TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обраќање на претседателот на САД, Џорџ Буш до светската јавноста

А1 - 07.10.2001

„По моја наредба артилеријата на САД ги започна нападите врз камповите за тренирање на терористи на Ал Каеда и воените објекти на талибанскиот режим во Авганистан“, го започна своето обраќање кон светската јавност претседателот на САД, Џорџ Буш.

САД го нападнаа Авганистан

А1 - 07.10.2001

Американците ја срушија главната база на Талибанците на аеродромот во јужноавганистанскиот град Кандахар. Во нападите учествуваат и британски сили. Почетокот на нападите врз Авганистан ја потврди и Пентагон. Во 19 часот по средно европско време неколку силни експлозии се слушнале во главниот град ...

Кои се всушност нашите сојузници во Авганистан?

Дневник - 06.10.2001

Роберт Фиск - Градење коалиција против тероризмот Ако успееме во Кабул да воспоставиме марионетска влада по наш вкус, таа ќе функционира некое време, по што ќе се распадне. Водачите на Северната алијанса ќе се поделат по етничка основа и ќе се свртат едни против други, или ако нашите војници се ...

Нападите врз Авганистан може да почнат веќе в понеделник

Дневник - 05.10.2001

САД ГИ ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВОЕНА АКЦИЈА Ако се земат предвид сите фактори, од патните планови на политичарите до метеоролошките прогнози и исламскиот календар, останува мал период за нападот - од 9 октомври до средината на ноември Американците и нивните сојузници во глобалната ...

Македонија и Авганистан први соседи во Виена

Вест - 04.10.2001

ДИПЛОМАТСКИ КУРИОЗИТЕТ Македонската амбасада во Австрија, но и мисијата на Македонија во ОБСЕ, се сместени во истата дипломатска зграда во која е сместена и амбасадата на Авганистан, но не онаа на Талибанците, туку на Северната... Македонија и Авганистан се соседи во Виена.

ЦИА веќе ја почна војната со талибанците

Дневник - 04.10.2001

ПОМОШ ЗА СЕВЕРНАТА АЛИЈАНСА Операцијата на ЦИА е слична на таа во 80-тите години, кога ги обучуваше и вооружуваше авганистанските герилци да се борат против инвазиските сили на Советскиот Сојуз Американската Централна разузнавачка агенција ЦИА им испорачува оружје на авганистанските опозициски сили ...

Последни подготовки на талибанците за пресметка со САД

Дневник - 03.10.2001

АВГАНИСТАН Пакистанскиот претседател изрази надеж дека американските напади врз Авганистан ќе бидат брзи и интензивни, по што би била спроведена кампања за рехабилитација на земјата Талибанското раководство, очекувајќи воен удар од Американците и нивните сојузници, испрати стотици емисари низ ...

На Талибанците им се одброени деновите

А1 - 02.10.2001

Independent предвидува дека воениот удар на Aвганистан би можел да уследи за само неколку часови, забележувајќи дека во Aмерика и Британија во тек се најголемите движења на борбените авиони и муниција од времето на заливската војна.

Одброени деновите на талибанското владеење

Вест - 02.10.2001

ИСЛАМАБАД, 2 октомври (Ројтерс) - Пакистанскиот претседател Первез Мушараф за Би-Би-Си изјави дека се одбројуваат деновите на талибанското владеење во Авганистан. "Се чини дека САД наскоро ќе преземе акции во Авганистан", изјави тој. "Поради ставот на Талибанците...

"На талибанците им се изброени деновите"

Дневник - 02.10.2001

ПАКИСТАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТВРДИ Пакистанскиот претседател Первез Мушараф вчера оцени дека на владејачкото талибанско движење во Авганистан "му се изборени деновите", јави Ројтерс. На прашањето на новинар на Би-би-си дали деновите на талибанците се изброени, Мушараф одговори: "Се чини дека е така.