност ќе го ослободи од воените злосторства.

Милошевиќ треба да одговара за своите гревови, но не во Хаг

Дневник - 19.02.2002

ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ ЗА ПРОЦЕСОТ ВО ХАГ Вождот ќе беше посреќен ако пред десетина години си го одлежеше затворот, вели професорот по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ Дури 80 отсто од обвиненијата против Слободан Милошевиќ ќе паднат во вода на секој независен суд, смета Ѓорѓи Марјановиќ, професор од ...

Првиот сведок Бакали го обвини Милошевиќ дека вовел апартхејд на Косово

Дневник - 19.02.2002

СУДЕЊЕ ВО ХАГ Јас секогаш се залагав за мир, иако нашите српски браќа во Босна и во Хрватска малку полудеа - изјави Милошевиќ Судењето против Слободан Милошевиќ вчера влезе во нова фаза, со сведочењето на Махмуд Бакали, поранешен водач на косовските комунисти, кој во 1981 година ја напуштил ...

Милошевиќ: „Западните сили предизвикаа меѓунационална омраза во СФРЈ“

А1 - 18.02.2002

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ го заврши денеска уводното излагање на својата одбрана пред Хашкиот трибунал, обвинувајќи ги западните сили за предизвикување меѓунационална омраза во поранешна СФРЈ со цел да воспостават доминација во југоисточна Европа.

Ламберто Дини би сведочле против Милошевиќ

Вест - 18.02.2002

Рим, 18 февруари - Поранешниот италијански министер за надворешни работи Ламберто Дини изјави дека со задоволство би сведочел пред Хашкиот трибунал на судењето против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, истакнувајќи дека НАТО - нападите на Југославија биле оправдани за да ...

"И тираните имаат право на фер-судење"

Утрински - 18.02.2002

Реакции на британскиот печат по започнувањето на судскиот процес против ексјугословенскиот лидер Лондон - Британскиот весник "Сандеј тајмс" денеска пишува дека на судењето против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ би можела да настане "врвна иронија ако еден од клучните ...

Започнува дефилето на сведоците

Утрински - 18.02.2002

Денес во Хаг Слободан Милошевиќ продолжува со својата одбрана Од нашиот известувач ГРОЗДАН ПОПОВ Хаг - Прес-центарот на Меѓународниот кривичен трибунал за Југославија е затворен. Илјадниците метри кабли и поцинкувани бариери не ги грдат како пред три-четири дена свежо-зелените тревници околу ...