Педесетина млади луѓе вчера попладне простестираа пред изборниот штаб на актуелниот градоначалник Ристо Пенов на плоштадот Македонија во Скопје. Додека на Плоштадот ечеше изборната химна на Пенов: "Во срце те носам Скопје мое мило", младите извикуваа" Оставка! Оставка!Оставка!....".
ВЧЕРА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА Педесетина претставници на младината на здружената опозиција се собраа вчера пред штабот на Ристо Пенов и со црвени картони в рака протестираа против изборниот фалсификат. Тие од Пенов бараа оставка, а на минувачите им делеа црвени картони, на кои пишуваше: „Спречете ...
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски На Македонците не им требаат повеќе права во локалната самоуправа. Тие треба само да ги плаќаат контингентите 1 Изборот на Песна на Евровизија беше генерална проба за локалните избори. Не е важно што ќе каже народот. Важно е што ќе каже жирито.
ПРОТЕСТИ Помала група млади луѓе, главно студенти и средношколци, вчера на Градскиот плоштад протестираа пред Изборниот штаб на кандидатот на владејачката коалиција “За Македонија заеднооо” и актуелен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.
ШТАБОТ НА КОСТОВСКИ ОБВИНУВА Наместо изборните органи, премиерот прогласи дека имало до 3,5 отсто нерегуларност во првиот круг. Тоа е почеток на маскирањето на изборниот фалсификат, обвини птабот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.
Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и на здружената опозиција, го повика Ристо Пенов да се повлече од трката за градоначалник на Скопје.. ,,Уште денеска, најдоцна до утре, пред да биде донесена судската одлука, Пенов да се врати назад, за Македонија да Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и на ...
Засегнат од лични причини Никола Груевски го повикал Пенов да го прифати поразот и да се повлече. Таква заднина толкува СДСМ во настапот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ пред скопјани. Владеачката партија го предупредува лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека на негова ш Засегнат од лични причини Никола Груевски го ...
Спречете го фалсификатот на Бучковски, црвен картон за Пенов. Вака попладнево еден час пред изборниот штаб на Ристо Пенов протестираше група млади скопјани. Со црвени картони за Пенов, бараа тој да се откаже од вториот изборен круг и да ја признае победата на Трифун Костовски.
ШТАБ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ Трифун Костовски кандидатот за градоначалник на Скопје на вчерашната прес конференција побара СДСМ - ЛДП да ја напуштат практиката за контигенти гласови и формули за криминална кражба на гласови и со тоа да ги остават граѓаните слободно да ја искажат својата волја.
ПАЗАРЕЊА ЗА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Кадар од Демократската унија за интеграција ќе седне на директорската фотелја на јавното претпријатие "Водовод и канализација" ако Ристо Пенов биде реизбран на функцијата скопски градоначалник.
Независниот кандидат за градоначалник на Скопје вчера им се обрати на скопјани и на власта СДСМ и ЛДП да ја напуштат практиката на обезбедување контингенти гласови и изнаоѓање формули за криминална кражба на гласови со што граѓаните слободно би ја изразиле својата волја СаШко Димевски Четири дена ...
Владата да излезе надвор од партиските штабови и совесно и одговорно да си ја заврши работата за организирање и спроведување фер и демократски избори - изјави независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.
ПО ТРИ ДЕНА МОЛЧЕЊЕ РИСТО ПЕНОВ СЕ ОГЛАСИ Ристо Пенов се уште не е сигурен дали повторно ќе се соочи со Трифун Костовски во вториот изборен круг, бидејќи вели дека се можни прегласувања, така што Скопје би можело да добие нов градоначалник уште во првиот круг.
ВОДОВОД ГИ КАЗНУВА НЕПОСЛУШНИТЕ ГЛАСАЧИ Незадоволен од малиот број гласови што Ристо Пенов ги добил во Љуботенски Пат, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Јане Ценев, вчера наредил да се соберат цевките за изградба на канализациска мрежа во ова место, велат наши извори од ова претпријатие.
СДСМ И ЛДП СО ВОНРЕДНИ МЕРКИ ПО ИЗБОРНИОТ ДЕБАКЛ ВО СКОПЈЕ РАСПУШТЕН ШТАБОТ НА ПЕНОВ Рада, Илинка, Стевчо и Јован се четворицата стечајни управници кои треба да ја оправат работата и да направат пресврт за Ристо Пенов да го победи Трифун Костовски во вториот круг во Скопје Коалицијата на власт, ...
ШТАБОТ НА КОСТОВСКИ И ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ Обидот за државен фалсификат на изборите може да биде спречен само со правни и со политички активности, со кои ќе се поништат резултатите од нерегуларното гласање во првиот круг од локалните избори.
Дел од членовите и симпатизерите на либералдемократите и на СДСМ не излегле на гласање .Тоа го потврди и самиот Ристо Пенов кој рече дека до вториот изборен круг ќе настојуваат да го анимираат членството што не излегло на изборите.
На 27 март ќе се избира меѓу независниот кандидат Костовски и адутот на владејачката коалиција, Пенов КАТИЦА ЧАНГОВА Државната изборна комисија потврди дека ќе има втор круг за градоначалник во Скопје откако завчера, по многу перипетии и неизвесности, конечно, ја доби официјалната одлука на ...
По обвинувањата за правење државен фалсификат на изборите во Скопје Пенов: Нема да станам градоначалник на фалсификувани избори, тоа никогаш не бил мој манир на однесување и нема да биде ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА "Ристо Пенов нема да стане градоначалник на фалсификувани избори, тоа никогаш не бил мој манир ...
Трифун Костовски има постојани контакти со претставници на меѓународната заедница МарковиЌ: Со сите правни и политички средства ќе ја штитиме легитимната волја на граѓаните на Скопје Изборниот штаб на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, по вчерашната координација со ...
ДОГОВОРИ Владејачката ДУИ ќе го поддржи Ристо Пенов во Скопје, но ќе бара од СДСМ и од нејзините коалициски партнери поддршка за Хазби Лика, кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово, дознава "Дневник" од партиски извори. Од Демократската унија за интеграција најавуваат дека Ристо Пенов може да ...
РИСТО ПЕНОВ НАЈАВУВА Скопскиот градоначалник Ристо Пенов вчера изјави дека претставниците на Коалицијата "За" во изборните комисии ќе ги поддржат сите приговори на Изборниот Штаб на Трифун Костовски за наводните фалсификати на избирачките места.
ЖИТЕЛИ НА ЉУБОТЕНСКИ ПАТ ТВРДАТ Градоначалникот вчера сакал да ги повлече цевките за канализацијата бидејќи не ги добил сите договорени гласови во Љуботенски Пат, велат жителите Изградбата на канализациската мрежа во Љуботенски Пат, Скопско, вчера беше кратко прекината, бидејќи актуелниот ...
СДСМ ВОЗВРАЌА Обвинувањата за фалсификат во вториот изборен круг се бесмислица и опозицијата треба да престане со тие манипулации, соопшти вчера Коалицијата "За". - Тоа се сериозни обвинувања и му порачуваме на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на Штабот на Трифун Костовски да не прават ...
Партиите од здружената опозиција и штабот на Трифун Костовски се во постојано заседание. Одлука што ќе се преземе доколку изборните комисии дефинитивно решат дека ќе се оди на втор круг нема. Решението ќе се бара подоцна. Засега останува ставот - Костовски е победник во првиот круг, втор круг нема ...
ЌЕ ИМА ЛИ ВТОР ИЗБОРЕН КРУГ ВО СКОПЈЕ? Ристо Пенов, кандидатот на владината коалиција за градоначалник на Скопје, бил спремен да го признае поразот уште во првиот круг на изборите, но неговите сопартијци и коалициски партнери го премислиле уверени дека „не е се загубено“ и дека може да се надеваат ...
ШТАБОТ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ СО ДОКАЗИ ЗА ИЗБОРНИОТ ФАЛСИФИКАТ Од штабот на Костовски бараат поништување на гласањето во изборните единици во Сарај, Шуто Оризари и во Чаир бидејќи, како што рекоа, таму е направен фалсификатот Изборниот штаб на Трифун Костовски објави дека изборната измама, како што ...
СПОРЕД ШТАБОТ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ Победата на Трифун Костовски е неоспорна и покрај обидот за државен фалсификат на изборите, изјави Дарко Марковиќ, шеф на изборниот штаб на градоначалничкиот кандидат за Скопје Трифун Костовски, на вчерашната прес-конференција.
Изборната комисија на Скопје ги сумираше изборните резултати прексиноќа во два часот Новиот градоначалник на Скопје ќе се избира на 27 март КАТИЦА ЧАНГОВА Трифун Костовски и Ристо Пенов, најсериозните кандидати за нов градоначалник на Скопје, не го добија потребното мнозинство гласови за да бидат ...
Прес Коалицијата „Третиот патт“ го повика кандидатот за градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, јавно да го признае поразот и да поднесе оставка од претседателската функција во ЛДП. Според „Третиот патт“, Трифун Костовски победил во првиот круг на локалните избори, а коалицијата ?За Македонија ...
Владејачките партии одговорија на обвинувањата на опозицијата и на независниот Трифун Костовски Власта е сигурна дека Пенов има на располагање дополнителен контингент гласови и ќе може да ја надополни разлика од 40.000 гласа со Костовски; Кондарко и Жерновски на вчерашниот прес ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА ...
Реакција на здружената опозиција по објавувањето на резултатите на Градската изборна комисија За опозицијата, Костовски е победник во првиот круг Сашко Димевски Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, и лидерите на здружената опозиција, Никола Груевски, Павле Трајанов, ...
СПОРЕД ТРЕТИОТ ПАТ На изборот за градоначалник на Скопје е државниот врв се обиде да се фалсификува волјата на граѓаните, обвини Третиот пат на вчерашната конференција за печат. - Откако видоа дека граѓаните масовно гласаат, власта процени дека Костовски ќе победи и почна да спроведува сценарио за ...
РЕЗУЛТАТИ ОД ДРЖАВНАТА И ОД СКОПСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Независниот кандидат не ги прифаќа резултатите и бара прегласување во три општини Во Скопје ќе има втор круг од изборите за градоначалник откако Градската изборна комисија вчера соопшти дека на независниот кандидат Трифун Костовски му ...
АНАЛИЗА НА ШТАБОТ НА РИСТО ПЕНОВ Во јавноста се создава атмосфера дека е извршен фалсификат, што не е точно. Имаме контингент од каде што можеме да црпиме гласови во вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје, рече Андреј Жерновски, шеф на Изборниот штаб на Ристо Пенов на вчерашната ...
На Трифун Костовски му недостасуваат 3100 гласови за да оствари победа во првиот круг гласање за градоначалник на Скопје. Кандидатот на опозицијата оствари 109.360 гласови или 48,6 отсто, а Ристо Пенов од владејачката коалиција, добил 63.113 гласови, или 28,05 отсто, дознаваме од извори на ...
Градската изборна комисија ги разреши дилемите. Во Скопје за градоначалник ќе има и втор круг на локални избори. Излегле 51,96% од вкупно запишаните гласачи. Костовски ја добил подршката од 48,60% гласачи, додека за Пенов гласале 28,05% од граѓаните.
Во првиот круг на изборите за градоначалник на Скопје победи независниот кандидат Трифун Костовски, ова е заедничкиот став на лидерите на здружената опозиција и партиите што го поддржаа Костовски. Тие најавија дека нема да дозволат суспензија на волјата на граѓаните.
Сопругата и синот на Трифун Костовски ја прославуваат победата во пицеријата на нивниот пријател и политички партнер Љупчо Николовски -Фуфо во центарот на Скопје. Победничкото славје почна веднаш откако штабовите на Трифун и на Здружената опозиција објавија дека според нивните бројки Костовски го ...
СПОРЕД ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА КОСТОВСКИ Независниот кандидат Трифун Костовски е победник во првиот круг од локалните избори со освоени 58,29 отсто од гласовите, додека Ристо Пенов, од коалицијата „За Македонија заедно“ освоил 32,92 отсто гласа, информира Изборниот штаб на Костовски на вчерашната прес- ...
ИЗБОРЕН СКАНДАЛ: ШТАБОТ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ ОБВИНУВА ЗА ДРЖАВЕН ФАЛСИФИКАТ Обидот на коалицијата"За Македонија заедно" за спорење на првиот круг е обид за државен фалсификат, се фалсификува излезноста и се фалсификуваат гласовите во Сарај, Шуто Оризари и во Чаир, оценуваат во изб Изборниот штаб на ...
Опозицијата победи, власта не загуби. Помеѓу тие две одредници ред задоволство од текот на изборите, ред хаос поради бавното пребројување на гласовите. Се плашам дека еден ден, кога Македонија ќе спроведе изборен процес како што посакува Европа, не ќе има тело да го прогласи победникот.
РЕЗУЛТАТИ СПОРЕД НВО „МОСТ“ Трифун Костовски, независен кандидат за градоначалник на Скопје, освои 53,76 отсто гласа, а Ристо Пенов доби 31,02 отсто гласа. Гласаа 48,83 отсто од вкупниот број запишани избирачи во главниот град, соопштија од граѓанската асоцијација „Мост“ на вчерашната ...
ПО ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА ПОБЕДАТА НА КОСТОВСКИ ВО ПРВИОТ КРУГ Ќе има ли или ќе нема втор круг од гласањето за градоначалник на Скопје е дилемата што остана отворена вчера до затворање на весникот поради „доцнењето“ со пребројување гласови во седум скопски општини.
Владејачката коалиција тврди дека во Скопје ќе има втор круг меѓу независниот кандидат и досегашниот градоначалник Штабот на независниот кандидат обвини за државен фалсификат ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Владејачката коалиција "За Македонија заедноои вчера ја оспори победата на независниот кандидат за ...
По податоците на власта дека независниот кандидат во Скопје не победил во првиот круг од гласањето Мухиќ: Изразуваме длабока разочараност од обидите на власта да се смени волјата на граѓаните и затоа ќе ги искористиме сите законски средства за да го докажеме ваквиот државен фалсификат СаШко ...
ЛДП Шефот на Изборниот штаб на Ристо Пенов, Андреј Жерновски, вчера негираше дека Пенов се заканувал со напуштање на владејачката коалиција, тврдејќи дека станува збор за чисти шпекулации, кои ги пласирал противничкиот табор.
ВМРО-ДПМНЕ Победата на Трифун Костовски е очигледна, оцени вчера ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа, најголемата опозициска партија го повика Ристо Пенов да го прифати поразот од првиот круг на парламентарните избори за да не биде дел од изборниот фалсификат, во спротивно тој ќе биде обвинет за соучесништво ...
Коментар - Катерина Блажевска И изразувам најдлабоко сочувство на ефикасната администрација во Македонија, која деноноќно го одговараше прашалникот од ЕУ без да се посомнева дека целиот тој труд и европската иднина на земјава само за една ноќ ќе бидат заложени на партиска маса за срамна победа на ...
Водството на кандидатот на опозицијата Трифун Костовски и борбата на Ристо Пенов да влезе во вториот круг на гласање за градоначалник на Скопје е најголемото изненадување на локалните избори, што се одржаа изминатиот викенд. Поразот во првиот круг на гласање во Штабот на Ристо Пенов беше признат ...
Обидот на коалицијата "За Македонија заедно" да се оспорат резултатите од првиот изборен круг, е обид за државен фалсификат, обвинија вчера од штабот на Трифун Костовски. Тие се длабоко разочарани од, како што велат, обидот да се смени волјата на граѓаните и да се фалсификува излезеноста и бројот ...
Трифун Костовски уште од синоќа ја објави и ја слави победата како нов градоначалник на Скопје. Но, утринава ладен туш од власта. Штабот на владеачките партии ја оспорува неговата победа уште во првиот круг. „Во Скопје градоначалник не е избран во првиот изборен круг.
РИСТО ПЕНОВ Ристо Пенов, кандидатот за градоначалник за Скопје од коалицијата „За Македонија заедно“, вчера гласаше во основното училиште „Гоце Делчев“ во скопската општина Центар. - Денеска се заокружува процесот на децентрализација.
Македонија вчера гласаше на третите локални избори за нови градоначалници и советници во 84 општини и во градот Скопје Независниот кандидат води со 1,8:1 пред актуелниот градоначалник на Скопје Катица Чангова-Гордана Дувњак Независниот кандидат Трифун Костовски е во убедливо водство пред неговиот ...
РИСТО ПЕНОВ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Денеска вистински се заокружува процесот на децентрализација, изјави Ристо Пенов, кандидат за градоначалник на Скопје на коалицијата "За Македонија заедно". Тој гласаше на своето гласачко место во основното училиште "Гоце Делчев" во скопската општина ...
ПРВИ НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ СПОРЕД ПАРТИСКИТЕ ШТАБОВИ Штабот на Ристо Пенов синоќа потврди дека Костовски убедливо води во најмногу скопски општини Трифун Костовски, независен кандидат за градоначалник на Скопје, е во убедливо водство пред Ристо Пенов, кандидат на Коалицијата "За Македонија" по ...