TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нимиц: Грција да го смени името на северниот регион

А1 - 11.11.2007

Нимиц предлага Грција да го смени името на својот северен регион. Веќе да не се вика Македонија, туку да му се стави некоја одредница. Ова денеска го јави грчкиот весник „Етнос“, повикувајќи се на детали од рамката на медијаторот Нимиц предложена во Њујорк.

Предлогот на Нимиц нејасен за Атина

А1 - 11.11.2007

Атина открива две нејасни точки во предлогот на посредникот на Обединетите Нации за спорот со името, Метју Нимиц, објави денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, во предлогот на Нимиц изнесен пред преговарачките делегации на Македонија и Грција на почетокот од овој месец ...

Катимерини: Владата во Атина детектирала две нејасни точки во нацрт – документот на Ними

Канал5 - 11.11.2007

Владата во Атина детектирала две нејасни точки во нацрт – документот на медијаторот Нимиц - пишува „Катимерини“. Во текстот влијателниот весник близок до владејачката „Нова демократија“ тврди дека содржината на драфтот на Нимиц, изнесен на разговорите на почетокот на месецов, не и дава одговор на ...

Дијаспората бара признавање на уставното име

А1 - 10.11.2007

Обединетите Нации да го следат примерот на преку 120 држави од целиот свет кои ја признаа Македонија под нејзиното уставно име, му порачаа на посредникот Метју Нимиц организациите на Македонците од Северна Америка. Првите луѓе на Обединетата македонска дијаспора и Македонско меѓународно движење за ...

Македонија ќе ја добие битката за името (3)

Утрински - 09.11.2007

Анализа ЕРОЛ РИЗАОВ Македонија во овој момент најмалку што треба да прави е да создава амбиент на национални херои и јунаци кои го бранат името на државата дома Македонија ќе ја добие битката за своето име. Тоа историски е неминовно.

Во препознатлив стил

Утрински - 08.11.2007

(Повод: Метју Нимиц не даде нов предлог за името) Наум Николовски, Кавадарци Препознатливи се првите реагирања по информациите за преговорите во Њујорк кај посредникот Метју Нимиц. Се чини дека се преповторува шансата за збунување на политичката јавност и кај нас и надвор.

Државниот врв обединет околу гласно „НЕ“

Време - 06.11.2007

ПО ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД УСТАВНОТО ИМЕ Македонскиот државен врв вчера, пред најавената седница на државниот врв посветена на новиот предлог на посредникот Метју Нимиц за спорот за името Македонија, демонстрираше единство.

Нимиц: Скопје и Атина да го намалат притисокот

Дневник - 06.11.2007

Атина и Скопје мора да ги определат своите приоритети и да го намалат билатералниот притисок пред да биде најден компромис за официјалното име на Македонија, вели посредникот од ОН Метју Нимиц во интервју за атинскиот весник „Катимерини“.

Офанзива за одбрана на името

Дневник - 06.11.2007

Црвенковски, Груевски и Милошоски ќе посетат повеќе земји за да ги изнесат аргументите против менувањето на уставното име на земјава Македонија ќе почне дипломатска офанзива во центрите на светската политика за да објасни со аргументи зошто категорично го одбива предлогот на посредникот Метју Нимиц ...

И Македонија ќе покаже заби

Вечер Прес - 06.11.2007

Ветото за нас ќе значи дефинитивно кршење на Времената спогодба, што би значело дека и другите обврски што произлегуваат од неа, вклучително и нашата обврска да преговараме во ООН, престануваат да важат, порача висок македонски функционер Ако Грција стави вето на нашиот влез во НАТО, тоа Македонија ...

Ако Грција стави вето, Македонија ќе ги прекине преговорите

А1 - 05.11.2007

Ако Грција стави вето на членството во НАТО или, пак, Македонија не добие покана заради нејзината закана за вето, властите во Скопје ќе сметаат дека привремената спогодба е прекршена и дека треба да се прекинат преговорите. Предлогот на Нимиц е неприфатлив и Македонија нема да го смени името ниту ...

Нимиц: Атина и Скопје да ги намалат тензиите

А1 - 05.11.2007

Атина и Скопје мора да ги разјаснат своите приоритети и да ги намалат билатералните тензии пред да биде изнајден компромис за разликите со официјалното име на Македонија, вели посредникот Метју Нимиц во интервју за атински „Катимерини“.

Името е проблем само на Грција

Вест - 05.11.2007

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕГОВАРАЧ АМБАСАДОРОТ ИВАН ТОШЕВСКИ ПОВИКУВА НА ЛАДНОКРВНОСТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ "Не треба да правиме проблем кој го нема. Проблем со нашето уставно име има само Грција и никој друг на светот, па со нервозни изјави и драма само им помагаме на Грците", изјави за "Вест" амбасадорот Иван ...

Тачи и Вејсели не го даваат уставното име Македонија

Вест - 05.11.2007

СРЕДБА НА ГРУЕВСКИ СО АЛБАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ ВО ВЛАДАТА "ДПА цврсто стои на ставот дека Грците немаат ниту историско, ниту политичко право од нас да бараат промена на името Македонија", изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски.

Нимиц: Рамка или јамка за името?

Време - 05.11.2007

СПОРОТ СО ГРЦИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Официјална Атина се уште молчи за предлог-рамката што медијаторот Метју Нимиц им ја достави на двата преговарачки тима во Њујорк. На сајтот на грчкото министерство за надворешни работи се вели дека својот став ќе му го пренесат директно на медијаторот Нимиц, ...

Да за НАТО и за ЕУ, но не по цена на името

Време - 05.11.2007

ПРЕМИЕРОТ СЕ КООРДИНИРАШЕ СО КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Премиерот доби целосна поддршка од своите коалициски партнери за одбивање на предлог-рамката на медијаторот Нимиц во која се бара Македонија во меѓународната употреба да користи различно име од уставното.

Скандалозен и срамен преседан во светската дипломатија

Утрински - 05.11.2007

По повод предлогот на посредникот на македонско-грчкиот спор Метју Нимиц за смена на уставното име на нашата земја за меѓународна комуникација, Друштвото на писателите на Македонија се обрати до сите граѓани на Република Македонија и до сите фактори во меѓународната заедница за да потсети дека во ...

За македонскиот врв, предлогот на Нимиц е неприфатлив

Утрински - 05.11.2007

Првиот македонски преговарач во спорот, Вања Тошевски, вели дека Нимиц не дал предлог за името и дека таа работа самите ја измисливме Она што го загрижува Денко Малески, како што вели, е тоа што Македонија во контекст на домашните збиднувања има разединета македонска политика Менувањето на ...

Македонија го одби Нимиц

Дневник - 05.11.2007

Македонскиот државен врв денеска ќе разговара за стратегијата за понатамошните преговори со Грција Македонија го одби последниот предлог од посредникот Метју Нимиц според кој грчко-македонскиот спор треба да се реши со промена на уставното и историско име на Република Македонија за меѓународна ...

Имаме позиција за името – нема промена

Канал5 - 05.11.2007

„Националниот консензус за уставното име на Република Македонија е темел за македонската надворешна политика и прашање за кое државниот врв ја има целосната поддршка од граѓаните, политичките партии и цивилниот сектор - е заклучокот од средбата Црвенковски – Груевски.

Државниот врв единствен-нема алтернатива за уставното име

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Ако Грција го блокира влезот на Македонија во НАТО, тоа ќе се смета како кршење на времената спогодба од 1995. година и земјата ќе се повлече од преговорите за името. Ова е дел од усогласениот став по денешната средба меѓу претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, по ...

И по цена на НАТО И ЕУ, не го менуваме Уставното име!

Вечер Прес - 05.11.2007

Пред консултациите со шефот на државата, Груевски ги свика лидерите на ПДП и ДПА за Нацрт-рамката за разбирање понудена од посредникот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц. Тие му дадоа максимална поддршка во одбрана на македонската позиција - договор за билатерална употреба, и уставното ...

Државниот врв на консултации за името

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Стратегија за натамошните преговори со Грција за името, ќе разгледува денеска државното раководство а, откако медијаторот Метју Нимиц сугерираше промена на уставното име за меѓународна комуникација. На консултациите треба да учествуваат претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола ...

Нимиц- Атина и Скопје да ги намалат тензиите

Макфакс - 05.11.2007

Скопје/Атина Атина и Скопје мора да ги појаснат нивните приоритети и да ги смират билатералните тензии пред да се изнајде компромис во спорот за името на Македонија, рече посредникот на ОН Метју Нимиц во интервју за Кaтимерини.