TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Парламентарното собрание на НАТО за Косово

А1 - 12.11.2005

Идниот статус на Косово ќе биде една од главните теми на седницата на Парламентарното собрание на НАТО, кое започнува денеска во Копенхаген. Покрај за Косово, членовите на Собранието ќе разговараат и за иднината на мировните операции на Алијансата во Авганистан.

"Косово има условна, бараме целосна независност"

Дневник - 12.11.2005

ПОВИК НА ОПОЗИЦИОНЕРОТ ХАШИМ ТАЧИ Косово треба да добие целосна независност, бидејќи условна независност има од 11 јуни 1999 година, изјави лидерот на опозициската Демократска партија на Косово Хашим Тачи, јави Макфакс. Хашим Тачи оценува дека формулата на Белград "помалку од независност, повеќе од ...

Резолуција на албанскиот Парламент за независно Косово

А1 - 11.11.2005

Откако го ислушаа еврокомесарот Оли Рен, албанските народни избраници едногласно усвоија резолуција со која експлицитно се бара целосна независност на Косово. Во резолуцијата, покрај другото, стои дека Албанија ја поддржува независноста на Косово, што ја изразува желбата и слободната волја на ...

Тачи: Целосна независност за Косово - условна имаме од 1999

А1 - 11.11.2005

Косово треба да добие целосна независност, бидејќи условна независност има од 11.јуни 1999 година - изјави лидерот на опозиционата Демократска партија на Косово Хашим Тачи, во интервју за српскиот весник „Данас“. Хашим Тачи тврди дека формулата на Белград 'помалку од независност, повеќе од ...

Албанија за независност на Косово

А1 - 10.11.2005

Албанските пратеници од власта и опозиција го усогласија ставот дека конечниот статус на Косово треба да биде независност, што е во спротивност со ставот на шефот на дипломатијата Бесник Мустафаи, кој се залага за условна независност.

Србија нема да влезе во НАТО без решение за Косово

Утрински - 10.11.2005

Соединетите Американски Држави му поставија услов на Белград пред стартот на преговорите Без оглед на исходот, НАТО ќе треба да остане во Косово за да се спречи повторување на минатогодишните напади врз Србите ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави ќе ја блокираат Србија да се приклучи во НАТО ...

Статусот треба да гарантира мултиетничност

Дневник - 10.11.2005

КОНТАКТ- ГРУПАТА СО ПАКЕТ ПРИНЦИПИ ЗА КОСОВО Контакт-групата за Косово до генералниот секретар на ОН Кофи Анан, до Советот за безбедност, ЕУ и до властите во Белград и во Приштина им ги обелодени основните принципи за решавање на статусот на провинцијата, јави МИА.

Косово ќе биде независно

Дневник - 10.11.2005

баЈрам косуми Премиерот Бајрам Косуми е уверен дека Косово ќе биде независно, нагласувајќи оти Приштина е подготвена да обезбеди уставни гаранции за зачувување на културниот и етничкиот идентитет на малцинствата, јави МИА. - Не треба да правиме компромиси и трговија со независноста на Косово.

Косово да ги увери соседите дека нема да "извезува" нестабилност

Дневник - 10.11.2005

НИКОЛАС БАРНС Ставот на САД за Косово е дека нема враќање на состојбата пред 1999, промена на границите или поделба на Косово, рече американскиот државен потсекретар за политички прашања Николас Барнс Тој истакнал дека Косово треба да ги увери соседите дека нема да "извезува" нестабилност.

Косуми: Косово ќе биде независно

А1 - 09.11.2005

Претседателот на привремената косовска Влада Бајрам Косуми е уверен дека Косово ќе биде независно, со подготвеност да обезбеди уставни гаранции за зачувување на културниот и етничкиот идентитет на малцинствата. „Не верувам дека треба да правиме компромиси и трговија со независноста на Косово.

Пакет принципи на контакт групата за Косово

А1 - 09.11.2005

Контактната група за Косово до генералниот секретар на ОН Кофи Анан, до Советот за безбедност, ЕУ и до официјални претставници на Белград и на Приштина испратила пакет со основни принципи за решавање на статусот на покраината.

Брисел нема да прифати еднострано решение за Косово

Дневник - 09.11.2005

ОЦЕНКА НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕшни РАБОТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ соопштија дека Брисел нема да прифати еднострано решение за Косово или решение добиено со употреба на сила, јави МИА.

Косуми: Косово ќе биде независно

Канал5 - 09.11.2005

Претседателот на привремената косовска Влада Бајрам Косуми е уверен дека Косово ќе биде независно, со подготвеност да обезбеди уставни гаранции за зачувување на културниот и етничкиот идентитет на малцинствата. Приштина, 9 ноември (МИА) - Претседателот на привремената косовска Влада Бајрам Косуми е ...

Контакт групата ги обелодени принципите за статусот на Косово

Макфакс - 09.11.2005

Белград Контакт групата за Косово им ги испрати основните принципи за решавање на прашањето за статусот на Косово на генералниот секретар на ООН Кофи Анан, на Советот за безбедност на ООН, на Европската унија (ЕУ) и официјалните лица во Белград и Приштина.

Демаркација на границата во преговорите за Косово - под “разно“

Макфакс - 09.11.2005

Белград Обележувањето на македонско - косовската граница е под графата “разно“ на американската листа со клучни прашања за кои тие предлагаат да се води сметка во преговорите за Косово. Во документот што американската администрација и го предлага на меѓународната заедница за претстојните преговори ...

Косуми упати телеграма со честитки до ДУИ

Макфакс - 09.11.2005

Приштина Телеграма со честитки за успесите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) чиј дводневен Конгрес од денеска се одржува во Тетово, упати косовскиот премиер Бајрам Косуми. “ДУИ, храбро и паметно предводена од лидерот Али Ахмети, успеа идеалот на албанските граѓани во Македонија да го ...

Реј - Швајцарија за независно Косово

Макфакс - 09.11.2005

Љубљана Швајцарија се залага за независно Косово, изјави синоќа шефицата на дипломатијата на Швајцарија Мишлен Калми Реј. Таа по разговорот со словенечкиот колега Димитриј Рупел во Љубљана рече дека отвореното прашање на статусот на Косово оневозможува стабилизација на ситуацијата во регионот и оти ...

Петерсен против поделба на Косово

Макфакс - 09.11.2005

Приштина Меѓународната заедница се противи на идејата за поделба на Косово, изјави цивилниот администратор на ООН за Косово Сорен Јесен Петерсен, јави Радио Слободна Европа. Претставникот на Светската организација, по средбата со косовскиот премиер Бајрам Косуми, ја отфрлил идејата на претседателот ...

Лавров: решението за Косово не смее да биде наметнато

Вест - 08.11.2005

Белград, 8 ноември - Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров вчера во Белград рече дека конечното решение за статусот на Косово мора да биде спогодбено и оти не смее да биде наметнато. Лавров се заложи за директни преговори меѓу Белград и Приштина зашто тоа, според него, тоа е ...

Петерсен: Косовската преговарачка група треба да ги вклучи и малцинствата

Макфакс - 08.11.2005

Приштина Косовската преговарачка група за разговори за конечниот статус на Косово треба да вклучи и претставници на косовските малцинства и да го покаже своето залагање за мултиетничко Косово. Ова, синоќа во Приштина, го изјави челникот на мисијата на ООН во Косово Сорен Јесен Петерсен, на средба ...

Лавров: Решението за Косово не смее да биде наметнато

А1 - 07.11.2005

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави денеска во Белград дека конечното решение за статусот на Косово мора да биде спогодбено и оти не смее да биде наметнато. Лавров се заложи за директни преговори меѓу Белград и Приштина зашто тоа, според него, тоа е најдобар начин за ...

Москва ќе учествува во решавање на косовскиот проблем

Утрински - 07.11.2005

Рускиот министер за надворешни работо, Сергеј Лавров, најавува Белград - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека резултатот од преговорите за идниот статус на Косово не е однапред одреден и оти Русија има намера активно да учествува во меѓународните преговори за решавање ...

"Парламентот да биде подготвен да прогласи окупација на Косово"

Дневник - 07.11.2005

АПЕЛ НА СПЦ ДО ВЛАСТИТЕ ВО БЕЛГРАД Српската православна црква е уверена дека идниот статус на Косово ќе биде одреден преку преговори и во рамките на меѓународното право, но ако тоа не се случи, очекува Собранието да прогласи окупација на дел од територијата на Србија, јави Макфакс.

Косовскиот парламент усвои Декларација за независност

Макфакс - 07.11.2005

Приштина Косовскиот парламент денеска со акламација усвои Декларација со која се потврдува волјата на граѓаните за независно и суверено Косово, јави белградската агенција Фонет. Претседателот на косовското Собрание Неџат Даци изјави оти Декларацијата се темели на начелата на Повелбата на ...

Балканска неформална тројка, во Приштина и Белград

Макфакс - 07.11.2005

Атина Шефовите на дипломатиите на Грција, Романија и Хрватска ќе ги посетат Белград и Приштина, на почетокот од декември, за да укажат на заинтересираноста на државите од регионот за идниот статус на Косово. Ова, денеска, го соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, најавувајќи го настанот ...

Косовското Собрание ќе усвои Резолуција за независност

Макфакс - 07.11.2005

Приштина Парламентот на Косово денеска треба да усвои Резолуција за независност на Косово, најавија собраниските власти. Според истите извори Резолуцијата, предложена од опозиционата Демократска партија на Косово на Хашим Тачи, е подготвена и се очекува за неа да гласаат албанските пратеници од ...