TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Светската економија загрозена со појавата на САРС

А1 - 27.04.2003

Светската економија веќе почна да ги чувствува негативните ефекти од појавата на смртоносната пневмонија САРС. Според пресметки од Светската трговска организација, планетарниот економски пораст, кој според проценките требаше годинава да биде до 3%, и дефинитивно нема успее да ја достигне таа бројка.

Во Кина регистрирани нови 161 случаи на САРС

А1 - 27.04.2003

Кинеските медицински власти соопштија дека во Кина се регистрирани нови 161 случај на заболени од тешкиот акутен респираторен сиднром САРС, и оти во изминативе 24 часа од оваа болест починале девет лица. Најголем број од новозаболени од САРС се регистрирани во Пекинг, каде денеска градските власти ...

Заштитена ли е Македонија од САРС?

А1 - 27.04.2003

Вирусот САРС убива, а вакцина нема. Има ли Македонија соодветна заштита? Ова е тема за А1 дебатата помеѓу заменик-министерот за здравство Никола Пановски и доктор Вело Марковски, координатор за САРС. А1 : Дали постои опасност за САРС во Македонија, после случајот во Бугарија? Никола Пановски : ...

Во светот досега има над 4.400 лица заболени од САРС

А1 - 26.04.2003

Министрите за здравство на 10 држави од Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја на денешниот состанок во Куала Лумпур усвоија програма за заеднички акции против ширењето на атипичната пневмонија САРС. Програмата, меѓу другото, содржи забрана за влез во овие земји на лица со симптомите на ...

АСЕАН пактот со заеднички план против САРС

Вест - 26.04.2003

КУАЛА ЛУМПУР, 26 април (АП) - Десетина азиски држави, меѓу кои и Кина, работат на составување заеднички план за зајакнување на заштитата од САРС, како што е воведувањето задолжителни здравствени потврди.... КУАЛА ЛУМПУР, 26 април (АП) - Десетина азиски држави, меѓу кои и Кина, работат на ...

Македонија неподготвена за САРС

Вест - 26.04.2003

СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ НАПРЕДУВА НА БАЛКАНОТ Лекарите на Инфективната клиника, задолжени за лекување на евентуалните пациенти, алармираат дека во болницата нема ни ракавици, ниту усни маски за заштита и одбиваат незаштитени да им пријдат на болни Инфективната клиника нема ниту ракавици, ниту усни ...

Средства за заштита од САРС ургентно набавени дури вчера

Утрински - 26.04.2003

Инфектолозите алармираат дека државата се однесува комотно спрема опасноста од атипичната пневмонија РИСТЕ НЕДАНОВСКИ Клиничкиот центар вчера ургентно нарача специјална опрема за заштита од САРС. Со етикетата итно од веледрогериите се требувани заштитни очила, работна облека и заштитни маски со ...

Без маски и без карантин против смртоносната пневмонија

Дневник - 26.04.2003

КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ ШТИТИ ОД САРС И во Македонија во секој момент може да се појави болен од САРС, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје досега не се преземени потребните мерки за заштита од смртоносната болест.

Околу 4.000 жители на Пекинг во карантин

А1 - 25.04.2003

Околу 4.000 жители на Пекинг се нaoѓаат во карантин поради спречување на ширење на САРС, објави денеска пекиншката Канцеларија за здравство. На сите лица кои имале контакт со можните болни им е наредено да останат во своите домови.

Политиканство наместо акција во превенцијата од САРС

А1 - 25.04.2003

Доколку се појави случај на заболен од САРС, Клиниката за инфективни болести не е подготвена да го прифати, бидејќи до сега не се превземени потребните мерки за заштита кои ги препорачува СЗО, тврдат Вело Марковски и Лидија Стојанова, одговорни лекари во случај на појава на болеста.

САРС и во Бугарија

Вест - 25.04.2003

СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА СЕ БЛИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА Според бугарското Министерство за здравство, станува збор за маж, кој до неодамна престојувал во Торонто, Канада каде што и се претпоставува дека се инфицирал со мистериозниот вирус.

Прв случај на САРС во Бугарија

Утрински - 25.04.2003

СОФИЈА - Во Бугарија најверојатно е регистриран прв случај на тешкиот акутен респираторен синдром САРС, соопшти вчера бугарското Министерство за здравство. Симтоми на САРС се забележани кај еден пациент, кој на 16 април се вратил од одмор од канадскиот град Торонто.

Пекинг ги затвора болниците, Канада бесна на СЗО

Утрински - 25.04.2003

Драматична акција на владата откако и објави војна на болеста во минатата недела ПЕКИНГ - Кина вчера ја затвори главната болница во Пекинг со што почнаа да ја спроведуваат политиката за карантин на оние области кои се инфицирани со вирусот САРС со цел да се спречи распространувањето на болеста низ ...

Поради САРС изолирана болница во Пекинг со повеќе од 3.000 луѓе

Дневник - 25.04.2003

кина Кинеската полиција вчера запечати болница со околу 1.000 пациенти и 2.300 лекари и медицински персонал во Пекинг и забрани влегување и излегување од објектот, јави Ројтерс. И во Тајван една болница била ставена во карантин, но до вчера напладне немаше податоци колку пациенти, лекари и ...

Тројца Кинези од "Козјак" на интензивен надзор поради САРС

Дневник - 25.04.2003

СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА во македониЈа? Тројца Кинези што работат на браната "Козјак" се под интензивен епидемиолошки надзор откако пред неколку дена се вратиле од Кина, каде што има стотици заболени и починати лица од смртоносната пневмонија.

Министерството за здравство препорачува да не се патува во Кина и Канада

А1 - 24.04.2003

Министерството за здравство на Република Македонија, согласно најновите извештаи на Светската здравствена организација им препорачува на граѓаните на Македонија доколку е неопходно да не патуваат во Кина, посебно во Пекинг, во областа Шанкси, како и во Торонто во Канада.

Сомневања за прв случај на САРС во Бугарија

А1 - 24.04.2003

Првиот случај со симптоми на САРС се појави и во Бугарија, соопшти денеска бугарското Министерство за здравство. Лицето пристигнало во земјата на 16 април, по подолг престој во Канада, а на 19 април кај него се појавиле првите симптоми на респираторното заболување - температура, сува кашлица и ...

Вирусот САРС многу брзо мутира, велат генетичарите

Утрински - 24.04.2003

Кинеските лекари немоќни да го спречат ширењето на смртоносниот вирус ВАШИНГТОН - Вирусот САРС, кој уби повеќе од 200 лица низ целиот свет, многу брзо мутира додека се шири, изјави главниот кинески генетичар во интервјуто за "Вашингтон пост", објавено вчера.

Торонто и Пекинг во тринеделен карантин поради епидемијата на САРС

Дневник - 24.04.2003

СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА СЕ ШИРИ Во Македонија под лекарски надзор се повеќе од 40 лица, а епидемиолозите тврдат дека нема потреба за преземање дополнителни превентивни мерки, иако постојат сомнежи дека во Албанија има заболени од САРС Светската здравствена организација вчера објави препорака до ...

СЗО препорача да не се патува во Пекинг и Торонто

А1 - 23.04.2003

Светската здравствена организација препорача денеска да не се патува во главниот град на Кина, Пекинг, во кинеската провинцијата Шанкси и во канадскиот град Торонто, со цел да се спречи глобалното ширење на смртоносниот вирус САРС Претставник на СЗО изјави дека препораката да се одложат патувањата ...

Сингапур ја обвинува Кина за ширење на САРС

Утрински - 23.04.2003

По забрзаното ширење на смртоноскиот вирус во повеќето земји во Источна Азија СИНГАПУР - Сингапурскиот премиер Го Чок Тонг изјави дека Кина требаше порано да му соопшти на светот за смртоносниот вирус САРС и дека првичното справување со болеста било погрешно.

Познат економист, градоначалник на Пекинг

Утрински - 23.04.2003

По смената поради САРС ПЕКИНГ - Аналитичарите соопштуваат дека Ванг Кишан, економист и посредник во политички конфликти, вчера беше назначен за вршител на должност градоначалник на Пекинг во обидот повторно да се убедат странските инвеститори додека власта се тетерави од смртоносниот вирус САРС.

Канадски болничар во допир со САРС одбил карантин

Дневник - 23.04.2003

ЕПИДЕМИЈА ВО КАНАДА Вработен во болница во канадската метропола Торонто, кој веројатно боледува од смртоносната пневмонија САРС, одбил доброволно да се стави во домашен карантин и продолжил да оди на работа, како и на богослужби за католичкиот Велигден, јави Ројтерс.

Во Македонија нема САРС

Утрински - 22.04.2003

Извештај Во Македонија нема заболени ниту сомнителни случаи од САРС, но сите лица што доаѓаат од загрозените региони се ставаат под 14-дневен здравствен надзор. Досега под ваков надзор се 40 лица што престојувале во овие подрачја, а меѓу нив има и странски државјани кои се на привремена работа во ...

Смртоносниот вирус сега го зафаќа и Пекинг

Утрински - 22.04.2003

Кинеските власти почнаа да потврдуваат дека епидемијата со САРС станува драматична ПЕКИНГ - Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека околу половина од 402 лица за кои се верува дека се заразени со САРС во Пекинг, најверојатно, ќе бидат потврдени како жртви на тој вирус.

Четиринаесет милиони жители на Пекинг под бактериска опсада

Дневник - 22.04.2003

ПАНИКА ВО КИНЕСКИОТ ГЛАВЕН ГРАД За да го заштитат главниот град од САРС, кинеските власти наредија дезинфицирање на сите 70.000 такси-возила во градот, како и на ходниците во најпрометните згради и деловни центри Чи Сјели, жителка на 14-милионската кинеска метропола Пекинг, излегува од својот стан ...

Виролозите скептични околу вакцина за САРС

А1 - 21.04.2003

„Речиси невозможно ќе биде да се пронајде ефикасна вакцина против атипичното белодробно заболување САРС, бидејќи вирусот непрестано мутира“, изјави вирологот Артур Ван Лангберг за италијанскиот весник „Ла Република“. Овој познат виролог, кој е еден од водечките специјалисти на САРС во Хонг Конг, ...

Кинескиот министер за здравство разрешен оти лажел за САРС

Вест - 21.04.2003

ПЕКИНГ, 21 април (Ројтерс) - Кина вчера ги разреши од должноста министерот за здравство Жанг Венканг и заменикот секретар на Комунистичката партија на Кина Менг Сјуенонг и тоа неколку часа откако било објавено дека десеткратно пораснал бројот на лица заразени со САРС во пекинг.

Кина го откажа првомајскиот празник

Утрински - 21.04.2003

Поради алармантното ширење на вирусот САРС во најмногубројната земја во светот Кина го откажа мајскиот празник кој трае една недела, откако министерството за здравство објави дека нагло се зголемил бројот на лица заразени со вирусот САРС кој е сличен на грип.

Кинези во карантин откако донеле САРС во Албанија?!

Дневник - 21.04.2003

СТРАВ ВО ТИРАНА Комунистичка Кина го укина годинешното прославување на Денот на трудот 1 мај за да се спречи ширењето на епидемијата на САРС Десетина Албанци и седум Кинези што престојувале во Албанија се ставени во карантин во болница во Тирана поради страв дека заразени од смртоносниот вирус САРС.