TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Американскиот народ обединет против Ирак

А1 - 13.10.2002

„Американскиот народ е обединет во потребата да му се спротивстави на Ирак и да го натера да се разоружа“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш во радио обраќањето до нацијата. Буш истакна дека земјата и Конгресот се обединети и дека Ирак ќе мора да ги испочитува сите претстојни резолуции на ...

Буш доби овластување за воена акција против Ирак

А1 - 11.10.2002

Доцна синоќа американскиот сенат со 77 гласа „за“ и 23 „против“ ја донесе резолуцијата со која Буш доби овластување да употреби воена сила против Ирак. „Господине претседател, со ова ви даваме голема доверба“, му порача на Буш еден пратеник, републиканец.

Ирак ги кани САД на спорните локации

Утрински - 11.10.2002

Понуда БАГДАД - Ирак вчера ги покани САД да испратат претставници кои ќе ги посетат ирачките локации за кои се верува дека во нив се произведува оружје за масовно уништување. "Американската администрација е поканета да ги испита овие локации за оружје", изјави Абдул Таваб Мула Хавајш, заменик- ...

Ирак кани на гости инспектори од САД

Дневник - 11.10.2002

БАГДАД ГИ ОТВОРА ПОРТИТЕ И ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ Багдад вчера ги покани Соединетите Американски Држави да испратат свои функционери во Ирак за да ги посетат сомнителните инсталации и да се уверат дека во нив ниту се произведува, ниту се складира оружје за масовно уништување, јави Ројтерс.

Курдската автономија е неприфатлива за Турција

Утрински - 10.10.2002

По плановите на ирачките Курди за федерална држава Ирак ИСТАНБУЛ - Плановите на ирачките Курди за федерална држава Ирак во која нивниот северен регион ќе добие автономија, доколку САД го протераат Садам Хусеин се неприфатливи, изјави вчера турскиот премиер Булент Еџевит.

Со шпионски летала во потрага по оружјето во Ирак

Утрински - 10.10.2002

Инспекторите за оружје ги презентираа условите до Багдад ЊУЈОРК - Подготвувајќи се за влез во Ирак, инспекторите за оружје на ОН вчера писмено ги презентираа условите преку кои очекуваат Багдад да го олесни "итниот, безусловен и неограничен" пристап до осомничените локации со оружје.

Американците се плашат од убиствен контранапад од Ирак

Дневник - 10.10.2002

ЗАКАНИ ОД ВАШИНГТОН И КОНТРАЗАКАНИ ОД БАГДАД Ирачкиот лидер Садам, им порача на Американците дека Ирачаните со се што ќе им дојде до рака ќе ги бранат својот идентитет, својата чест и своето богатство Американската Централна разузнавачка агенција ЦИА вчера оцени дека ирачкиот претседател Садам ...

Буш бара поддршка за акција, Ирак вели: "тој е sвер кој сака да јаде мали држави"

Вест - 09.10.2002

ВАШИНГТОН, 9 октомври (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека расте заканата Ирак да ги нападне САД, но додаде дека американската воена акција не е неизбежна и дека ќе дејствува со сојузници ВАШИНГТОН, 9 октомври (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека расте ...

Буш ја смирува реториката спрема Ирак

Утрински - 09.10.2002

Американскиот претседател во најновото обраќање рече дека војната против Ирак не е непосредна или неизбежна СИНСИНАТИ - Американскиот претседател Џорџ Буш, обединувајќи ги Американците во можната војна против Ирак, во понеделникот изјави дека воена акција не е "непосредна или неизбежна", но додаде ...

Русија и Франција на иста линија околу Ирак

Утрински - 09.10.2002

Став МОСКВА - Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Јури Федотов, вчера изјави дека рускиот став за Ирак се совпаѓа со ставот на Франција, и ги отфрли американските нацрт-предлози, истакнувајќи дека тие содржат "барања за кои однапред се знае дека се неприфатливи".

Париз бара две резолуции за Ирак

Утрински - 09.10.2002

Франција го презентираше својот претпазлив пристап за нападите врз Ирак ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Француските дипломати доцна во понеделникот им објаснија на десетте ротирачки членки на Советот за безбедност на ОН зошто се спротивставуваат на цврстите американски предлози за Ирак, и го презентираа по ...

Буш ја извести нацијата за нападот врз Ирак

А1 - 08.10.2002

„Ништо ново“ е најкраткиот известај што може да се направи од синоќесното обраќање кон нацијата на американскиот претседател Буш на тема - Ирак. Тој, како што се очекуваше, не одговори на клучното прашање што го поставува јавноста: „Зошто Ирак треба да се нападне токму сега?“ Бушовиот говор ...

Се' поголема поддршка од Конгресот за напад врз Ирак

А1 - 07.10.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш во Конгресот може да смета дека големо мнозинство од пратениците ќе го ополномошти да започне војна против Ирак. Лидерот на опозиционите демократи во Сенатот, Том Дешл, рече дека тој им припаѓа на оние кои не сакаат да му дадат целосно одврзани раце на Буш.

Буш: Нападот на Ирак е неизбежен!

Утрински - 07.10.2002

САД повторно ја засилуваат реториката спрема Багдад Американскиот претседател Џорџ Буш предупреди дека војната со Ирак е "неизбежна", како осигурување дека режимот на Садам Хусеин нема да произведува оружје за масовно уништување.