TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ерупција на вулканот на островот во Црвено Море

Утрински - 02.10.2007

Во тек е потрага по преживеани по ерупцијата на вулканот на островот во Црвено Море во близина на Јемен. Западниот дел од малиот Ал-Таир остров, кој се користи како воена база, се урна по ерупцијата, соопшти јеменското Министерство за одбрана.

Јемен ги бара исчезнатите

Вечер Прес - 02.10.2007

Канадската воена морнарица трага по девет исчезнати лица во Црвено Море по активирањето на јеменскиот вулкан, соопштија вчера властите во Отава, известува МИА. Вулканот се наоѓа на островот Џазирт Атта-Ир, околу 140 километри од Јемен во Црвено Море, каде што се наоѓа воена база на ...

Најмалку осум загинати при ерупција на вулкан во Црвеното Море

А1 - 01.10.2007

Најмалку осум јеменски војници загинале при ерупција на вулкан на јеменски остров во Црвеното Море. Ерупцијата се случила вчера на островот Џазирт ат Таир, 140 километри од Јемен. Официјални претставници на властите во Сана претходно соопштија за исчезнување на девет војници.

Канадската воена морнарица учествува во спасувачка операција по активирањето на вулкан во Јемен

Канал5 - 01.10.2007

Канадската воена морнарица трага по девет исчезнати лица во Црвено Море по активирањето на јеменскиот вулкан, соопштија денеска властите во Отава. Отава, 1 октомври (МИА) - Канадската воена морнарица трага по девет исчезнати лица во Црвено Море по активирањето на јеменскиот вулкан, соопштија ...

Ерупција на вулкан близу Јемен, 9 исчезнати

Макфакс - 01.10.2007

Сана Најмалку девет лица се исчезнати по ноќешната ерупција на вулкан кој изби на мал остров во близина на Јемен. Ерупцијата на островот Јазирт маунт ал Таир, кој е наоѓа на 140 километри од Јемен, ја предизвијале земјотреси, соопшти јеменскиот министер за нафта, Калед Бахах.

Четворица војници загинаа при експлозија на вулкан

Макфакс - 01.10.2007

Сана Четворица од осумте јеменски војници кои се водеа како исчезнати, загинале при експлозија на вулкан на островот Џабал ал Таир, кој се наоѓа во јеменските води на Црвено море. Јеменските власти претходно соопштија дека ерупцијата на вулканот ја предизвикале помали земјотреси.