TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нападот во Бали го извршија нови милитанти

Утрински - 08.10.2005

Индонезија КУТА БИЧ - Тројцата млади бомбаши-самоубијци кои убија 19 лица во Бали ја претставуваат новата генерација милитанти во Индонезија, изјави вчера Маде Мангку Пастика, началник на полицијата во Бали. Полицијата соопшти дека експлозивите на телата на тројцата кои во саботата се кренаа во ...

И индонезиската војска ги бара организаторите на нападот во Бали

Вест - 07.10.2005

КУТА БИЧ, Индонезија, 7 октомври (Ројтерс) - Војската на Индонезија ќе се приклучи кон масовната потрага по организаторите на бомбашките напади за време на викендот на Бали, соопшти еден висок офицер, а полицијата потврди дека меѓу загинатите има уште тројца Австралијци.

Бали мета на нови бомбашки напади

Вест - 06.10.2005

КУТА БИЧ, Индонезија, 6 октомври (Ројтерс) - Индонезиската полиција вчера ја прошири потрагата по оние кои стојат зад самоубиствените бомбашки напади кои викендот се случија во Бали, а постои стравување дека се подготвуваат нови напади.

Кој ја послушал МКГ - настрадал

Време - 06.10.2005

ПО НАПАДИТЕ ВО БАЛИ Неколку дена пред бомбашките напади во Бали, Гарет Еванс, шеф на Меѓународната кризна група (МКГ), оценил дека исламистичката група Џема исламија повеќе не претставува опасност за Индонезија и за Австралија.

Десетина лица на распит во масовната потрага по бомбашите на Бали

Вест - 05.10.2005

КУТА БИЧ, Индонезија, 5 октомври (Ројтерс) - Индонезиската полиција вчера распитала десетина луѓе во масовната потрага по осмислувачите на самоубиствените бомбашки напади во кои загинаа 22 луѓе на островот Бали, но засега нема уапсени.

За нападите на Бали се распитуваат десетици лица

Утрински - 05.10.2005

По синхронизираните терористички напади во Индонезија во кои загинаа 22 лица Најбараните цели во потрагата низ целата земја се Малезијците Азахари бин Хусин и Нурдин М. Топ, лидери на исламистичката мрежа Џемаа Исламија КУТА БИЧ - Полицијата во Индонезија вчера соопшти дека испрашале десетици лица ...

Австралија предупредува од нови напади на Бали

Утрински - 05.10.2005

Стравувања КАНБЕРА - Австралија ги предупреди туристите од дополнителни терористички напади на индонезискиот остров Бали и ја повика Џакарта да ја изолира милитантната мрежа Џемаа Исламија против која се води истрага за најновите бомбашки напади.

Австралија предупреди на опасност од нови напади на Бали

А1 - 04.10.2005

Австралија предупреди дека постои опасност од нови терористички напади на индонезискиот остров Бали, по атентатите во саботата во кои загинаа 22 лица. Австралиското Министерство за надворешни работи предупреди за можен атентат во реонот Семинак, кој е соседен на Кута.

Тројца бомбаши и 19 жртви

Време - 04.10.2005

СВЕДУВАЊЕ НА БИЛАНСОТ Црниот биланс по саботниот бомбашки напад во индонезиското одморалиште Бали е помал отколку што се стравуваше, во експлозиите биле убиени вкупно 19 лица, без да се сметаат тројцата бомбаши-самоубијци што ги извршиле нападите.

Се трага по идентитетот на бомбашите од Бали

Утрински - 04.10.2005

Полицијата трага по организаторите на експлозиите во Индонезија Објавена е видеоснимка на која лице во црна маица и фармерки влегува во ресторан, а речиси веднаш потоа се случува експлозија БАЛИ - Индонезиската полиција вчера детаљно ја испитуваше аматерската видеоснимка на која еден маж, очигледно ...

Стара локација, нова тактика

Дневник - 04.10.2005

ИСТРАГА ЗА БОМБАШКИОТ НАПАД ВО БАЛИ Терористите што ги извршиле бомбашките напади на туристички остров Бали во саботата користеле поинакви експлозивни направи во споредба со претходните такви акции во Индонезија, заклучија австралиските инспектори вклучени во истрагата, јави Ројтерс.

Австралија можни се нови напади на Бали

Макфакс - 04.10.2005

Канбера Австралија предупреди денеска на можноста од нови терористички напади на индонезискиот остров Бали, каде во саботните самоубиствени атентати загинаа 26 лица. “Можноста од нови напади не е исклучена. Медиумите известуваат за нови терористички закани и анонимни предупредувања“, соопшти ...

Бомбаши самоубијци виновни за експлозиите на Бали

Вест - 03.10.2005

БАЛИ, 3 октомври (Ројтерс) - Самоубијци бомбаши најверојатно стојат зад координираните експлозии на островот Бали кои убија 25, а ранија повеќе од 100 луѓе, соопшти висок претставник на контратерористичката БАЛИ, 3 октомври (Ројтерс) - Самоубијци бомбаши најверојатно стојат зад координираните ...

Бомбаши-самоубијци разнесоа 26 лица

Време - 03.10.2005

НОВИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО БАЛИ, ИНДОНЕЗИЈА Индонезија вчера ја обвинила исламистичката терористичка група Џема исламија, која се поврзува со Ал каеда, за завчерашните самоубиствени бомбашки напади на индонезискиот остров Бали, во кои биле убиени најмалку 26 лица, а повредени 107, јави АФП.

Повторно бомбашки пекол на Бали - 26 мртви

Утрински - 03.10.2005

Три години по стравотните бомбашки напади во Индонезија кога загинаа 202 лица БАЛИ - Индонезиската полиција соопшти вчера дека Џакарта е во состојба на највисока подготвеност по серијата бомбашки напади врз островот Бали претходниот ден, во кои загинаа 26 лица, а 122 други се повредени.

Бомбаши-самоубијци убија 26 луѓе во Бали

Дневник - 03.10.2005

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ИНДОНЕЗИЈА Бомбаши самоубијци завчера се саморазнесоа во индонезискиот остров Бали каде што убија најмалку 26 луѓе, а ранија 130 други, јави Ројтерс. Генералот Ансјад Мбаи, началник на антитерористичкиот оддел на индонезиската полиција, изјави дека тројцата напаѓачи, кои ...

Исламските земји го осудија нападите на Бали

Макфакс - 03.10.2005

Џеда Организацијата на исламската конференција (ОИЦ) синоќа остро ги осуди саботните терористички напади на Бали, во кои, според последниот биланс загинаа 26 луѓе, а повеќе од сто беа ранети. “Ваквите злосторнички дела во целост се спротивни со учењето на исламот и неговите основни начела за ...

Загинаа 25 странци, над 130 повредени

Вечер Прес - 03.10.2005

ЏАКАРТА, 3 ОКТОМВРИ (МИА). - Завчерашните експлозии на островот Бали биле самоубиствени напади кои, најверојатно, се дело на регионалната исламистичка мрежа Џама Исламија, која се поврзува со Ал Каеда, соопшти началникот на антитерористичкиот оддел на индонезиската полиција.