TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Игри без граници за крај на Детската недела

Време - 07.10.2006

ВО ГРАДИНКИТЕ Децата од градинката „13 Ноември“ во Дебар Маало завчера прескокнуваа обрачи, даваа кошеви и товареа топки во Игрите без граници што се организираа по повод Детската недела. Оваа недела, која традиционално со различни активности се одбележува во почетокот на октомври, завршува утре.

Децата испратија пораки за среќа

Време - 05.10.2006

ВО ГРАДИНКАТА ВО АВТОКОМАНДА „Сите деца да бидат среќни“ и „Мајки и татковци сакајте ги вашите најмили - децата“ се само дел од пораките што со балони полни со хелиум вчера ги испратија децата од градинката „Детска радост“ во Автокоманда, по повод Детската недела.

Бесплатен влез во Зоолошката градина

Време - 04.10.2006

ЗА ДЕЦАТА Од денеска до в недела децата ќе можат бесплатно да ја посетуваат Зоолошката градина по повод Детската недела, информираат од управата. Во одбележувањето на Детската недела ќе се вклучат повеќето градинки во градов кои за неделава најавија игри без граници, дружења со родителите и со ...

Хуманитарна акција на градинката "8 Март"

Вест - 04.10.2006

Детската градинка "8 Март" од Кисела Вода, на 6-ти овој месец со почеток во 9 часот, ќе организира хуманитарен хепенинг на кој ќе се продаваат изработки од деца и родители. Собраните средства ќе бидат донација за Сара Владева, девојче од градинката "8 Март", на која и треба итна операција за ...

Бесплатна посета на Зоолошката

Дневник - 04.10.2006

Посетата на Зоолошката градина за сите деца до недела ќе биде бесплатна. Повод за бесплатната посета е славењето на Детската недела, информираат од Зоолошката градина - ...

Бесплатни детски билети за ЗОО

Вечер Прес - 04.10.2006

До недела, посетата на Скопската зоолошка градина ќе биде бесплатна за сите деца. Тие ќе имаат можност да ја посетат градината и да се запознаат со сите видови животни кои во моментов се наоѓаат во скопската Зоо. Според надлежните од ЈУ "Зоолошка градина на град Скопје" - Скопје, повод за ...

Децата со посебни потреби во градинките во Гази Баба

Вест - 03.10.2006

Градинките "Детска радост" и "25 мај", кои се наоѓаат на територија на Општина Гази Баба, од овој месец во своите простоирии ги сместија и децата со посебни потреби. Во соработка со Заводот за ментално здравје, 10 дечиња се посебни потреби се вклучени во редовните групи на предучилишните установи.