Владата не е задоволна од одлуката на Обвинителството да го запечати досието за падот на претседателскиот „Кингер“ како пилотска грешка. На вчерашната седница Владата решила МВР да продолжи со своите предистражни дејствија и повторно да направи обид да ги разубеди обвинителите да го отворат ...
Премиерот Никола Груевски денеска најави дека Министерството за внатрешни работи продолжува со предистражната постапка и оти повторно ќе се обиде да побара од Јавното обвинителство да го отвори случајот со падот на владиниот „Кингер“ во кој загина претседателот Борис Трајковски, членови од неговиот ...
Новите докази што МВР на седми овој месец му ги испрати на Републичкото јавно обвинителство во врска со падот на владиниот "кингер" пред три години кај Мостар, кога загина претседателот Борис Трајковски, колегиумот на државното Обвинителство ги отфрлил.
Обвинителството го отфрли посебниот извештај на МВР, бидејќи нема нови моменти за причините за падот на авионот Гордана Дувњак Нема да има нова истрага за несреќата со владиниот „кингер“, во која на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар загина претседателот на државата, Борис Трајковски, ...
Материјалите за досието „кингер“, што МВР ги доставило до Обвинителството, не нудат нови докази што би биле основа за повторна истрага за падот на авионот, утврдил вчера колегиумот на Републичкото јавно обвинителство. МВР до Обвинителството на 8 февруари годинава доставило посебен извештај за ...
Одлуката на јавното обвинителство дека нема да се отвори досието „Кингер“ ги шокираше семејствата на трагично загинатите. Одлуката на јавното обвинителство дека нема да се отвори досието Кингер ги шокираше семејствата на трагично загинатите.
ЈО утврдило дека посебниот извештај на МВР и доказите кои Министерството ги понудило, не претставуваат доказ кој содржи нови моменти значајни за утврдувањето на причините за падот на авионот. Од МВР официјално не ја коментираат одлуката Јавното обвинителство го отфрли барањето на МВР за покренување ...
Случајот „Кингер“ останува затворен. Обвинителството не смета дека треба да покрене нова истрага. Го одби барањето на МВР. Најновиот извештај на полицијата и изјавата на жител на Ротимље, за македонското обвинителство не биле нови и значајни докази за повторно да се активира истрага за смртта на ...
ИЏЕТ МЕМЕТИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА Сунчица Стојановска Не е точно дека имало преживеани по падот на авионот во кој загина претседателот Трајковски, вели Иџет Мемети, поранешен министер за правда, кој пред три години ги предводеше македонските екипи од иследници, обвинители, судска медицина и ...
ПОЛИЦИЈАТА НЕЗАДОВОЛНА ОД ТРЕТМАНОТ НА НОВИТЕ ДОКАЗИ ОКОЛУ ПАДОТ НА "КИНГЕРОТ" МВР денеска ќе му напише писмо на републичкиот јавен обвинител Љупчо Шврговски со кое ќе го запознае какви опструкции правел заменик - обвинителот Коле Штериев во однос на соработката со полицијата околу поднесените нови ...
Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде сменет заменик-обвинителот , зашто смета дека го попречува собирањето докази со кои треба повторно да биде отворена истрага за авионот во кој загина претседателот Борис Трајковски со осуммина сопатници.
Обвинителството застана зад одлуката на обвинителот Коле Штерјов. По притисокот од полицијата за отворање нова истрага за случајот со урнатиот претседателски авион, колегиумот на обвинителството смета дека службената белешка и телевизискиот прилог што ги доставило МВР не се основа за повторно ...
СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЖИВЕАН ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР Стојанка Митреска Стевчо Јакимовски, кој за влакно ја избегнал авионската несреќа со „кингерот“, сега, три години по загинувањето на претседателот Борис Трајковски и на осум негови соработници, за „Време“ сведочи за денот ...
Одлуката јавниот обвинител да го предлага Владата, а да го избира Собранието „падна“ кога се носеа уставните амандмани и бидејќи стана дел од Уставот , немаше можност за расправа, изјавија вчера обвинителите и експертите што го подготвуваа законот за јавното обвинителство.
Ни новиот закон не ја прекина старата врска помеѓу владата и јавниот обвинител. Експертите, па и самите обвинители, велат дека ова прашање е решено со уставните амандмани кога беше одлучено владата да предлага кандидат за обвинител .
Досието „Кингер“ отвори фронт меѓу полицијата и обвинителството. Министерката Гордана Јанкуловска во писмо адресирано до Јавниот обвинител Љупчо Шврговски реагира дека неговиот подреден Коле Штерјов го минира обидот на МВР... Досието Кингер отвори фронт меѓу полицијата и обвинителството.
ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Јавниот обвинител ќе има право да врши увид во банкарските сметки, ќе врши истраги и ќе ги има сите овластувања на МВР за откривање кривични дела од областа на организираниот криминал. Ова е само дел од новините во предлог-законот за јавно обвинителство, чија верзија ...
Во Министерството за правда вчера беа промовирани Предлогот за донесување на закон за Јавно обвинителство и Предлогот за донесување закон за Совет на јавни обвинители, со кои треба да се обезбеди остварување на функцијата на јавниот обвинител, начинот на кој тој се избира, како и неговите ...
Новина е основање посебно јавно обвинителство за организиран криминал и корупцијата Министерот за правда, Михајло Маневски, вчера информира дека двата закона за Обвинителството се доставени до пратеничките групи во Собранието со цел да дадат определени мислења и сугестии.
Јавниот обвинител и натаму ќе го предлага Владата, а ќе го именува Собранието стои во новиот предлог закон за Јавно обвинителство. Законот треба да му обезбеди поголема независност, автономија и поактивна улога на обвинителството во борбата против криминалот и корупцијата.
Концентрација на моќ и преголеми овластувања со кои тешко ќе се справат обвинителите ако им се даде правото да ја водат истрагата. Концентрација на моќ и преголеми овластувања со кои тешко ќе се справат обвинителите ако им се даде правото да ја водат истрагата.
Во Министерството за правда велат дека само во Македонија истражните постапки ги водат истражни судии, поради што оваа надлежност поминува во обвинителство Увидот во банкарски сметки не претставува банкарска тајна, предвидува новиот предлог-закон за јавното обвинителство.
По неколку месеци подготовка, претставени се двата законски предлози за Јавно обвинителство и Обвинителски совет. За министерот за правда Маневски, со нив се зголемени овластувањата на јавните обвинителства кои досега ги имаше само во законот за кривична постапка.
Македонската полиција побарала од босанските власти пристап на местото каде што на 26 февруари 2004 година се урна авионот на претседателот Борис Трајковски , при што загинаа тој, шест члена на неговата делегација и двајца пилоти.
Јавниот обвинител и натаму ќе го бира Собранието по предлог на Владата. Советот на Обвинители ќе дава мислење за изборот на обвинител, но Владата не е обврзана да предложи нов кандидат доколку обвинителите дадат негативно мислење.