TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вукас - замена за Њоку

Време - 11.11.2004

КОШАРКА - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ Србинот Саша Вукас (28 г., 205 см) е најновото, четврто, засилување за македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички, кој со негова помош ќе се обиде да стигне до првата победа во лигата ФИБА-Европа.

Фенербахче го растури Работнички

Време - 10.11.2004

КОШАРКА - ФИБА-ЕВРОПА ЛИГА Фершпед Работнички од Истанбул се врати со трет пораз и во третиот меч од групата А од ФИБА-Европа лигата, откако повторно убедливо загуби, сега со 60-109 (34-15, 30-18, 33-14, 12-13), од Фенербахче.

Фершпед Работнички бледа сенка покрај блескавиот "Фенер"

Дневник - 10.11.2004

КОШАРКА - ФИБА ЕВРОПА ЛИГА Фенербахче ја потврди доминацијата во Групата А од ФИБА Европа лигата со повеќе од убедливата победа од 109-60, која завчера во Истанбул ја забележа против македонскиот шампион Фершпед Работнички во првиот меч од третото коло.

Фершпед Р. го доживеа и третиот пораз во Евролигата

А1 - 08.11.2004

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Фершпед Работнички го доживеа и третиот пораз во групата „А“ од ФИБА Евролигата. Најубедлив досега, дури 109:60 за турскиот Фенербахче, вечерва во најпознатата кошаркарска сала во Истанбул „Абди Ипекчи“.

ФИБА Евролига: Работнички на тешко гостување во Истанбул

А1 - 08.11.2004

Кошаркарите на Работнички Фершпед вечерва му гостуваат на турскиот Фенербахче со мали шанси дека во третото коло на ФИБА Евролигата ќе успеат да дојдат до премиерната победа. Натпреварот се игра во салата „Абди Икпечи“ во Истанбул, со почетокот во 18:30 часот.

Работнички во Истанбул по нов пораз?

Време - 08.11.2004

КОШАРКА - ЛИГА ФИБА-ЕВРОПА Со промени во составот и без големи амбиции за прв триумф македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички вчера отпатува за Истанбул, каде што вечерва (18 ч., пренос на Македонското радио) ќе ги одмери силите со Фенербахче, во дуел од 3. коло на лигата ФИБА-Европа.

Тешко гостување за Фершпед Работнички

Вест - 08.11.2004

ФИБА ЕВРОЛИГА Фершпед Работнички, нашиот најтрофеен клуб, вечерва (18 ч.)во Истанбул му гостува на Фенербахче во третото коло од групата А на ФИБА Евролигата. Турскиот тим влегува во овој дуел како апсолутен фаворит, откако во претходното коло на гостински терен го декласираше Киев со 31 поен ...