TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД ги критикуваат руските ракетни закани

Вест - 14.11.2008

ТАЛИН, 14 ноември (Ројтерс) - САД вели дека заканите од Русија дека ќе постави тактички ракети во балтичката енклава Калининград се провокативни и погрешни, изјави вчера министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс. Русија реагираше на американските планови за поставување на антиракетен штит во Европа, којшто Москва го смета за закана на својата безбедност.

Медведев го чека повикот на Обама

Утрински - 14.11.2008

Може да се откажат „искандерите“ во Калининград ако САД ја преиспитаат својата одлука во врска со ПРО. Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Русија може да отстапи од донесувањето на „искандерите“ во Калининградската област ако новиот претседател на САД и неговата администрација ја преиспитаат одлуката во врска со инсталирањето на ПРО во Полска и во Чешка и направат анализа колку тие ...

Гејтс: "руските ракети во калинград тешка провокација за сад"

Телма - 14.11.2008

Соединетите Американски Држави ја оценуваат како провокативна и погрешна руската закана за поставување тактички ракети во балтичката руска енклава Калининград. Ова денеска го изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс по состанокот НАТО - Украина. Тој оцени дека руските закани „тешко може да бидат добредојде за новата американска администрација“.

Саркози: Ракетниот штит не допринесува за безбедноста во Европа

Нетпрес - 14.11.2008

Францускиот претседател Никола Саркози денес во Ница изјавил дека ракетниот штит не допринесува за безбедноста во Европа и дека само ги комплицира работите. Саркози на конференција за новинари после самитот Европска унија – Русија ги повикал САД и Русија да ги замрзнат своите планови за разместување на ракетет штит во Европа до разговорите за безбедноста на Стариот континент во 200 9 година, под ...

САД ги отфрлија ракетните закани на Русија

А1 - 13.11.2008

Заканите на официјална Москва за поставување на ракети во Калињинград претставуваат опасна провокација и грешка, оцени секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс. По состанокот, НАТО и Украина Гејтс изјави дека руските закани воопшто нема да бидат добредојдени од страна на новата американска администрација. „Искрено не знам за што ќе бидат тие ракети во Калињинград.

Русија го одби предлогот на САД за антиракетниот штит

Вест - 13.11.2008

МОСКВА, 13 ноември (Ројтерс) - Кремљ вчера ги одби предлозите на САД што имаа за цел да се намалат стравувањата за ракетниот штит во Европа и рече дека ќе се обиде уште еднаш да го реши спорот откако Барак Обама ќе влезе во Белата куќа. Русија вели дека планираниот антиракетен штит на САД ќе ја загрози нејзината национална безбедност и дека администрацијата на Џорџ Буш, којашто заминува од ...

Гејтс ја критикува „руската провокација“

Алсат-М - 13.11.2008

Соединетите Американски Држави ја оценуваат како провокативна и погрешна, руската закана за поставување тактички ракети во балтичката руска енклава Калининград. Ова денеска го изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс по состанокот НАТО - Украина. Тој оцени дека руските закани „тешко може да бидат добредојде за новата американска администрација“.

Медведев: Ќе се обидеме да изградиме чесни односи со новата власт на САД

Кирилица - 13.11.2008

Русија може да се откаже од поставување ракети Искандер во Калининград, во близина на полската граница, доколку новоизбраниот американски претседател се откаже од распоредување елементи на американскиот противракетен штит во Полска, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев во интервју за францускиот весник ...

САД ги отфрлија ракетните закани на Русија

Кирилица - 13.11.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев претходно во интервју истакна дека Москва е подготвена да се откаже од распоредување на ракетите „Искандер“ во западната енклава Калининград, доколку САД запрат со распоредувањето на делови од ПРО во Чешка и Полска.

САД: Руските ракети во Калининград се провокација и грешка

Макфакс - 13.11.2008

Соединетите Американски Држави (САД) ја оценуваат како провокативна и погрешна руската закана за поставување тактички ракети во балтичката руска енклава Калининград. Ова денеска го изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс по состанокот НАТО - Украина. Тој оцени дека руските закани „тешко може да бидат добредојде за новата американска администрација“.

Русија го повлече предлогот за соработка со САД, Берлускони се нуди да посредува

А1 - 12.11.2008

Русија го повлече својот предлог доставен до САД за соработка во сферата на противракетната одбрана, јави руската агенција ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во Кремљ. „Русија е подготвена да соработува со САД во врска со европската безбедност, но смета дека предлозите што и се доставени (од американска страна) се недоволни“, изјави истиот извор.

Москва ги одбива САД околу ракетниот штит

BBC - 12.11.2008

Руските новински агенции известуваат дека Кремљ ги одбил предлозите на Вашингтон чија цел е да се намали загиженоста за предложениот ракетен одбанбен систем. Агенциите цитираат неименуван извор од Кремљ кој вели дека американските планови - кои не се соопштени во јавноста - не се доволни.

Москва: Русија ќе одговори со свој ракетен систем ако се реализира американскиот антиракетен штит

Р.С.Европа - 12.11.2008

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе размести ракетен систем во своите западни енклави, доколку американскиот план за разместување на антиракетен систем во Европа, стане реалност. Лавров практично го повтори ставот на претседателот Димитриј Медведев кој минатата недела изјави дека ракетниот систем Искандер, ќе биде разместен во Калињинград, како одговор на ...

Руските ракети во Каљининград одговор на американскиот штит

Алфа - 12.11.2008

Русија ќе ги распореди своите ракети Искандер во регионот Калињинград само ако Вашингтон постави свој антиракетен штит во Европа. Ова денеска во Москва го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. “Ако третата зона на поставување антиракетен штит на САД навистина се оствари, една од мерките за неутрализирање на заканата ќе биде распоредување на системот Искандер во регионот на ...

Москва ќе распореди ракети ако САД продолжи со антиракетниот штит

Алсат-М - 12.11.2008

Русија ќе ги распореди своите ракети Искандер во регионот Калининград само ако Вашингтон постави свој ракетен штит во Европа. Ова денеска во Москва го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. „Ако третата зона на поставување на антиракетен штит на САД навистина се оствари една од мерките за неутрализирање на заканата ќе биде распоредување на системот Искандер во регионот ...

Лавров: Русија ќе распореди ракети во Калининград ако САД лоцираат антиракетниот штит во Европа

Канал5 - 12.11.2008

Москва, 12 ноември (МИА) - Русија ќе лоцира ракети „Искандер“ во Калининград во случај Вашингтон да изгради антиракетен штит во Европа, изјави рускиот министер за андворешни работи Сергеј Лавров. Тој наведе дека таквиот чекор на Москва ќе биде за неутрализирање заканите по безбедноста на Русија.

Москва му нуди договор на Западот за разместувањето на ракетите во Европа

Канал5 - 12.11.2008

Лондон, 12 ноември (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му понуди договор на Западот околу разместувањето на ракетите во областа на Калининград, јави британската телевизија Скај. Според телевизијата, како што јави дописникот на МИА од Лондон, Москва вели дека нема да ги инсталира своите ракети на границата со Европската Унија, доколку САД се откажат планот за инсталирање на ...

Москва понуди договор околу разместувањето на ракетите во Европа

Кирилица - 12.11.2008

Шефот на руската дипломатија тврди дека руските ракети во Калининград, руска енклава сместена меѓу Полска и Литванија, треба да ја „неутрализираат заканата по руската безбедност“, што според него, постои од американскиот ракетен штит што треба да се инсталира во Ческа и Полска меѓу 2013 и 2014 година.

Москва му нуди договор на Западот

Вечер Прес - 12.11.2008

Предлогот се смета дека му е упатен на новоизбраниот претседател на САД, Барак Обама, кој во текот на изборната кампања се заложи за смирување на тензиите во американско-руските односи. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му понуди договор на Западот околу разместувањето на ракетите во областа на Калининград, јави британската телевизија Скај.

Москва ќе постави ракети ако САД распореди штит

Макфакс - 12.11.2008

Русија ќе ги распореди своите ракети Искандер во регионот Калињинград само ако Вашингтон постави свој антиракетен штит во Европа. Ова денеска во Москва го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. “Ако третата зона на поставување антиракетен штит на САД навистина се оствари, една од мерките за неутрализирање на заканата ќе биде распоредување на системот Искандер во регионот на ...