TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Свет: Пад на азиските берзи, нафтата 55 долари за барел

Р.С.Европа - 13.11.2008

Азиските берзи денеска бележат пад за 5 до 6 насто откако американскиот секретар за финансии Хенри Полсон изјави дека финансискиот пакет на американската влада од 700 милијарди долари, нема да биде наменет за купување на лошите хипотекарни долгови.

Цената на нафтата паѓа на азиските берзи

Алсат-М - 13.11.2008

Цената на нафтата денеска на азиските берзи се намали за 1,24 долари на 54,92 долари за барел. Намалувањето на цената, според аналитичарите се должи на загриженоста од пад на побарувачката за „црно злато“, под влијание на светската финансиска криза.

Цената на нафтата под 55 долари за барел

Форум - 13.11.2008

Намалувањето на цената на нафтата за околу 1,24 долари на азиските берзи, што е најниско ниво од почетокот на 2007г., според аналитичарите се должи на загриженоста од пад на побарувачката за "црно злато" како последица на светската финансиска криза .

Раст на цените на нафтата

Алсат-М - 13.11.2008

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа попладнево, по најавите дека Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) најверојатно ќе одржи вонреден состанок на кој ќе се донесе одлука за ново намалување на дневното производство на енергенсот.

Цената на нафтата 56 долари

Дневник - 13.11.2008

Цената на нафтата 56 долари. Цената на нафтата вчера падна на 56,16 долари за барел на Њујоршката берза, односно на 54,92 долари на азиските берзи. Цената на нафтата во картелот извозници ОПЕК беше под 50 долари за барел.Намалувањето на цената е резултат на светската криза, односно на намаленото производство и намалената побарувачка на енергија.Во јули годинава еден барел нафта се продаваше за ...

Нафтата под 55 долари за барел

Кирилица - 13.11.2008

Освен тоа, на денешното поефинување на нафтата влијаеше и тоа што индексите на азиските берзи опаднаа, индустриското производство во Кина во октомври растеше со најмала брина во последните седум години, додека минатата седмица продажбата на бензините во САД е намалена 29.

Нафтата под 55 долари за барел

Канал5 - 13.11.2008

Њујорк, 13 ноември (МИА) - Нафтата утрово за време на тргувањето на берзата во Њујорк поефтини на најниското ниво од февруари минатата година, на под 55 долари за барел. Аналитичарите сметаат дека тоа е последица на падот на побарувачката на гориво поради забавувањето на економскиот раст во најголемите светски држави-потрошувачи на енергенсот.

Цената на нафтата под 55 долари

Макфакс - 13.11.2008

Цената на нафтата денеска на азиските берзи се намали за 1,24 долари на 54,92 долари за барел. Намалувањето на цената, според аналитичарите се должи на загриженоста од пад на побарувачката за „црно злато“, под влијание на светската финансиска криза. Терминските договори за нафта на њујоршката берза во средата се склучуваа за 56,16 долари за барел, што е за 3,17 долари помалку од претходниот ден.

Цената на нафтата падна на 60 долари

Утрински - 12.11.2008

Цената на нафтата падна на 60 долари. Њујорк - Суровата нафта вчера изутрина на Берзата во Њујорк поевтини близу 18-месечниот минимум од 60 долари за барел откако се намали оптимизмот дека обемниот кинески финансиски план ќе го спречи забавувањето на стопанскиот раст во светот.

Цената на нафтата и натаму паѓа

Форум - 12.11.2008

Цените на нафтата на светските берзи денеска паднаа и под 55 долари за барел, најниско ниво од почетокот на 2007-ма година. Аналитичари оценуваат дека влошената економска состојба во светски размери предизвикува намалување на потрошувачката, а ова пак придонесува за падот на цената на нафтата.

Најниска цена на нафтата од почетокот на 2007 година

Кирилица - 12.11.2008

Денешното намалување на цените на нафтата следи по вчерашниот пад на енергенсот за над три долари за барел. Сегашните цени на нафтата се за околу 60 посто пониски од нивните рекордни вредности од над 147 долари за барел остварени во првата половина на јули годинава.

Црното злато пак поскапе на 64 долари за барел

Утрински - 11.11.2008

Црното злато пак поскапе на 64 долари за барел. Њујорк/Лондон - Суровата нафта на светските берзи вчера поскапе на над 64 долари за барел, бидејќи закрепнаа берзите на хартии од вредност по соопштувањето на кинескиот план за спас на економијата, што може да резултира со зголемена побарувачка на црното злато.

Цената на нафтата се намали близу 18-месечниот минимум

Канал5 - 11.11.2008

Њујорк, 11 ноември (МИА) - Суровата нафта рано изутринава на берзата во Њујорк поефтини близу 18-месечниот минимум од 60 долари за барел, откако се намали отпимизот дека обемниот кинески финансиски план ќе го спречи забавувањето на стопанскиот раст во светот.

Цената на нафтата се спушти на 60 долари за барел рано изутрината на берзата во Њујорк

Канал5 - 11.11.2008

Причина за поевтинувањето е намалениот оптимизам дека обемниот кинески план ќе го спречи забавувањето на економскиот раст во светот. Европскиот „бренд“ на меѓународната берза на нафта во Лондон истовремено поевтини за речиси два долари на 57,2 долари за барел.

Нафтата падна на 60 долари за барел

Нетпрес - 11.11.2008

Сировата нафта рано изутринава во текот на електронското тргување на берзата во Њујорк поевтинила на блиску 60 долари за барел, откако избледел оптимизмот дека масивниот кинески финансиски план ќе го спречи успорувањето на економскиот раст во светот.

Цената на нафтата во Лондон падна под 55 долари за барел

Макфакс - 11.11.2008

Цената на нафтата падна под 55 долари за барел на берзата во Лондон и под 59 долари за барел во Њујорк, откако грижите за нова рецесија предизвикаа стравувања за намалување во глобалната побарувачка. Цената на нафтата од типот Брент за доставување во декември го достигна најниското ниво од 30 јануари 2007, намалувајќи се на 54,92 долари за барел.

Нафтата поскапе на над 64 долари за барел, а еврото нарасна во однос на доларот и јенот

Кирилица - 10.11.2008

Цената на американската „лесна“ нафта за терминска испорака во декември денеска на Њујоркшката стокова берза нарасна за 3,10 долари, на 64,14 долари за барел, додека европската „брент“ нафта истовремено на Меѓународната берза на петрол во Лондон поскапе за истиот износ, на 60,46 долари за барел, пренесоа светските агенции.