TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

10 години од атентатот на Јицак Рабин

А1 - 13.11.2005

Се навршија 10 години од атентатот врз израелскиот премиер Јицак Рабин, архитект на блиско-источниот мировен процес и човек кој се залагаше за помирување на Евреите и Палестинците. Неговите сонародници денеска излегоа на меморијален марш во чест на Рабин.

Палестинците ќе бараат меѓународна комисија за расветлување на смртта на Арафат

Канал5 - 13.11.2005

Палестинците ќе побараат од Советот за безбедност на ОН да формира меѓународна комисија, која ќе ги истражува околностите околу смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Дамаск, 13 ноември (МИА) - Палестинците ќе побараат од Советот за безбедност на ОН да формира меѓународна комисија, која ќе ги ...

Еден ранет во израелско - палестинска престрелка

Макфакс - 09.11.2005

Ерусалим Едно лице е рането денеска во престрелка меѓу израелски војници и палестински полицајци во градот Витлеем, на Западниот Брег. Според палестински извори, ранетиот е полицаец, додека израелската страна одби да го коментира случајот.

Палестински бубрег ќе спаси Израелче

Време - 08.11.2005

СОЛИДАРНОСТ Родителите на 12-годишно Палестинче што било убиено од израелски војници одлучиле да му го донираат неговиот бубрег на едно болно Израелче, пишува „Индепендент“. - Не ни е гајле дали болниот е Арап или Евреин - изјавиле родителите.

Полициски експерти на ЕУ ќе обучуваат палестински сили

А1 - 07.11.2005

Во период од три години припадници на полициски сили од земјите од Европската унија ќе ги обучуваат палестинските сили за безбедност, изјави синоќа висок претставник на палестинската Влада. Според него, ЕУ денеска ќе одобри план за испраќање неколкумина полициски офицери од држави од Унијата.

Израелската војска застрела двајца Палестинци во Џенин

Макфакс - 07.11.2005

Џенин Двајца Палестинци беа убиени денеска во Џенин од страна на израелската армија, соопштија извори во израелските безбедносните сили. Двајца мажи, чиј идентитет се уште не е утврден, биле застрелани од израелски војници за специјални намени.

Органите на убиено Палестинче донирани на шест Израелци

Макфакс - 07.11.2005

Ерусалим Родителите на застреланото по грешка палестинско момче се согласиле да ги подарат неговите органи за трансплантација на шест Израелци, јавуваат денеска израелските медиуми. Дванаесет годишниот Ахмед ал Хатиб беше застрелан по грешка во судирите меѓу бунтовниците и израелската војска во ...

ЕУ ќе испрати цивилна полициска мисија во палестинските подрачја

Макфакс - 07.11.2005

Брисел Европската унија денеска донесе одлука за испраќање на цивилна полициска мисија со мандат од три години во палестинските подрачја, соопштено е од Брисел. Мисијата ќе има за цел да им помага на палестинските полициски структури при обезбедувањето на стабилноста и безбедноста.